логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
 

 
Ивица Боцевски - На Запад ништо ново
Станува веќе нужно да се отвори пресметка со македонските касандри и конечно да им нацртаме зошто граѓаните на Македонија се веќе отрпнати на „судни денови“, „последни возови“ и „крајни рокови“, од Лисабонската декларација во ...  
 
 
Зошто денеска Македонија нема да добие датум за почеток на преговори? Затоа што Грција ја блокира македонската интеграција во ЕУ поради нејзиниот проблем за името на Република Македонија. Дали, освен името, постои и некоја друга причина за недобивањето датум? Никако. Тоа не значи дека Македонија нема свои предизвици кога станува збор за нејзиниот економски и демократски развој, но ниту еден од нив не е толку битен или значаен за да ја оневозможи македонската европска интеграција.
Во текот на денешниот ден, а и в недела, по церемонијата за формален прием на Хрватска во ЕУ, ќе слушнеме многу црни и песимистични оценки, а еден дел од медиумите и интелектуалците во Македонија ќе се обидат повторно да создаваат атмосфера на колективен пораз, ќе читаме патетични текстови, ќе слушаме и повици за политички линч и слично. Посебна интелектуално бедна категорија и овој пат ќе бидат излитените фрази дека „сите нѐ претркаа“, „дали ќе опстанеме“, „како понатаму“ и слично. Од овие причини станува веќе нужно да се отвори пресметка со македонските касандри и конечно да им нацртаме зошто граѓаните на Македонија се веќе отрпнати на „судни денови“, „последни возови“ и „крајни рокови“, од Лисабонската декларација во 1992 година до денес.

Прво, точно е дека Европската Унија годинава ја доби Нобеловата награда за мир како организација што го отелотворува „најуспешниот мировен проект“ по Втората светска војна. Дури и кај теоретичарите и аналитичарите од Азија, Африка и од Јужна Америка читаме дека тие ја набљудуваат Европската Унија како модел за регионална интеграција и во нивните краишта. Меѓутоа, Европската Унија во својата суштина не е унија на вредности, туку унија на држави. Да се разбереме, земјите-членки на ЕУ споделуваат демократски вредности, но архитектурата на ЕУ како институција е архитектура на сојуз на држави каде што секоја држава љубоморно ги чува и ги брани своите национални интереси. Токму поради споделените вредности Македонија сака да стане полноправна членка на ЕУ, но токму затоа што архитектурата на ЕУ не ги одразува споделените вредности, туку соголените национални интереси, Македонија не може да си го реализира своето членство во ЕУ. Апсурдот оди дотаму што ЕУ во моментов е во целосно заложништво на грчкиот став за името, па затоа во својата службена комуникација ЕУ не ја користи одредницата „македонски“ за опис на етникумот, културата и државноста на Македонија. Спомна некој европски вредности?

Следниот момент што се користи во актуелната дебата е дека ситуацијата е влошена поради политиката кон името на владата на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од 2005 година, кога Македонија добила датум за преговори без грчко вето, а во извештајот се споменувала придавката „македонски“. И покрај тоа што се и повеќе од очигледни плиткоста и пристрасноста на овој аргумент, ајде да тргнеме од почеток. Од самото потпишување на Привремената спогодба во 1995 година Грција јасно стави до знаење, и нам и на меѓународната заедница, дека нејзиното вето за македонското членство во ЕУ и во НАТО е „нуклеарното оружје“ што ѝ стои на располагање против Македонија. Тие конзистентно велеа дека тоа оружје ќе го употребат доколку не се најде решение за името пред влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО. Во 2008 година тие оваа закана ја реализираа во Букурешт и оттогаш Македонија е блокирана и во ЕУ и во НАТО. Просто како грав!

Зошто, пак, Македонија не најде сили да „покаже лидерство“ и да влезе во решавање на спорот со името? Повторно тука се работи за извртени тези. Македонија, од своето осамостојување до денешниот ден, жилаво се труди и „покажува лидерство“ да го реши прашањето. Меѓутоа, од другата страна немаме партнер и соговорник, туку имаме држава што сака да ја поништи македонската државност и да ја избрише македонската нација. Македонија јасно става на знаење дека не може да се пристапи кон решавање на проблемот сѐ додека Грција го спори македонскиот јазик, ги спори македонската нација и македонската култура. Точно е дека Нимиц се обиде да исцрта решение каде што Грција ќе треба да ги прифати овие идентитетски одредници, но Грција прво што спори е токму тоа - името на јазикот, името на нацијата и името на културата. Таа политика се нарекува „шовинизам“, а ова е веројатно негова постмодерна форма. Меѓутоа, тоа што најмногу ги навредува Македонците е фактот што самата ЕУ премолчно ја поддржува оваа шовинистичка политика, па затоа во документите што посочуваат како да се именуваат нашиот јазик, нација и култура, ЕУ вели дека треба да се користи терминот „на поранешната југословенска Република Македонија“ наместо терминот „македонски“.Спомна некој европски вредности?
Следната црта на критика е флоскулата „сите нѐ претркаа“. Тука повторно треба да ги расчлениме нештата. Суштината на Европска Унија е заедничкиот европски пазар. Македонија, по примената на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, е и де факто и де јуре составен дел од заедничкиот европски пазар.

Разликата помеѓу сегашниот статус и членството во ЕУ ќе биде столчето на маса за Македонија во институциите на ЕУ и целосната слобода за движење на нашите граѓани во земјите-членки на ЕУ. Под целосна слобода мислам и на слобода на жителство, вработување и така натаму. Илузијата дека со самото членство во ЕУ Македонија прекуноќ ќе стане држава со нордиски стандард на живеење и со германска ефикасност на нејзините институции се распрсна како меур од сапуница пред нашите очи по зачленувањето на посткомунистичките земји во ЕУ, од 2004-та, преку 2007-та до 2013 година. Македонија, за жал, ѝ припаѓа на оваа лига на држави што се протега од Рига до Бургас, а сите тие и натаму се соочуваат со истите проблеми поврзани со нивниот економски, општествен и демократски развој со кои се соочува и Македонија. Македонија, независно од својот статус во ЕУ, останува дел од оваа лига на држави, така што никој никаде никого не претркал.

На крајот, сакам да заклучам со мудроста и трпението на граѓаните на Македонија. И покрај оваа политика на сила, негирање, игнорирање и премолчна поддршка на грчкиот отворен шовинизам, Македонците сѐ уште ги поддржуваат стремежите за полноправно членство на Македонија во ЕУ. Тука нема никакви контрадикции, туку едноставно огромна практична мудрост. Членството во ЕУ за Македонија ќе значи крај на долгиот македонски дваесетти век, кој почна во 1912 година со Балканските војни и сѐ уште не завршува. Век на поделби, геноцид, протерување, негирање, војни и колежи. Македонците не ни сонуваа дека повторно ќе се сретнат со духот на балканските шовинизми, и тоа на самиот праг во ЕУ, а уште помалку дека овој дух ќе се отелотворува и низ европските институции. Сепак, Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ. Доколку оваа генерација политичари во Грција и во ЕУ не се подготвени да покажат лидерство и да ги надминат своите предрасуди и шовинизми, некоја друга генерација ќе го стори тоа. Во меѓувреме Македонија продолжува да си работи на својот економски, општествен и демократски развој.
   
    
Автор: Ивица Боцевски  


Извор: Нова Македонија 

 http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=627132032195&id=13&prilog=0&setIzdanie=22915

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная