Низ цела Русија во тек е акцијата „Русија за живот! Русија без абортусот!“ (05.06.2012 17:08)
На 1 јуни, на Денот за заштита на децата, стартуваше општоруската акција „Русија за живот! Русија без абортусот!“, којашто ја координира Синодскиот оддел за работа со младите при Руската Православна Црква во сите федерални области на Русија.
Во рамките на акцијата, во текот на неделата, во поголемите градови во Русија ќе се спроведуваат различни активности, насочени против абортусот, а за промоција на семејните вредности. Оваа година учеството во акцијата е потполно слободно, во секој регион младите и јавните организации во рамките на акцијата составија своја програма – од дистрибуција на литература и брошури, дебатни собири, маршеви, митинзи, на коишто ќе се пропагира отфрлање на абортусот, до концерти и тетарски претстави.
Сите учесници на проектот „Русија за живот! Русија без абортусот!“ ги обединуваат неколку заеднички барања: да се запрат рекламите со средства за прекин на бременоста, затворање на приватните ординации каде се извршува абортусот, зголемена пропаганда против абортусот и барање прекин на неговото финансирање од страна на државата.
Со барање законски да се запре вештачкиот прекин на бременоста, на демонстрации настапи православната младина од Биробиџан. Масовен марш против абортусот имаше во Вилнус. Во Москва, Калининград, Курск, Муром и некои други градови се одржаа карвани за заштита на животите на новороденчињата, во коишто земаа учество свештенослужители, студенти волонтери, педагози и студенти на неделните училишта, семејства со деца и претставници на јавни организации. Во Новочеркаск организаторите на акциите запалија свеќи во спомен на абортираните деца.
Исто така, беа организирани бројни настани за поддршка на семејствата, многудетните жени и жените кои се соочуваат со проблемот на зачнување. Во православните парохии низ целата земја се спроведе собирање на помош за добротворни цели, беа подготвени семејни претстави, концерти и фестивали.
Во рамките на акцијата православната младина, исто така, активно работеше на социјалните мрежи: тие не само што распространуваа информации против абортусот, туку и ги повикуваа корисниците на интернетот да напишат жалба до Државната дума со барање да се внесат измени во законот во делот за ограничување на рекламите за абортус, ликвидација на приватните ординации кои извршуваат абортус и спроведување на истото во јавните болници.
Акцијата беше поддржана од Комитетот при Државната дума за јавни здруженија и верски заедници, како и за широкиот спектар на јавни и младински организации. Низ цела Русија акцијата се спроведе во повеќе од 50 региони.
Извор: Православие.ру
Преземено од: МПЦ-ОА