логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПРЕДГОВОР
Чудни и пречудни се промислувањата Божји и полни се со неодгатлива таинственост. Човекот во животот се подготвува за едно, но провидението Божјо го насочува и издигнува во нешто сосема друго.
Таков е случајот и со Архиепископот Ангелариј. Потек- нувајќи од свештеничко семејство, тој од млади години се опре- делил да ја продолжи пастирската мисија на својот татко, свештеникот Костадин. Можеби никогаш и не помислувал на монашко живеење, а уште помалку на архиерејско достоинство. Па, откако ја завршил Богословијата, формирал семејство и ста- нал парохиски свештеник.
Дури како овдовен свештеник и монах, на 64 годишна воз- раст, Црквата го повика да прими архиерејски чин, а само шест години потоа, беше избран и за нејзин Поглавар, во кое досто- инство служеше нецели 5 години, до неговото упокојување.
Како втор поглавар во возобновеното постоење на Маке- донската Православна Црква, Архиепископот Ангелариј на тро- нот на охридските архиепископи застана после една силна лич- ност, каква што беше блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј, во чие време се возобнови нашата Света Црква и се конституираа сите нејзини тела и органи.
Архиепископот Ангелариј достојно и ревносно го продол- жи црковното и семакедонско дело на Архиепископот Доситеј. Тој беше човек и пастир, кој својот живот исцело го посвети во служба на воскреснатиот Христос и на воскреснувањето на својот македонски народ.
Препорачувајќи го овој избор од словата, беседите, про- поведите и други негови искажувања и пораки, сакаме да го до ближиме неговиот збор и до современите читатели, зашто тоа е збор на црковник и родољубив архипастир.

Arhiepiskop.Angelarij2.jpg

 

 


 

Архиеиискои Охридски и Македонски Ангелариј


ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, HA СЕТО СВЕШТЕНСТВО, ПРЕПО- ДОБНОТО МОНАШТВО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ИМ ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ТОРЖЕСТВЕНИОТ И НАЈРАДОСЕН ХРИСТИЈАНСКИ ПОЗДРАВ
Христос се роди!
„ Спасение им испрати Господ на сите луге“
(Причесен)
Светата Православна Црква денес торжествува. Торжествува сиот православен род, прославувајќи го величествениот спасител и радосен настан - доаѓањето во светот на Сонцето на правдата - на Христа, нашиот Бог и Спасител.
Се исполнија очекувањата на народите (1Мој. 49:10). Бог, според Својата неискажлива љубов спрема луѓето, „Самиот Себеси се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето“ (Филип. 2: 7), за да ги земе врз Себе гревовите на целиот свет и да ги понесе човечките немошти. Се роди во тело - заради нас луѓето и заради нашето спасение.
Ангелите Божји, нашите небески закрилници и благовес- ници, први го прославија овој вечен настан со небесен восклик, пеејќи ја химната на љубовта и мирот: „Слава во висините на Бога, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“ (Лк. 2:14). Ангелите Му принесуваат пеење, небото - ѕвезди, мудреците - дарови, пастирите - чудо, земјата - пештера, пустината - јасли; а ние, пак - Мајка Дева“ (стихира на Г. возвах). На тој начин, се што постои - целата природа, Му се поклони и го прослави раѓањето
во тело од Мајка без татко на Оној Кој на небесата превечно се раѓа од Отецот без Мајка. Во тоа необично и чудно прославување на Новородениот Богомладенец Христос, се соединуваат Небесата и земјата. Така, Божикната ноќ ги обединува сите христијани во светот, вселувајќи во нив надеж за духовна преродба и воспоставувајќи добра волја Божја на земјата. А волјата Божја е „секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен“ (Јн. 3:16). Тоа е причината за доаѓањето на Синот Божји и спаси- телен повик, упатен до сите луѓе од сите времиња и сите народи.
Возљубени чеда во Господа,
А ние денес што да принесеме пред Синот Божји? Како да се удостоиме со честа на пастирите, со смирението на мудреците од Исток, со чистотата на Ангелите? Со што ќе застанеме пред Новородениот Богомладенец?
Дали со делата на нашиот живот, со нашите рожби кои многумина одамна заборавија да ги учат за да ја познаваат вистината и да се украсуваат со чест и љубов нелицемерна; или со воените жаришта што на многу места во светот голтаат невини човечки животи, дури и нејаки дечиња. Ќе ги принесеме ли милионите гладни усти на дар пред Спасителот или ќе го про- должиме она што се откинува од устите на милиони гладни и се претвора во најстрашно чудовиште, во оружје кое се заканува да уништи се што постои на земјата? Ќе ја принесеме ли духовната беда на која се повеќе и робува современиот човек, или чистотата на нашите срца?!
О, каква неблагодарност кон Создателот од создадените, каква злоупотреба на дарбите што Бог ни ги дава; каква небрежност спрема себеси и сопственото спасение!
Еве, веќе изминаа скоро дваесет векови од Витлеемската ноќ. Долг и тежок, како патот и крстот Христов, беше патот до она што денес човештвото го има. Меѓутоа, и денес во светот се повторува крвавата витлеемска трагедија. Човештвото искуси многу страдања - а пепелта на Хирошима се уште уништува и унакажува човечки животи, и над нас се надви како нова закана.
Дури и христијанската Европа е распната меѓу блоковите и стенка под тежината на воениот арсенал.
Ќе собере ли човештвото сили да рече - доста!, па пред Бога, пред лулката на Детето да застане со добра волја, од која ќе извира доволно љубов за обезбедување вистински мир на земјата и чист образ пред Божјото лице?
Синот Божји Исус Христос, Кој се роди од Пречистата Дева, доаѓа на земјата и чека да Му ги отвориме срцата и душите, како пустињата што Му ги отвори јаслите, за да се роди во вас. Стана вистински човек во се, освен во гревот, за да ја очисти нашата природа од греовноста и да засветли честа и достоинс- твото со коишто Бог не овенча кога не создаде. Се раѓа за да донесе мир на земјава, за да се оствари царството Божјо во нас и така да станеме наследници на вечниот живот.
Христос е истиот и вчера и денес и во сите векови. Родениот Богомладенец е и денес со нас. Он и телесно е со нас и во нас преку Светата Причест. Делотвори како и тогаш кога чекореше по улиците на Ерусалим и по патеката на Гетсиманската градина. Делува преку потта на работникот, преку непроспиените ноќи на лекарите и научниците, преку песната на поетот и славејот. Создава иднина за човекот преку добрините на оние кои дарот Божји што им е даден го вложуваат за доброто на човекот и човештвото.
Господ Исус Христос, премили наши духовни чеда, делот- вори преку мисијата на нашата света Македонска Православна Црква - чуварката на нашиот народ низ неговите мачни и тешки времиња. Нашата Света Црква, родена пред векови како Светиклиментов дар пред Бога, во наше време повторно се роди како витлеемско Новороденче, и израсна преку бесмртното дело на нејзиниот обновител, блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј и неговите сотрудници. И токму тогаш кога Црквата ја доживуваше тежината од загубата на блаженопочинатиот Архиепископ, Господ, Кој промислува за сите свои созданија, им ја повтори радоста, подарувајќи им нов кормилар, како и уште двајца архиереи. Се умножија и младите свештенички генерации, кои служат во светите Божји храмови, за слава на Бога и спасение на верниот македонски народ.
Нашиот Факултет веќе ја даде и својата прва генерација теолози. Во Татковината, како и во странство, се зголемува бројот на црквите и манастирите во кои македонските чеда го слават Божјото име и името на Неговите угодници. Повеќе религиозни изданија го најдоа своето место по домовите на нашите благо- честиви христијани. Светиклиментовото кандило, премили наши духовни чеда, се повеќе и се подалеку свети, обновената Маке- донска Православна Црква станува се поголема во срцата и се поприсутна во животот на благочестивиот македонски народ, без оглед каде тој живее и работи. Таа е украс и извор на добрини и за возрасните, и за младината, а и за најмалите дечиња. Таа е украс и на времето во коешто живееме.
Возљубени чеда во Господа, вие што живеете во Татко- вината, како и вие што сте по другите меридијани,
Во Празникот на Рождеството Христово - Празникот на Мирот, секој човек „нека бара мир и нека се стреми кон него“ (Шетр. 3:11). Напредувајте во благодатта во познавањето на на- шиот Господ и Спасител Исуса Христа“! (2Петр. 3: 18). Бидете градители на слободата, благовесници на мирот и љубовта. Чувајте ја нашата света прадедовска православна вера. Научете ги и своите деца како да веруваат, како да живеат, како да го чуваат она што е свето за сите нас - слободата на Татковината и на нашата Света Црква. Обраќајте се до вашите свештеници за совети, зашто тие се Божји и ваши служители. Тие го примија свештеничкиот чин како и Христос што го прими човечкото тело - за слава на Бога и за спасение на вашите души. Без оглед на тоа каде живеете, во нашата Татковина или, пак, по другите земји, какви должности вршите и на какви положаи се наоѓате, Божикната Ѕвезда нека го осветлува вашиот животен пат и нека ви биде вдахновение за вршење добри дела. Само така Господ Бог ќе го благослови трудот на секој од нас во делото на кое сме повикани да се трудиме со усрдност и љубов, за да постигнеме нови благодати за слава на Светата Црква, за добро и напредок
на нашата земја. Неотстапно да се стремиме мирот Божји што го воспеваат Ангелите да пребива секогаш во нас, како наше воз- вишено достоинство, та добрата волја и взаемната братска љубов да торжестуваат во нашиот живот и меѓу народите во светот. Тоа е Божја порака - тоа е патот кон нашето спасение!
„Радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномислени, живејте во мир и Бог на љубовта и на мирот нека биде со вас!“ (2Кор. 13: 11). Амин!
Христос се роди!
Божик, 25/07. XI1/1. 1981/82.

 

Arhiepiskop.Angelarij2.jpg

Извор:

Подготви: Стојанка Тежак

Друго:“Балканот не е тесен, тесни се срцата наши“ - Архиепископот Г.Г. Ангелариј

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная