логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Oче архимандрите, би Ве замолил да кажете неколку зборови за Вашиот духовен  живот, за искушенијата кои Ве напаѓаа, за тоа како ги совладувавте?

      o.tadej6.jpg

 Кога бев поставен за старешина во манстирот Покајница, тешко ја примив таа должност. Се плашев од опасностите и искушенијата кои ми ги приредуваа жителите околу манастирот. Тогаш Господ ми се јави и ме прекори. Јас одеднаш се најдов пред Него. Гледам: Господ на Себе има епитрахил, омофор преку рамената и преку омофорот уште еден епитрахил. Јас стојам пред Него и Он вели: " Зошто војуваш кога немаш послушност! Каде и да беше поставен за старешина, им здосади со молбите да те разрешат. Тоа не смееш веќе да го правиш. Знај дека секое дадено послушание треба да се изврши со многу љубов, ревносно и предадено, не обрнувајќи внимание на зависта и на злобноста која кружи и напаѓа". Тогаш три пати ме прекрсти од глава до петици, го зема епитрахилот, и го стави на мене: "Тоа е крстот кој мора да го носиш".

        Секогаш ми беше тешка старешинската должост бидејки морав своите мисли да ги врзувам за грижите околу материјалните работи, за браќата, луѓето... Тука секогаш ја губев онаа бесплатна благодат која ја здобив кога бев искушеник. Тоа создаваше нови проблеми во мојот духовен живот и го нарушуваше моето телесно здравје. Белите дробови ми оздравеа, но се појави нова болест, нервите ми попуштија. Многу време ми требаше додека да се навикнам да се опуштам. Лекарите ми даваа антидепресивни лекови, но тие ништо не ми помагаа. Ме советуваа да се опуштам, да бидам самиот на себеси лекар. И Господ погледна на мојата невоља, ми ја испрати Својата сила и јас успевав се повеќе да се опуштам. Но, и денес кога премногу ќе дозволам материјалните и другите животни грижи да надвладеат, тешко доаѓам до опуштеност, до потполна предаденост на вољата Божја, и тука настанува изворот на мојата напнатост и нервоза.Да ја немав како искушеник здобиено бесплатната благодат, старешинската должност не би ми била толку тешка. Кога ќе ме оковаат овдесветските проблеми, го губам мирот, нервозата и немирот се вселуваат во мене. Станувам напнат и нервозен.

        Еднаш го молев владиката да ме испрати на парохија, си мислев: можеби ќе ми биде таму полесно, можеби таму ќе го најдам својот мир. И владиката ми ја даде парохијата Влашки дол. Но испрати го ти каде што сакаш нервниот болен, никаде нема да му биде добро. Таму во парохијата ми беше уште полошо. Имам преосетлива природа и многу ме погодуваа невољите и проблемите на парохијаните, како и нивните гревови. За кратко време мојата состојба уште повеќе се влоши, срцето почна да ми чука како на зајак. Цела ноќ и цел ден не можев да се опуштам па одлучив да одам во манастир, да не умрам во парохијата. Дојдов во Витовница, тука еден мој ученик ме исповеда и ми даде ќелија да се одморам. Кога се разбудив наслушнував дали срцето уште работи така забрзано. Ништо не слушам, фала му на Бога, се смири. Тогаш во умот слушам зборови: "Така треба да се опушташ. Не ги земај премногу на себе  грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди".

o.tadej8.jpg
      Во манастирот Миљково сте ги доживеале најубавите моменти во својот духовен живот. Кажете ни нешто за старешината на тој манастир, о.архимандрит Амвросиј?
    О.архимандрит Амвросиј беше човек со свет живот. За време на револуцијата бил прострелен во градите и му пострадало белодробното крило. Никогаш тоа не го залечи, а раната предизвика туберкулоза и тој како млад човек се упокои. Беше ученик на познатите старци на Оптинската пустина, а посебно имаше љубов кон Амвросиј Оптински, кој што го потстижил во монашки чин. Од него избиваше посебна љубов, неверојатна и непоматена. Тој од старците од Оптинската пустина го зел тоа што е најдобро: љубовта. Во својот живот ја внесе таа сеопфатна љубов. Беше просто неверојатен, го пленеше секој  со кого што ќе разговараше, или само ако му беше во друштво. Никогаш ниту на еден монах или послушник му се немаше разлутено, ниту пак имаше изречено барем еден прекорен збор. Трпеше многу, но се простуваше. Сите грижи и проблеми ги положуваше пред Господ и на Него единствено се надеваше. Се трудеше таа особина да им ја пренесе со својот пример на браќата, и многумина од него научија како да ја негуваат таа сеопфатна и безстрасна љубов во секојдневноит живот. Јас и самиот ја почувствував таа необјаснета негова љубов која  тој ја поседуваше и која ја пренесе на тие браќа кои сакаа да ја наследат   Кога дојдов во манастирот Миљково, првото послушание ми беше да го чувам лозјето. И како што бев склон кон спиењето, задремав, а крадците дојдоа и го искрадоа грозјето. Кога се разбудив, гледам дека го нема грозјето. Се уплашив и со страв очекував економот да дојде на лозјето. Дојде економот, виде се и- ниту збор да ми рече. Ништо! Грозјето од лозјето искрадено, а тој ни збор. Утредента повторно дојде и ми рече: "Томушка"- така ме викаа како искушеник -"бачушка благослови да ти дадам ново послушание. Ќе ги чуваш овците и козите на ливадата околу Морава". И така јас станав чувар на овци. Но повторно забрљав.

     Ми дадоа да учам читање на часослов додека ги чувам овците, а јас читајќи часослов пак задремав. Кога се разбудив, погледав каде се овците, а тоа остана само една стара коза. Сите други некаде отишле. Брзо станав да ги побарам каде се. Кога, тие, отишле на нивата, ја пробиле оградата на едно место, влегле и го изеле целиот грав на домаќинот. А козата, кога виде дека јас трчам кај овците, и таа потрча по мене и за малку целосно ќе ја срушеше оградата. Виде после домаќинот што му направиле овците и козите и, нормално, отиде во манастирот да се пожали на о.архимандрит.

      Тој му рече на економот да ја подмири штетата на домаќинот и со тоа се се заврши. Мене барем некој да ми речеше нешто, ама баш никој! Утредента повторно дојде економот и вели: "Бачушка благослови ново послушание за тебе. Сега ќе ги чуваш кравите на друга ливада".

   Меѓутоа, приказната се повтори. Имавме шест крави, а меѓу нив една беше постара  која сакаше да се поткрадне и да направи штета. Додека ги чував кравите, внимателно ги броев за да не ја повторам истата грешка. Понесов со себе и часослов, и го читав од време на време. И така, додека читав, таа старата крава успеа да се искраде и да отиде во бавчата која беше недалеку од ливадата. Читајки така јас повремено фрлав поглед на кравите и мислев дека сите се на број. Еднаш случајно внимателно ги пребројав и гледам дека ја нема таа старата крава. Се потресов и потрчав да ја побарам. Кога погледнав по бавчите, таа веќе беше во третата и целата зелка ја изгризала и ја изгазила. Домаќинот повторно се жалеше, и повторно дојде економот. Новото послушание ми беше во трпезарија и во црква.

        Тоа е само еден дел од искушенијата кои о.архимандрит Амвросиј ги покриваше со својата неизмерна љубов. Имаше тука и многу полоши и поболни, но о. архимандрит секогаш одговараше само со својата љубов. Еден монах кој што некогаш бил губернатор, окружен началник – а тоа во Русија било голема личност – сакаше многу да пие. Знаеше да го напушти манастирот и да отиде на село, и по една недела да го нема. Мораше старешината да го побара и да го врати. Пие и само пие, а о.архимандрит да му каже барем еден збор за тоа што го прави – ништо. Се покрива со љубовта како ништо да не било.  Се гледаше дека трпи и страда за се, но никому ниту еден збор да рече. Доаѓаше во црква на богослуженијата секогаш прв и ќе застанеше покрај игуманскиот стол. Се гледаше дека просто е искршен од грижи, но никому ништо да му каже, се положуваше на Господ. Никогаш никого немаше казнето. Никому дури ни лоша мисла му немаше упатено, ни прекорлив поглед, ниту било што. Секого го љубеше таков каков што е и се молеше на Бога Тој да го просветли. Со својот пример на живеење најмногу поучуваше и настојуваше секого преку тој пример да го доведе на патот на спасението. Навистина, исклучителна душа беше о.архимандрит Амвросиј, полна со љубов и умиление. Штета што болеста прарано го однесе од овој свет.

o.tadej7.jpg

          
          Оче архимандрите, кај Вас во манастирот Витовница доаѓа многу народ кој бара утеха. Ве молам да ни кажете како и кога тоа започна? .............

Подготви: С. Стефановска 

Друго:

Монашкиот пат на Старец Тадеј (4-то продолжение)

о.Тадеј-„Штом вниманието ни се одврати од Господа ние го губиме внатрешниот мир“ 
Монашкиот пат на Старец Тадеј (продолжение)
Монашкиот пат на Старец Тадеј

+++

О.Тадеј: „Мислев дека сите монаси, свештеници и епископи имаат бесплатна благодат...“ 
Отец Тадеј- Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење...

О. Тадеј- Мислениот хаос кај нас и во нашата држава доаѓа од нашите мисли 

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная