13.08.2007-03.09.2007
Со благослов на неговото високо преподобие Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител, група деца-негови духовни чеда, предводени од Весна Спасевска, беа дел од овогодинешното летно училиште за изучување на грчкиот јазик и култура во Авдира,место најблиско до градот Ксанти. Летно училиште со долга традиција од 11години, место на кое во минатото живееле и твореле едни од најистакнатите филозофи во историјата на човештвото,како: Питагора, Платон, Сократ, и др.
За сета организација и конципирање на програмата, беше заслужен професорот и филозоф Јоргос Павлос, во соработка со повеќе професори од различни области (јазик, драма, национални танци и ора, олимписки игри, музика, византиско пеење, како и уметничко цртање). Програмата се исполнуваше секој ден, освен недела и празници, започнуваше со час по грчки јазик и византиско пеење, кое беше еден од нашите најомилени предмети, благодарение на трудот и љубовта која ни беше пружена од страна на професорот Софоклис.
Во Кавала Кампот
Амфитеатарот во кампот
Параклис
Професор Јоргос Павлос (лево)
Заедно со свештеникот
Света Литургија
Со светогорските монаси: Архимандрит Ефрем (во средина)
Отец Нимфонт (од лево ) и Отец Григориас (од десно)
Св.Никола (метохот на Ватопед)
Со Отец Матеј во црквата
H PANTANASSA
Иконата на Св. Јован Крстител
Чудотворната икона на Мајката Божја
Наредниот ден, Епископот Ксантиски г-дин Пантелејмон, дојде во летното училиште и пред него се претставивме со повеќе византиски песни, заедно со професорот Софоклис.
Претставувањето со византиски песни
Престојот во летното училиште го завршивме со посетата на античкиот град Филипи, каде проповедал Св.Апостол Павле и е крстена првата жена македонка Лидија.Во амфитеатарот кај Филипите , одигравме две антички драми Медеа и Вакхес.
ФИЛИПИ
Суроти (однадвор)
Старец Пајсије
Суроти (однатре)
Гробот на Старец Пајсије
Славата Твоја е огромна и велелепна, Името Твое е вечно, најголемо и најпрославувано на небесата, меѓу ангелите, херувимите, серафимите и сите небески сили и на земјата, меѓу нас, на кои си ни ја подарил душата и си вдахнал во нас живот , за да бескрајно Те славиме со сите наши мисли и сетила, и секојдневно да се сеќаваме на она што Ти го стори за нас-РАСПЕТИЕТО, со кое не ослободи од смртта и ни дари нов живот. А најголема од се, е Твојата милост на која сите се сеќаваме со огромна надеж дека во судниот ден, по неа нашите души како со небески крилја ќе прелетаат блиску, барем до прагот на Царството Небесно и ВЕЧНО ќе се зарадуваат во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега секогаш и во сите векови.АМИН!
• Павлина Ангеловска
• Марија Пеева
• Марија Ангеловска
• Изабела
• Стојанче Андов
• Драган
• Марко Томиќ
• Мартин Ивановски
Посети: {moshits}