логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

.

 Драг мој бугарски пријателе, Ти пишувам тебе, што се занимаваш со уметност и вистинска наука, а не со политика, во надеж дека ќе ме разбереш. Тонот на моето писмо нема да биде ни политички ни „академски“, зашто токму „учените расправи“ нѐ доведоа до ова дереџе: да ни биде непријатно, ако си режисер, да направиме заеднички моја претстава во Софија, или твоја во Скопје. За сѐ е виновна хартијата, онаа политичката, преговарачката. Таа нѐ научи на поимите „драфт“ и „уточнет текст“. Тоа е погубно за секоја историја (која е секогаш палимпсестна), а особено за балканските. Палимпсестот е наша балканска историска судбина, а не гутенберговската „невина“ хартија на која се испишува само ЕДНА историска вистина, по волја на политиката!
Пред да се измисли хартијата, се пишувало на пергаменти. За да се запише нешто, требало да се одере кожа: тоа била цената на историската меморија. Најквалитетните пергаменти се правеле од кожа на неродено јагне. Веристички крвава слика: се распорува утробата на жива овца (не смее да е заклана), се вади неродениот плод, му се дере кожата, за потоа врз неа, со шилец да се запише историјата.

А кога ќе се потрошеле пергаментите, бидејќи кожата била (за разлика од денес) најскапата работа, се прибегнувало кон „рециклажа“: текстот на старите пергаменти, кои веќе „не биле во употреба“, се стругал со ноже. Потоа врз него се испишувала нова историја. Но бришењето никогаш не успевало докрај: на многу пергаменти, зад новиот текст останувале траги од стариот, така што заедно со новиот се читал и „отфрлениот“ текст. Така се добиле ПАЛИМПСЕСТИТЕ, најубавата метафора за постмодерната вистина и историја. Стариот и новиот текст на палимпсестот често биле целосно спротивни сведоштва за исто нешто. Затоа е пергаментот скапоцен: тој е дијалогизам, диверзитет. Европа би рекла, модерно: демократија.
За мене и историјата и уметноста се палимпсести: постојана напнатост меѓу актуелно напишаниот текст и оној „иструганиот“. Предавам малку и културологија, па знам дека и во историјата и во уметноста нема една вистина: СМИСЛАТА на „вистината на симболистите“ не е во неа самата, туку токму во контрастот со оној иструган текст за „вистината на реалистите“. Само кога двата постојат заедно на палимпсестот, добиваат идентитетска јасност. Затоа, да се иструга ЦЕЛОСНО „туѓиот“ текст од палимпсестот е безумие: тоа е уништување на сопствениот идентитет, иако личи на уништување на туѓиот!

А токму со такво бришење на македонскиот текст се зафатија твоите, кога заедно со моите започнаа проект за една „заедничка историја“. Зашто, „заедничка историја“ подразбира САМО еден текст на пергаментот. Една, „консензуална вистина“, како да станува збор за уточнување на заедничка политичка декларација со која две земји се обврзуваат на користење исто еколошко ѓубриво. Но историјата, дури и кога е „една и единствена“, секогаш има две лица. Најпрвин, историјата е ФАКТИЧКА: факт е дека на 1 септември 1939 година Германија ја нападна Полска, а не Полска Германија. За фактите не се разговара: тие не може да се направат „попријатни“. Не е можна „заедничка“, полско-германска историја што би бил „консензуална вистина“, зашто тогаш Полјаците би морале да признаат дека Германците ги нападнале „до пола“, ама и тие „до пола“ ги нападнале нив (а, всушност, се бранеле). Но историјата, покрај тоа што е ФАКТИЧКА, е и ТЕСТИМОНИЈАЛНА: се базира на лични сведоштва, на очевидци. Тука почнуваат шансите за нејзина политичка злоупотреба. Секое лично видување е веќе херменевтика, интерпретација, а тоа е субјективен чин, а не факт.

За разлика од фактичкиот, овој тестимонијален дел на историјата може да се интерпретира – вака или онака. На пример, има сведоштва дека најголемиот македонски поет од деветнаесеттиот век, Григор Прличев (дури и самиот сведочи за тоа), поминал низ три фази на својот живот: од огнен елинофил, станува огнен борец против грчкото влијание во тогашна Македонија. Потоа се свртува кон Бугарија, за потоа да стане против неа, и конечно да заврши во идејата за македонската посебност како народ и јазик. Тука можеме да толкуваме: ЗОШТО правел тројно салто мортале? Дали затоа што, во отсуство на државотворност и кодификуван јазик, морал некаде да припаѓа и на некој јазик да се изразува? Тоа се интерпретации, но не се факти сами по себе. Прличев ФАКТИЧКИ не е ни елинофил ни елинофоб, зашто бил и едното и другото, а фактите не се подведуваат под логиката „И-И“, туку под логиката „ИЛИ-ИЛИ“. Исто така, не бил фактички ни бугарофил, ни бугарофоб, зашто бил и едното и другото. Но последната позиција во животот (македонската) му е фактичка: ИЛИ-ИЛИ. Тој е, значи, ТРОЈНО палимпсестен како историска личност: во исто време постои грчки, бугарски и македонски текст на балканскиот историски палимпсест за него! Така е и со Делчев: постои бугарски текст на палимпсестот „Делчев“, но постои и македонски, и затоа е бесмислено политички „да се договориме“ што бил тој: за Бугарите е Бугарин, за Македонците – Македонец. Затоа, не ги разбирам твоите кога велат дека нашите „им крадат историски личности“.

Тој „имотно-поседнички“ однос кон историјата е желба да се ИСТРУГА вториот текст од пергаментот, за да остане само еден. А Европа не сака такво едноумие, зашто и самата е палимпсестна: нејзините меѓународни династички бракови од интерес се сведоштво за таа палимпсестност. Мислам дека тука моите се во ПОЕВРОПСКА позиција од твоите: не бараа бришење на бугарскиот текст, бараа да се остави и македонскиот, макар и „иструган“ од ноже, во заднина. А иструган е само затоа што сме немале држава, драг пријателе. Држава пише, држава брише! Искрено, мислев дека при „приближувањето на историите“ меѓу Македонија и Бугарија ќе се усвои работната хипотеза за историјата како палимпсест. И дека нема да се прават заеднички учебници по историја (со еден текст), туку ќе се прикаже „скриениот текст“ на пергаментот: во бугарските учебници ќе стои (одвоено) и македонското гледиште, а во македонските – и бугарското. И дека тука ќе се застане: на запознавање на Другоста. Тоа е пријателска почит. Зашто, една иста личност може да се јави како „главен лик“ во повеќе национални ракописи на истиот историски пергамент, без некој да има ексклузивно право на неа. Затоа, и јас и ти треба гласно да кажеме: Каде сте тргнале, господа? Зошто го уништувате балканскиот историски пергамент? И не се само бугарскиот и македонскиот текст испишани врз тој палимпсест! Врз него се и влашкиот, албанскиот, турскиот, српскиот, грчкиот ракопис. Пример: првата книга во која се опишани особеностите на македонскиот јазик е печатена во 1802 година, со ГРЧКО писмо, а авторот е – ВЛАВ (Даниил Москополец)!

Палимпсестот сведочи за личности, а не за пиони што треба да се разменат во политичкиот шах на компромисот („Еве ви го овој, дајте ни го оној“). И секоја „обична“ личност е палимпсест: интерсубјективноста на говорот вели дека секој идентитет е само пресек во мрежата на други идентитети. Затоа, ќе завршам со мислата на еден балкански православен отец (образован по европски универзитети пред да се замонаши), кој вели: Дури и кога сите сонца од вселената би се собрале во едно, таа светлина не би ја открила тајната на ниту еден единствен гроб. А камоли на цели томови историски гробишта. Па, чуму сета оваа историска ексхумација, драг пријателе?

 

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/category/mislenja/kolumni/

 Ноември 2020 г.

Друго:

https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%92%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE%20%D0%90%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8&ordering=newest&searchphrase=all

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная