логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Протопрезвитер Михаил Кардамакис

Несреќата на современиот човек

mihail_kardamakis.jpg
mihail_kardamakis.jpgАпокалиптично е тврдењето дека во нашата епоха „не умре само Бог, туку и човекот“. Ваквото убедување, набљудувано од друг аспект, е резултат на горделивоста на нашиот век, на триумфот на демонските искушенија, зашто негирањето на Бог и Неговото отсуство од светот требаше да претставува ослободување за човекот, кој, пак, во своето постоење е карактеризиран како семоќен.

Меѓутоа, наместо ослободеноста и семоќноста на човекот, во светот владее ропство, осаменост, опустошеност, немоќ, очај и изгубеност, зашто губењето на Бога има своја директна последица – погибел на човекот. Негирањето на Бога од страна на човекот, кој мисли дека може да оствари независност за да живее како човек, носи последица – не постојат луѓе кои живеат човечно, со оглед на тоа дека кај истиот тој човек се исклучува верата и во самата човечност. Верата во човекот, во сета негова длабочина, не е хуманистичко заговарање за некаква површна човечност, туку самата вера во Бога, Кој е тајна и мерило за величието на човекот. Тоа е верата во Богочовекот Христос, Кој човекот го прави целосен и го спасува, го воздигнува во слободата и во вечноста.

Ако човекот постои, тоа е заради тоа што Бог постои. Митот за „смртта на Бога“, кој разочара многу теолози и христијани, и како исход ги имаше нивната конфузија и страв, е случај сам за себе, што со своите трагични последици го карактеризира и издвојува нашето време, и го открива како епоха во која се понижува човекот, се поништува животот, каде историјата ја губи смислата, а иднината се осуетува. Зборувајќи со јазикот на Светото Писмо, после „смртта Божја“ човекот не започнува да владее со светот, не се заснова неговото владеење со светот – царството на самообожувачкото битие, за кое наводно не важат никакви закони и ограничувања. Напротив, се воспоставува изопачена реалност во која владее хаос, темнина над бездната, простор на небитијата, науката на нихилизмот, на обожавање на идолите, на вештините на сатаната - со еден збор, смртта на човекот.

Движењето од богоцентричност кон човекоцетричност, од Богочовекот кон човекобогот, за свое конечно достигнување ја има самозатвореноста на човекот во сиромаштвото на самодоволноста, оставеноста во ништожност и бескрајни безизлези, деформирањето во идол помеѓу безбројните идоли, трансформацијата во уплашено и немоќно битие, губење на можноста да го оствари своето назначување и да му даде смисла на светот. Човекот на нашиот век, „надчовекот“ (мит кој ја заведе современата епоха), се покажува како победен од самиот себе, немоќен и опасен во својата семоќ. Тој се препознава како најпроблематично и најнесреќно битие – разголено, опустошено, напукнато и распадливо, отуѓено и очајно, без човечка уникатност и таинствена димензија, без смисла и иднина. Исцртувајќи ја кривата линија на својата автономност и самообожување, човекот открива дека е сам и беспомошен. Тој е „заведен од самиот себе, без надеж за спасение“. И бидејќи е сам, „тешко нему кога ќе падне, зашто нема кој да го подигне“.
Срцето на современиот човек, во себе носи духовна пустош и напукнатост, смртна болест која сигурно не се лечи преку современата култура и хуманизам. Зашто тие настануваат по мерка на човекот или се развиваат само до пројави затворени во себе, изразувајќи ги ограничените човечки можности. Оваа немоќ не се исцелува со помош на знаење и наука, кои отуѓени од смислата и мудроста, водат кон рационалистичка и технократска организација на животот, што секогаш е тиранска и нечовечна. Не се исцелува со самозадоволството и блудот, тоа лажно чувство со кое човекот се обидува на сопствениот живот да му даде одредено значење. Особено блудот, како императив на арогантната желба, што го развива индивидуализмот и воспоставува монопол над самообожуваното его, се трансформира во безлична, површна процедура на тирански врски, обележани со печатот на бедата и мерата на смртта.

Безизлезот на современиот човек не се лечи со магија - современата техника и нејзиниот рај, зашто техниката, одвоена од духовните длабочини на нештата, достигнува до угнетувачко и уништувачко господарење над човекот, лишувајќи го од креативните препреки и можности за личен живот. Невнимателниот и незаштитен човек таа го сместува во една толпа - безлично општество, општество на индустриско производство и изобилство на потрошувачките добра,  леснотија и удобност, каде тој се уверува во својата минијатурност и во пропаста на животот, хранејќи се со разорителна здодевност и чмаење. Човекот станува уверен дека не е ништо друго освен делче од една машина, карика во механизмот на производството и потрошувачката, а животот – микро претпријатие за преживување и одржување.

Свети Исаак Сирин пророчки зборува за проблемот на техниката и мудро предупредува за нечовечните и катастрофални последици од рационалистичката и технократска организација на животот: „Телесното знаење, кое ја отфрлува верата и принесувањето на човечките нешта на Бога, кое е безумно во своето потпирање на разумот и дрско вообразено во поглед на својата семоќ,  оголено од божествената грижа и сиромашно во својата светска ограниченост, не може да му понуди на човекот ништо друго освен трајна вознемиреност и страв. Тоа не нуди ништо освен богатство, суета, украсување, телесно блаженство и разумска мудрост, кои се соодветни за управување со посветовениот свет и кои раѓаат обновување на изумите, вештините и знаењето. Човекот што му служи на ова знаење станува заробен од малодушноста, жалоста, очајанието, демонскиот страв, чувството да не биде искраден, смртните закани, грижите заради немоќта и немаштијата, грижите за задоволување на потребите, стравот од смртта, страстите и злите бруталности“. Едно такво знаење не прави ништо освен што смислува лудости. Тоа ги надминува сите лукавства. Кога ќе ги исцрпи сите свои начини на вештини, се бори со луѓето, со оние кои го спречуваат и му се спротивставуваат.

Духовната сиромаштија што многу пати се открива во интелектуалната скудност и се храни со современите средства за масовно информирање, не се исцелува од никаква идеологија, а особено не со комунистичката и фашистичката идеологија, кои ја уништуваат не само духовноста, туку и човечноста на човекот. Живееме во време на лекомислено производство на идеологии во кои луѓето ги облекуваат своите нечовечки мисли и тирански погледи. Не сме далеку од вистината ако кажеме дека идеологиите – човечките производи и конструкции – претставуваат насилство, вештина со која се обидуваат да ја премолчат суровоста на рационалистичкото и механистичкото организирање на животот, за да се разубави лагата и нечовечноста, безумството на нечуени злодела, злоделото на тоталитарниот режим.

Конечно, духовниот пад не се лечи со оддалечувањето од ова, колку – толку христијанизирано човештво на христијанскиот Запад, и движење кон источњачкиот мистицизам или источњачката магија, со експанзијата на „јогата“ и „гуруата“, со кои оние што се „од овој свет“, и „среќниците“, се обидуваат да се излечат од психичките трауми, да се ослободат од смртноста, од изобилството и безизлезот на празното секојдневие, јадот и бедниот живот. „Духовноста“ на тие „источњачки религии“, формира знаење без објективни критериуми, трагична и давеничка затвореност во егото. Оваа духовност воспоставува искуство, во кое отсуствува личниот размер, силната одлука човекот да го надмине својот егоизам, да излезе од самиот себе и да стане соборен и историски одговорен.

Извор: Бигорски манстир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная