логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Скопска Црна Гора – македонска “Света Гора

Kuchevishte.sluzba4
            Нема ни еден крај во нашата држава кој на толку мал простор има толку многу манастири и цркви колку ги има подпланинскиот предел на Скопска Црна Гора. Во своите 11 села има девет манастири и околу дваесет поголеми и помали цркви. Поради тоа тој предел во минатото населението – Црногорците, понекогаш го нарекувало и „Скопска Света Гора“
Старите храмови зидани се од делкан камен со вметнати цигли во редовите. На вратите и прозорците има плочи поплочени со мермер. Тоа се претежно владетелски манастири од првокласна вредност, градени во 13 и 14 век. Се одликуваат со познатиот словенско-византиски стил. Во минатото во Скопска Црна Гора имало многу свештеници и калуѓери. Во Скопска Црна Гора се наоѓаат уште и остатоци од тврдини, кули, гробови, како и бројни типични стари куќи. Секое село има по неколку културно-историски споменици.

Kuchevishte.sluzba
             Селото Кучевиште 1348 год. имало црква Св. Богородица (Пречиста). Таа црква постои и денес. Се претпоставува дека потекнува од времето на српскиот крал Стефан Дечански (1321 – 1331 год.), и дека ја подигнал жупанот Радослав. Меѓутоа таа црква слави Спасовден па се нарекува и црква Св. Спас. Уште 1519 год. се споменува саборот на Спасовден во с. Кучевиште. Поради вовлеченост помеѓу околни селски куќи, не е лесно да се примети за ретките посетители и за туристите од страна.

Kuchevishte.sluzba3

Kuchevishte.sluzba15


            Манастирот во с. Кучевиште посветен на Св. Архангели Михаил и Гаврил се наоѓа два километри северно од селото, во живописна клисура, на надморска височина од 670 метри. Градена е по примерот на црквите од Света Гора, и датира од 14 век. Изградена е во периодот меѓу Маричката (1371) и Косовската битка (1389). Живописана е во 1591, а во тоа време е направен и иконостасот, од кој е сочуван само крстот. Сегашниот иконостас е од средината на 19 век. Црквата и иконостасот се реставрирани во 1991/1992 година.
Манастирскиот сабор е на ден Св. Архангел Гаврил во месецот јули. Во Кучевиште постојат и три капели. Потекнуваат од поново време. Во манастирот некое време постоело и мало училиште за свештеници.
Во селото Горњани, на јужната страна на тромеѓето со соседните села Бањане и Чучер Сандево, на надморска височина од 575 метри, се наоѓа познатиот средновековен манастир Св. Никита. Историски податоци говорат дека тоа прво бил византиски манастир, можеби од 12 век, кој подоцна бил срушен. Поради тоа него од темел го обновил српскиот крал Милутин околу 1307 година. Кралот Милутин бил еден од најголемите градители од династијата Немањиќи. Храмот има чисто словенски карактерни линии, бидејќи бил граден од рацете на искусни мајстори. Манастирот бил живописан околу 1316 год.
Во селото Бањане и неговиот атар постојат значителен број на манастирски и црковни храмови. Најстари се манастирските храмови Св. Илија и Св. Благовештение, како и црквата Св. Ѓорѓи. Од понов датум се храмовите-капели Св. Спас и Св. Богородица.
Манастирот Св. Илија се наоѓа три километри северно од селото во долината на Бањанска река. За изградбата и одабирањето на неговата локација влијаело некое култно место. Нема писмени документи и историски извори и податоци за поблиско датирање на манастирот Св.Илија. Се претпоставува дека е изграден пред 14 век. Храмот е многу убав и има еден од најстари живописи во Скопска Црна Гора. Кај него на 2. август секоја година се одржувал голем сабор. За време на турското владеење манастирот бил важен културен центар на потчинетиот народ.
Манастирот Св. Благовештение подигнат е на масивот на планината Скопска Црна Гора, северозападно од Бањане. Потешко е пристапен и до него се стигнува за околу еден час одење. Манастирот е стар и потекнува од средновековен период. Околу него има голема површина дабова шума. Манастирот во минатото го посетувале и христијанското население од денешното муслиманско-албанско село Блаце во соседна Качаничка клисура.
Наведената црква Св. Ѓорѓи е во самото село. Врз основа на натписот на влезната врата (од внатрешна страна) се гледа дека е изградена 1549 год. Претставува споменик од културно-историско значење на нашата средновековна архитектура.
Споменатите млади храмови-капели се во планинскиот дел северно од Бањани. Изградени биле на темелите на некои култни места каде луѓето во средновековниот период се молеле. За храмот Св. Спас се знае дека потекнува од околу 1320 год.
Во селото Побожје и околу него исто така има неколку храмови. Тоа се манастирот Св. Богородица, и црквите Св. Петка и Св. Димитрија. Во урнатини е црквата Св. Илија.
Манастирот Св. Богородица е во долина, 1 км северно од селото. Манастирот е од средновековен период. Прв пат се споменува во повелбата на кралот Милутин 1300 год. Манастирот повремено бил поправуван. Живописот е доста сочуван. За време на турското владеење и овој храм бил важен културно-национален центар во овој крај. Манастирот и старите конаци околу него и денес се добро сочувани.
Црквата Св. Петка се наоѓа во самото село. Тоа исто така е средновековен храм. Црквата Св. Димитриј се наоѓа на долната страна во селото. Нејзиниот средновековен храм е срушен од буица 1955 год., па веднаш била изградена нова црква во близина на старата, каде урнатинте се гледаат.
1Во селото Љуботен, кое исто така постоело уште во 14 век, благородничката Даница, во времето на српскиот крал Стефан Душан, 1337 год. изградила црква Св. Никола. Црквата постои и денес. Се наоѓа покрај селските куќи, на тераса висока 620 метри. Претставува една од најубави градби од средновековен период. За време на турското владеење, споменатата црква еднаш била напуштена. Тоа секако било на почетокот на 19 век, коги сите селски христијани, поради нешто биле присилно иселени во правец на ослободена Србија. Црквата во многу оштетена состојба останала до 1928 год. кога била поправена.
Во селото Мирковци, кое исто така е стара населба, постои манастир, две цркви и три капели. Манастирот Св. Илија е во долина јужно од селото. Многу е убав и изграден е пред почетокот на Втората светска војна, на место каде биле остатоци од стар манастир. Околу урнатините се собирал народ на Св. Илија (2. август). Црквите кои се наоѓаат во самото село се црквите Св. Никола која се наоѓа во Долна мала и црквата Св. Петка која се наоѓа во Горна маала. Постара е првата црква, додека втората била изградена пред крајот на турското владеење.
Капели се: Св. Богородица, Св. Меркурие и Св. Ѓорѓе, изградени се во период после турското владеење. Првата е во близината на манастирот, другата е покрај Горна маала, додека третата е северно од Мирковци, на далечина од еден час одење. Се наоѓа на селиште на раселеното село Сливовиќ.
Во средината на селото Љубанци се наоѓа црквата Св. Никола. Народната традиција наведува дека е изградена во исто време кога и познатата Јахја-Пашина џамија во Скопје. За изградба на црквата заслуга имал еден предок на денешниот селски род Ниниќевци. Тој одобрување за подигнување на црквата добил од споменатиот Јахја-паша, познат турски војсководец од 16 век. Северно од Љубанци, на планинска падина се наоѓа манастирот Св. Никола, изграден 1847 год. на место каде имале стари остатоци. Го изградиле исти мајстори и зографи кои работеле на соборната црква Св. Богородица во Скопје (која била запалена во Втората светска војна). Манастирскиот храм исто така е многу убав. Во текот на 19 и почеток на 20 век и во овој манастир како значаен центар се собирало потчинетото население секоја година на 22. мај.
Покрај селото Љубанци се наоѓа црквата Св. Богородица „Балаклија“, изградена е на стари урнатини 1920 год. На зарамнина западно од селото се наоѓа капела – помал манастир Св. Меркурие изградена после Втората светска војна.
Црквите во останатите села: Чучер-Сандево, Глуво, Бразда и Бродец. До 1938 год. во Чучер постоела мала стара црква Св. Троица, кои селаните ја срушиле. Таа црква се чини дека потекнувала од времето на кралот Милутин. Таа година на нејзиното место започнала изградба на нова црква. Се одликува со големи димензии и солидна изработка.
Црквата во селото Глуво посветена е на Св. Никола (летен) и се одликува со релативно поголеми димензии. Изградена е 1855 год. каде на неа работеле зографи и мајстори од околината на Дебар. За време на црквената слава, на 22. мај и кај неа имало „голем сабор“.
Црквата со селото Бразда е посветена на Св. Богородица. Изградена е во втората половина на 19 век, нешто подоцна од споменатата црква во соседното село Глуво. За изградба на оваа црква заслужен бил зографот по името Нове (Новак), кој пред тоа некое време престојувал во Русија. Тој во Бразда останал до крајот на животот и гробот му се наоѓа покрај црквата.
Локалитетот „Св. Атанасије“ се наоѓа северозападно од Бразда. Се има предание дека некогаш таму се наоѓала црква. На местото викано Видране, покрај истото село од горната страна постои мала црква Св. Спас.
Во планинското село Бродец се наоѓа црквата Св. Илија, изградена 1897 год. Тоа е релативно поголем храм и сведочи за минатото каде во Бродец имало поголем број на население. Денеска Бродец е скоро раселено село. 2002 година имало само 3 жители. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта и место кое се вика Св. Петка.
Од претходното можеме да заклучиме дека наведените храмови помогнале да Православието зафати длабок корен во Скопска Црна Гора и тоа дава битно обележје на целиот тој крај и народот кој живее.

фбТања Додева

 

3.angeli.so.truba

За црквата Свети Никола во Љуботен, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.
Авторот на овој фрескопис до ден денес останал непознат, но се смета дека потекнува од охридската школа. Стилските особености на неговата сликарска техника говорат за еден мошне талентиран зограф чии цртежи отскокнуваат од вообичаената иконографска концепција. Тие се ослободени од груби анатомски неточности, а во сликањето на фреските се забележува еден суптилен, пореалистичен пристап надополнет со богатиот колорит во кој доминира употребата на топлите тонови. Ова е евидентно во долната партија на северниот ѕид каде покрај светителите во цел раст, се предадени портрети на световни фигури-членови на царското семејство: царица Елена, цар Душан и нивниот син Урош. Од композициите покарактеристична е онаа со сцените од Свадбата во Кана Галилејска. Во периодот од 2006 до 2017 година, фрескоживописот во црквата бил реставриран и конзервиран.


Се работи за црква од 14. Век со  исклучително богат фрескоживопис."


Територијата на  Скопска Црна Гора е предел од Македонија кој  е богат со над 50 цркви и манастири.

 3.angeli.so.truba

Избор од фб профил на

Simeon Stefkovski

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная