логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


презвитер Горан Стојчевски

 o.Goran.Stojcevski.hram1.jpg

ЛИТУРГИЈАТА КАКО ПОЛЕ ЗА НАТПРЕВАР ВО ДОБРЕДЕТЕЛИ

„Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера што и планини да преместувам – ако љубов немам, ништо не сум„ (1.Кор,13,2).

Текстов нека послужи како коментар на добриот коментар објавен нa порталот Премин, Кому му користи сето ова.., поврзано околу случувањата на релација МПЦ-ОА и СПЦ, поточно околу политичките фрустрации на некои претставници на СПЦ. Се спомнуваа термини канонски пуч, и парафразирам да не сме им досадувале веќе со барањето да ни дадат томос за признавање на автокефалноста. Македонската православна црква не ја превзела власта над каноните, па да направи пуч, каноните сеуште си ја имаат својата функција во Православната Црква, ниту пак ја превзела власта над Српската православна црква-Пеќска Патријаршија, туку ја возобнови афтокефалноста на Охридската архиепископија и со благослов на СПЦ ја превзеде власта над епархиите кои беа напуштени од СПЦ во 1941 година, подоцна СПЦ заради запазување на апостолското преемество хиротониса двајца митрополити за управување со епархиите на МПЦ, кои заедно со архиепископот г.г. Доситеј го чинеа Светиот Синод на возобновената Охридска архиепископија како МПЦ. Тоа што потоа сметаат дека ја загубиле позицијата во однос на српските национални стратегии е друго прашање кое трае до денес и нема црковна, ниту литургиска врска, а има проблем кој е кај нив, што во духот на паланечката провинцијалност (како што вели о. Методиј Златанов), од серијалот Жикина династија до ден денес се инаетат и велат: не дам мечку (мерцедес), не дам..., па таа реплика ја провлекуваат до денес во стилот, не дам томос, не дам...  Подолу од коментарот ни се дава линк каде се цитира едно укажување во врска со овој проблем, односно да се вратиме на канонско поле за решавање на статусот на нашата помесна Црква. Тоа е во ред, но прво и основно, одамна веќе каноните на Светата Православна Црква се (зло)употребуваат само и само кога треба на некого да му судиме и пресудиме, без да ја имаме во прв план евангелската Љубов т.е. Христос, а зошто да не се навратиме прво на Него, да се вратиме на Литургијата, па на литургиско поле да ги решаваме сите кризи. Зошто да бараме излез во каноните кои секој по свое сака да ги толкува и зошто да инсистираме на таа фарисејска и садукејска буквалност, а не на заедничарењето со Христа, зошто повеќе сакаме да робуваме на суетите наместо благодатта на Нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас. Ако исто веруваме и исповедаме, ако се молиме Христос да нѐ послуша, и да нѐ освети, Кој седи горе со Отца и овде невидливо престојува меѓу нас,...да ни го предаде Неговото пречисто Тело и чесна Крв, а преку нас на сите луѓе, зошто благоста која ја вкусуваме кога ќе се причестиме со Христа, да ја заменуваме со горчината на нашата гордост. Треба еднаш да бидеме реални дека Византија одамна ја нема, нејзиното духовното наследство припаѓа не само на сите православни, туку на сиот свет, и дека никој нема монопол врз тоа наследство само заради јазикот, а прелест е некој да се труди да се наметне како нова Византија, да разбереме дека средновековните царства повеќе не постојат, и да сфатиме дека националистичките монархии веќе ги нема, и дека се повеќе како православни, ако продолжиме да се повикуваме на некоја стара „слава„, и ако не се вратиме не само на Литургијата, туку и на практикувањето на литургискиот живот ќе завршиме како што завршиле и претходно наброените царства, а ќе го загубиме и небесното Царство. Христос е вечно присутен, и само преку Него можеме да дојдеме до единство со Бога Отца во заедница со Духот Свети, до Вистината не се доаѓа ниту преку Константинопол, ниту преку Москва или Белград, туку преку Христос Богочовекот. Јас сум Патот, Вистината и Животот (Јован 14,1-6), па сега да размислиме трезвено, кој пат ќе го избереме. Таканаречениот проблем со автокефалноста на МПЦ-ОА, не е ниту канонски, ниту црковен проблем, туку чисто политички, поврзан со националистичката ерес на нашите браќа во Христа кој датира уште од времето на непоимливото според црковното право, укинување на Охридската архиепископија од друговерен суверен, преку формирањето на националните цркви во 19 век и најмногу поврзано со Балканските војни од почетокот на 20 век. Ние како помесна Црква се враќаме постојано на канонско поле, ете според зборовите на „влијателниот„ епископ на СПЦ постојано им досадуваме со барањето за средби заради задоволување на Понтиј Пилат правдата, ние постојано ги молиме, но тие бараат да ја вратиме историјата наназад што навистина е невозможно ниту физички, ниту теолошки, бидејќи времето тече кон есхатонот. Исто така, на други не можеме да им ја задоволиме желбата сами да се укинеме, самоубиството е смртен грев, да си го смениме името не можеме, ете по Божја промисла е да постоиме под тоа име, му благодариме на Бога. Ако нам ни префрлаат за национализам можеме да се повикаме на третиот Њутнов закон, за акцијата и реакцијата. Ако над СПЦ дејствуваат со законот на инерција, а СПЦ врз нас со законот на силата, тогаш неминовно за нас ќе биде реакцијата. Но , при сето ова законот Христов, заповедтта за љубовта по која треба да не познаат дека сме Христови ги забораваме. Сите цитираме канони, а љубовта и милоста ги забораваме. Христос е исполнување на Законот и Пророците, но сепак фарисеите и садукеите тоа не го виделе, Христос е Новиот Адам Кој ни дарува воскресение и живот вечен, а ние очигледно не сакаме да ја надминеме праведноста на фарисеиите и садукеите (Матеј 5,2), и си ја затвараме вратата на царството небесно заради човечки термини. Забораваме ли на параболата за милостивиот Смарјанин (Лк. 10,25-37), и дека оправдан ќе биде оној што покажал милост и љубов, а не оној кој робувал на канонот, а Евангелието изобилува со вакви примери, но кој има уши нека чуе. И така, канонот или Литургијата, геополитичките и економските стратегии на нашите држави или Царството небесно, што ќе избереме зависи од нас, а за се друго Бог ќе се погрижи. Христос помеѓу нас, велиме еден на друг кога ќе ги слушнеме литургиските зборови да се сакаме еден со друг, или кога се поздравуваме во друга пригода, а навистина ли ја исповедаме љубовта Христова или го даваме целивот како Јуда? Авторот на коментарот, сигурно знае кому му користи ова... да се навредуваме (односно личноста што постојано сака да навредува), на духовите на поднебесјето (Ефес 6,12), на оној што обиколува и рика околу нас за да нѐ проголта (1Петр. 5,8), бидејќи му дозволуваме.
Овој свет, повреден од гревот одамна, а и никогаш не бил поле за културен натпревар меѓу народите, туку бојно поле каде се гине заради нашите страсти заради кои и војните се меѓу нас (Јаков, 4,1-3), како што вели свети апостол Јаков . Задоволувањето на правдата никогаш не била дел од православниот Исток, иако се користела, но тоа задоволување на правдата, тоа е секако човечката, носела само омраза, војни и убиства, каде во името на правдата човечките личности се третираат како колатерална штета и така се до денес. Својствено за православието е Литургијата, подвижништвото, исихазмот, и затоа во решавањето на кризите (проблемите) треба да се раководиме од нив, за да можеме да речеме на Светиот Дух и нам ни беше угодно (Дела 15,28). Јуридичкото задоволување, да се послужам со зборовите на режисерот Александар Станковски, нема начин во овој свет да создаде идеална држава, во која среќата и просперитетот ќе ги опсипува нејзините поданици до бесконечност? Ваквото идеално и непропадливо царство на среќата, хармонијата и спокојството е можно само во Божјата држава, која е на небесата, амин. Ете, а ние постојано го молиме Бога, да дојде Царството Твое, и непрестајно бараме да дојде тоа Царство кое го предвкусуваме и во кое влегуваме на секоја Литургија, и кога причестени се обврзуваме дека во мир да излеземе, за да го преобразиме овој свет согласно нашето личносно преображение уподобувајќи се на Христа. Царството небесно не почива на каноните, туку тоа е радост и мир во Светиот Дух (Рим. 14,17). Прочитав и еден комнетар, каде се цитира старец Софрониј од Есекс „ако национализмот не може да се надмине, тоа значи дека Христовото дело не успеало", оваа поука на светиот Софрониј треба да ни биде мотив да се потрудиме и да сведочиме дека делото Христово успеа со Неговото Воскресение.
Решението нека биде Литургијата, тоа нека биде поле за натпревар во добредетелите. 

Извор: ПРЕМИН бр. 85/86

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная