логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


(Мудр. 1; 3)

Отец Пајсиј секогаш нè поттикнуваше позитивно да размислуваме. Но позитивните мисли не треба да ни бидат крајна цел. Нашата душа мора да биде очистена дури и од нашите позитивни мисли и да биде оголена, имајќи ја како своја единствена одежда Божјата благодат која ни е дадена на Светото крштение. Обично велеше „наша цел е во потполност да го потчиниме својот ум на Божјата благодат. Единствено што бара од нас Христос е смирение. За другото се грижи Неговата благодат.

На почетокот треба своеволно да се обидеме да развиеме позитивни мисли кои постепено ќе не одведат кон совршеното добро, кон Бога, на кој му припаѓа секоја слава, чест и поклонение. Нас, напротив ни припаѓа само понижување на нашето суетно однесување“.

„Секогаш треба да бидеме внимателни и да се замислиме над природата на своите помисли. Кога некој е обземен со својот начин на мислење и има доверба во него, лесно може ѓаволот да го соблазни, кој е способен да не направи лукави, дури и ако по природа сме простодушни.

Старите отци никогаш не верувале во сопствените помисли. Се молеле на Бога дури и кога биле во прашање мали проблеми на кои требало да добијат одговор или пак постеле за на некој начин да ја ’принудат’ Божјата благодат да им открие одговор кој е во согласност со Божјата волја. Одговорот го давале откако ќе ја добиеле ’информацијата’.

Кога во наше време некој има сериозен проблем и бара совет ние веднаш му нудиме одговор дури и пред да го постави прашањето. Во тој случај не само што не чекаме помош од Божјата благодат, туку ја злоупотребуваме и логиката која ни ја дарувал Бог. Со нас управуваат нашите сопствени мисли и ние ни најмалку не се двоумиме да се потпреме на нив, што често не доведува до поразувачки резултати од своите постапки“.

„Скоро сите ние нашите помисли ги сметаме за едноставни и природни и затоа спонтано се потпираме на нив. Напротив, ние не би требало да имаме доверба во нив ниту да ги прифаќаме. Во својот ум или срце не би требало да имаме ниту една мисла, ниту добра ниту лоша, зашто тоа место во нас му припаѓа на Божјата благодат. Наша обврска е да го чуваме чисто, не само од мисли туку и од најблагото и најнезабележливото колебање на духот. Тоа можеме да го постигнеме единствено ако пламено го сакаме Христа и без двоумење веруваме во Него. Така ќе се здобиеме со смирение и Божјата благодат ќе се обнови во нас, зашто таа се дарува единствено на смирените: Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат (1. Петр.5; 5)“.

„Мора да имаме позитивни мисли, инаку никој од духовните отци, па дури ни светителите не ќе можат да ни помогнат. Кога Христос беше на Крстот и кога се случуваа сите тие ужасни нешта, со Него биле распнати и двајца разбојници: А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час (Мк. 15; 33) ... И ете, се расцепи завесата на храмот две - од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи се распаднаа; и гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; па кога излегоа од гробовите, по воскресението Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина (Мт. 27; 51–53). Секој од нив имал различен став кон Него, иако и двајцата беа покрај еден, ист Бог, Бог кој никој не прекорил или осудил макар и за најмал грев. Туку, Тој им помагал на многу луѓе. Некои беа исцелени од лични болести, некои се воскреснати, и сите тие чуда се случувале пред очите на јавноста, а сега дури и природата се побунила против неправдата која Му е направена.

Разбојникот, распнат на левиот крст во својот ум изградил, фабрика, која правела само негативни мисли. А еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас! (Лк. 23; 39). Иако можел да види што се случува околу него никогаш не се запрашал за тоа. Оној од десната страна кој размислувал позитивно реагирал вака: А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден? Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Тој ништо лошо не направил. И му рече на Исус: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое! (Лк. 23; 40-42). Двајцата разбојници помеѓу себе го имаа распнатиот семоќен Бог, Кој можел да им помогне. Негативниот начин на размислување на разбојникот од левата страна го спречи Бог да му помогне. Додека оној од десната страна, кој направил страшни злочини и за нив бил праведно казнет, бил во состојба да го ’крене’ Исус со својот позитивен став: Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот! (Лк. 23; 43).

Треба да имаме на ум дека Бог ’не може’ да ни помогне дури ако Тој и навистина сака, додека не се здобиеме со позитивен начин на размислување.
За духовниот развој на монахот – ученик поважно е да развие добри мисли отколку да го води духовен отец кој го сметаат за светител...“

Гледајќи на оваа тема од другата страна, старец Пајсиј ја истакнувал и ја нагласувал посебната особина на љубовта односно, љубовта не се срди, не памти зло (1. Кор. 13;5). Обично велел „никогаш, ни во најлошите прилики не треба да им дозволиме на лошите мисли да продрат во нашата душа. Личноста која во сите прилики размислува позитивно секогаш ќе биде победник. Нејзиниот живот ќе биде постојан празник. Нашите постапки се зависни и предодредени од ’машината’ која ја имаме во себе, а не од ’материјалот’ кој го внесуваме или од околината во која живееме.
Ќе кажам еден пример за подобро да ме разберете што сакам да кажам.

Ако некој има машина која произведува куршуми и ја ’храни’ со најквалитетен материјал да речеме со злато, машината сепак тоа злато ќе го претвори во куршуми – златни, но смртоносни куршуми. Ако ја храни со сребро, тогаш ќе направи сребрени куршуми; а со железо – железни, а ако ја храни со глина тогаш куршумите ќе бидат глинени. Со други зборови, без разлика со кој материјал ја храниш машината, таа сепак ќе создава куршуми, зашто е направена да ги создава тие смртоносни производи. Доколку некој направи машината наместо куршуми да произведува свети путири, тогаш без разлика на материјалот со кој се ’храни’ ќе произведува свети путири. Ако во машината се стави глина или железо, таа ќе произведе глинени или железни путири.

Сега ќе ви раскажам за еден многу стар монах од Капсала. „Машината, на овој старец била од оние кои создаваат само позитивни мисли. Во животот ги гледал само добрите нешта и бил слеп за секое зло. Во една прилика го посетила група луѓе и му донесле подарок, мал радио апарат. Стариот монах го зел во рацете и го проучувал со одушевеност. Ги прашал каде е произведен, а посетителите му одговориле дека е направен во Јапонија. Додека го гледал, одеднаш се исполнил со радост и почнал да го бакнува радиото велејќи: ’Слава Ти Боже!’ Посетителите го прашале зошто го слави Бога, а тој им објаснил:
’Јас сум многу среќен што јапонските христијани го ставиле знакот на Светиот Крст на производот кој го направиле!’
Стариот монах го видел обележувањето за позитивниот и негативниот пол (+ и -) на батеријата и помислил дека тоа е знакот Свет Крст. Неговиот ум создавал едноставна и позитивна мисла за радиото кое му го донесле посетителите. Да земеме во предвид дека тој бил подвижник и можел да развие негативна мисла и да се разлути на нив зошто му донесле непристоен подарок.
Некој го прашал истиот монах зошто се прекрстува кога ќе види авион, а тој простодушно одговорил: ’Зар не гледаш, чедо мое, дека неговиот облик потсетува на Светиот Крст?’
Стариот монах ги уништувал негативните мисли врзани со појавата на авионот, како што се на пример, војните и бомбардирањата. Неговиот ум го привлече со сличноста со Крстот. Изгледот и вревата на авионот направиле тој да помисли на Христовото Распетие.“

***

„Пред неколку години бев во Атина по некоја работа и престојував во домот на еден брат, христијанин. Местото каде што живееше беше многу бучно, со оглед на тоа што куќата беше недалеку од главниот пат. Пријателот ми кажа дека навечер тешко заспива поради што почнал да зема и апчиња за спиење. Откако вечеравме ме одведе во собата и ми рече:

’Старче, ова е вашата соба и се надевам дека ќе успеете да заспиете и покрај сообраќајната бучава’.
Другиот ден кога излегов од собата, пријателот ми рече:
’Поради оваа страшна бучава цела ноќ не можев да заспијам, а Вие?’
’Никогаш не сум спиел толку добро, дури ни на Света Гора’.

Му раскажав што се случуваше од моментот кога влегов во собата. (Во тоа време беше Виетнамската војна и на вестите секој ден слушавме страшни стории, поради што се молев на Бога да им помогне на луѓето во Виетнам).

Кога влегов во собата клекнав покрај креветот. Ги ставив рацете и главата на креветот и почнав да се молам за сите војници кои се борат и гинат во Виетнам. Можев да ја слушнам бучавата од сообраќајот, но мојот ум беше насочен на војната во Виетнам и ја преобратив бучавата од сообраќајот во звуците од тенковите додека рушат згради и убиваат луѓе. Во еден момент помина мотор од што се тресеа и стаклата на прозорците; веднаш таа врева ја поврзав со авионите кои го бомбардираат Виетнам и можев да видам како убиваат беспомошни деца и старци. Во себе почувствував голема болка и почнав да плачам поради ситуацијата во Виетнам. Се презирав себеси што уживам во раскошот на вкусниот оброк и чистата соба, што немам никакви проблеми. Додека плачев се исполнив со тивко духовно спокојство и најпосле заспав покрај креветот. Сообраќајната бучава воопшто не ме вознемируваше затоа што моите мисли беа насочени кон напатените луѓе во Виетнам.

И вие можете да го направите истото: мислете на војните, за луѓето кои ги убиваат или умираат од глад, за бомбардираните куќи; помислете и на тоа дека живеете во раскошни домови, дека уживате во изобилство храна, дека имате работа, дека сте сигурни и спокојни. Во тој случај споредувањето на сообраќајната бучава со војната ќе ви биде многу добра причина да го славите Бога, но и да не земате апчиња за спиење. Постои само едно решение: мислете позитивно“.

***

„Отец Пајсиј, шетајќи се по солунските улици се соочив со следниот проблем: сретнав многу просјаци, и тоа повеќето беа жени со деца во рацете. Тврдеа дека децата им се болни и дека им е потребна парична помош. Секогаш во такви прилики помислувам дека ме лажат. Што би направиле Вие во таква ситуација?“

,,И јас исто така сретнав една од тие жени и побара да ѝ помогнам. Истиот момент се сожалив за нејзиниот проблем, но во мене имав малку пари. И дадов 500 драхми и ѝ реков: ’Простете ми ве молам, зашто немам повеќе пари. Јас ќе ви ја дадам својата адреса, така што можете да ми пишете и да ми ја пратите вашата адреса. Кога ќе се вратам на Света Гора ќе се обидам да соберам пари и да ви ги испратам’.

Ја зеде мојата адреса и почувствував дека ја трогна мојата понуда. По некое време добив писмо од неа, но во него не беше нејзината адреса. Наместо тоа ми ги врати 500 – те драхми кои ѝ ги дадов. Ме молеше да ѝ простам што ме донесла во тешка ситуација, а и ми благодареше за мојата љубезност.

Верувам дека ако човек развива позитивни мисли нема да биде губитник, зашто Бог Кој ги познава намерите на сите ќе биде праведен кон нас“.
Еден новинар кој за сè имал негативен начин на мислење го посетил старец Пајсиј. Почнал да го испрашува Старецот за разни нешта наведувајќи го да се чувствува неудобно. Така во еден момент го прашал:

„Зошто седите тука, чувствувајќи се безгрижно во мирот и спокојството на Света Гора, а не одите во светот да им помогнете на луѓето кои имаат толку многу проблеми?“

Старецот, благо го зголемил тонот и му одговорил:

„Машината на вашиот ум е скршена и создава само негативни мисли. Погрешно разбирате сè што ќе видите и слушнете. Вие на пример, сега гледате дека живеам овде и прашувате зошто не одам во светот. Кога би живеел во светот вие би рекле дека не му личи на монах и дека треба да се вратам во тишината на својата ќелија. Од тие причини ќе ви речам само едно нешто: поправете ја расипаната машина на својот ум и имајте ја на ум старата изрека дека семафорите се направени за бучни улици, а светилниците за осамени, карпести планини“.


Подготви: Жаклина Стојановска


(Од книгата: Солзи за светот,
Старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

Посети:{moshits} 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная