логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Митрополит на Навпактос Јеротеј Влахос

 bozik1h.jpgПразникот на раѓањето на Христа како човек е митрополијата на празниците, како што вели св. Јован Златоуст. Од Раѓањето следат сите други Господови празници: Богојавлението, Преображението, Страдањата, Крстот, Воскресението и Вознесението Христови. Без Раѓањето немаше да постои Воскресението, но и без Воскресението немаше да се исполни целта на Божјото вочовечување. Сите овие Господови настани се единствени. Ние ги делиме за да ги празнуваме и за да се вдлабочиме во содржината на празниците. На секоја Литургија ги живееме сите настани на Божјото вочовечување. Затоа според светите отци секогаш е Божиќ, секогаш е Велигден, секогаш е Педесетница.
 Со Христовото Раѓање почнува да се открива тоа што се случи при Благовештението. Кога зборуваме за откривање подразбираме дека постојат неколку личности, како што се Богородица, Јосиф и др., на кои им се откри дека Христос Кого што Го чекаа сите векови дојде во светот. Секако, Христос се крие објавувајќи Се и се открива криејќи Се. Тоа го гледаме во целиот Негов живот, но и при Неговото откривање на светителите.

     А

  Настанот на Христовото раѓање е историски, бидејќи се случил во еден конкретен историски момент, кога со Римската Империја владеел Кесарот Август, а во Јудеја царувал Ирод. Евангелистите настојуваат да ја нагласат историчноста на настанот, затоа што сакаат да кажат дека Христос е историска личност. Тоа значи дека Христос прими вистинско човечко тело и вочовечувањето не се случи привидно, како фантазија.
 И покрај својата историчност, овој настан останува тајна. Знаеме дека постои Богочовекот, совршен Бог и совршен човек, но останува тајна тоа како се соедини Божјата со човечката природа во личноста на Логосот. Впрочем, тоа што се случи во личноста Христова, ипостасното соединување на Божјата со човечката природа, се случи еднаш. Затоа, св. Јован Дамаскин ќе рече дека Христос е "единственото ново под сонцето", т.е. единственото ново по создавањето. Тоа значи дека по создавањето на светот и на човекот, ништо не се случува ново во светот. Сî се повторува. Раѓањето на еден човек е продолжение и резултат на Божјите зборови "да создадеме човек...според наш образ и подобие", и "плодете се и множете се и наполнете ја земјата и владејте со неа" (1. Мој. 1, 26 - 28). Новото е само Богочовекот Христос.
 Така, историчноста на настанот не ја одзема тајната, но и тајната не ја поништува историчноста. На Божиќ го празнуваме Христовото раѓање, но истовремено ги доживуваме светотаински во срцето сите настани кои се поврзуваат со тоа, затоа што кога живееме во Црквата учествуваме и ги доживуваме сите стадиуми на Божјото вочовечување.

      Б

 Разликата помеѓу Стариот и Новиот Завет се наоѓа во тоа дека сите откровенија Божји во Стариот Завет беа откровенија на Логосот Божји бестелесно, додека во Новиот Завет се откровенија на Логосот во тело. Тој Кој му се откри на Мојсеј и на сите Пророци беше Синот и Логосот Божји, Втората Личност на Света Троица, без да има тело.
 Старозаветните пророци и праведници немаа само општење со Логосот Божји, туку го видоа и Неговото вочовечување. Таа смисла ја има фактот дека Го видоа како човек. Адам, како што се вели во Стариот Завет, ги слушна чекорите Божји Којшто одеше по Рајот. Јаков се бореше со Бога. Мојсеј го виде грбот Божји. Исаија Го виде како човек Кој седи на престол.
 Сите овие откровенија покажуваат дека го виделе вочовечувањето на Втората Личност на Света Троица, т.е. Го виделе Него Кој ќе се вочовечи за да го спаси човечкиот род. Фактот дека Мојсеј го видел грбот на Бога јасно покажува дека тој го видел тоа што ќе се случи во иднина, т.е. вочовечувањето на Логосот. Пророците не ја виделе природата Божја, туку образот на тоа што би требало да се случи во иднина. Затоа што требаше Синот и Логосот Божји да стане човек вистински за да се соедини со нашата природа и да биде виден воплотен на земјата (св. Јован Дамаскин).
 Освен овие случаи постојат и други откровенски текстови во Стариот Завет кои јасно го пророкуваат не само вочовечувањето на Логосот Божји, туку и конкретни настни, како, на пример, дека нема да се повреди девственоста на Богородица, дека Он ќе донесе мир во светот итн.


      В

 Во овие анализи се обидуваме да ги видиме христолошките моменти од Господовите празници. Меѓутоа, можеме да видиме и неколку други собитија што се поврзани со вистината дека Христос е Спасителот на светот и дека доживувањето на тој факт претпоставува една конкретна духовна состојба на човекот.
 Освен Богородица и Јосиф првите кои Му се поклонија на Богомладенецот беа пастирите. Ангел Господов им соопшти дека се роди Спасителот на светот. Ова не беше еден случаен настан, ниту значеше дека конкретните пастири се удостоија со ова откровение бидејќи беа поблиску до пештерата.
 Според светите отци, тоа се случи поради многу причини. Прво, заради чистотата на пастирите поради нивното отшелништво и тихување. Второ, затоа што пастирите беа подражаватели и следбеници на живеењето и на добродетелите на Старозаветните Патријарси. Значи, пастирите не беа случајни личности. Трето, за да се покаже дека Христос е вистинскиот Пастир на Израилскиот и на Јазичничкиот народ. Четврто, за да се објави јасно дека Христос ги избра најпростите по срце и најприемчивите за да го примат ова откровение, а не лукавите Книжници и Фарисеи. Сето ова го покажува начинот што може секој да го употреби за да ја доживее тајната на откровението.

            Г

 Карактеристична е и химната на ангелите: "слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето благоволение"(Лука 2, 14). Мирот што го воспеваа ангелите не е некој социјален мир, отсуство на војна, туку вочовечувањето и присуството Христово. Така, ангелите го воспеваа мирот што дојде со Христовото Раѓање, а не некој мир што ќе дојде во иднина. Зашто, Христос со Своето вочовечување го помири човекот со Бога, со неговиот ближен и со себеси, токму затоа што во Неговата личност се соедини Божјата со човечката природа. Човекот по падот го загуби мирот со Бога, затоа што се поклонуваше на бездушни и бесчувствителни идоли, а не на Вистинскиот Бог. Сега со Неговото вочовечување му се дава можноста на човекот да Му служи и да Му се поклонува на вистинскиот Бог. И уште стекна мир и со ангелите и со неговите истородни. И, секако, го стекна мирот на своите душевни сили, затоа што Христос го направи тоа што не успеа да го направи Адам. Адам требаше со благодатта Божја и со својата лична борба да стаса до целосна заедница со Бога, неговите сили да функционираат природно и натприродно. Тоа се постигна во Христа.
 Фразата "меѓу луѓето благоволение" означува дека вочовечувањето е првобитната волја Божја. Според светите отци, волјата Божја се разликува на таа што претходи и на таа што следи. Претходното е нешто според благоволение, додека тоа што следи е по допуштање. Кога се вели дека вочовечувањето е претходната волја Божја, тогаш се мисли дека тоа не беше последица на Адамовиот пад, туку во Божјата мисла му претходеше на падот. Значи, соединувањето на човекот со Бога не ќе можеше да се постигне ако не постоеше конкретната личност во која ипостасно би се соединила Божјата со човечката природа. Затоа, вочовечувањето е претходната (првобитната) волја Божја, што значи дека беше планирано независно од Адамовиот пад. Тоа што следеше како последица на падот се страдањата и Крстот Христови. Вочовечувањето Христово беше крајната цел на создавањето. Целата твар и човекот постанаа заради Богочовекот. Тоа се вели од аспект дека не ќе можеше човекот да се обожи и тварта да се освети ако не постоеше Богочовекот.
     Д

 Освен Пастирите, мудреците од исток се удостоија да Му се поклонат на Новородениот Христос. Нема значение кога се случило тоа, туку значајно е тоа дека Го открија Христа. Всушност Бог нив им се откри, нешто што не се случи со Книжниците и со Фарисеите кои го сочинуваа религискиот институт во тоа време. Мудреците не биле астролози, какви што ги знаеме денес, туку астрономи кои ги гледале небесните ѕвезди и нивните движења. Во тоа време астрологијата се сметала за наука. Денес кога науката на астрономијата се оддалечи од астрологијата која е поврзана со метафизиката и со сатанизмот, последнава (астрологијата) е отфрлена од Православната вера.
 Мудреците Го препознаа Христа и Му се поклонија "преку познанието на умот". Преку телесните очи гледаа едно бебе, но преку видот на умот Го гледаа вочовечениот Бог. Така, мудреците се наоѓаа во соодветна духовна состојба за да Го видат и да Му се поклонат на Бога. Тоа не беше работа на наука, туку на внатрешна умна чистота.
 Доказ за тоа што овде се кажува е дека ѕвездата што ја видоа на исток и која ги одведе до Витлеем не беше една обична ѕвезда, туку, како што вели св. Јован Златоуст, ангел Господов кој ги водеше. Фактот дека тоа не беше еден природен, туку натприроден настан, се гледа од својствата на конкретната ѕвезда. Прво, ѕвездата не беше само во движење, туку и стоеше. Кога одеа мудреците таа се движеше, кога тие застануваа застануваше и таа. Второ, ѕвездата се движеше пониско од другите ѕвезди, а кога магите стигнаа до местото каде што се наоѓаше Христос, се спушти и застана над пештерата. Трето, ѕвездата имаше толкава блескавост, така што ја надминуваше блескавоста на другите ѕвезди (св. Никодим Агиорит).
 Освен тоа, ѕвездата на мудреците се движеше чудно, т.е. од исток кон запад, а на крајот се движеше од Ерусалим кон Витлеем, т.е. кон југ. И уште, како што вели св. Јован Златоуст, се гледаше и дење, додека сите други ѕвезди не се гледаат со светлината на сонцето.
 Според тоа, таа блескава ѕвезда беше ангел Господов, а како што вели Јосиф Вриениј беше таа беше архангелот Гавриил, кој, впрочем, беше служител на големата тајна на вочовечувањето на Синот и Логосот Божји.
 Така, магите беа богослови со православното значење на зборот, бидејќи имаа стигнато до просветлување и го стекнаа Богопознанието.


     Ѓ


 При Христовото Раѓање се најде и тварта, која прими благодат од вочовечениот Син и Логос Божји. Во терминот твар ги опфаќаме животните, пештерата, јаслите, планините, небото итн. Иконата на Христовото Раѓање покажува дека сета твар прима благодат од Христа. Центар на иконата е Христос, Кој е извор на несоздадената благодат и од Него произлегува осветителната и обожителната енергија Божја.
 При Христовото Раѓање целокупната твар Го воспева Бога, нејзиниот Создател. Се докажува дека Христос како Бог е Создател на тварта, а тварта е Негово создание.
 Претходно кажавме дека целокупната твар при Христовото Раѓање прима благодат од Бога. Треба да правиме една јасна разлика. Енергијата Божја е една, но аналогно на нејзините последици има различни својства.Така, зборуваме за осветителна и обожителна енергија, или за суштествителна, животворна, омудрителна енергија Божја. Во овие рамки треба да кажеме дека тварта од онтолошка страна учествува во суштествителната и животворната енергија Божја, а од сотириолошка страна во осветителната енергија Божја. Само обожените луѓе и ангелите учествуваат и во обожителната енергија Божја.
 Според тоа, луѓето кои се најдоа при Христовото Раѓање и ангелите учествуваа во обожителната енергија Божја, додека нелогосната твар учествуваше во осветителната енергија Божја. Тоа се кажува за да нема никакво помешување во Божјата благодат.

      

     Е

 Зборувајќи за вочовечениот Син и Логос Божји неопходно треба да ги видиме и имињата што Му ги даваме, затоа што тие изразуваат различни теолошки вистини.
 Втората Личност на Света Троица пред вочовечувањето се нарекува Син и Логос Божји. Името Син означува дека се роди од Отецот, а раѓањето е Неговото ипостасно својство. Името Логос Божји се употребува за да се означи не само бестрасноста на раѓањето, туку бидејќи има однос со Отецот како што има словото однос со умот кај човекот. Значи, словото ги објавува поимите и сî она што го има во умот. Така, името Логос ни Го покажува и Отецот, затоа што тој што Го гледа Логосот, тој Го гледа и Отецот преку Логосот.
 По вочовечувањето или поточно во моментот на зачнувањето на Логосот во утробта на Богородица, кога се случува соединувњето на Божјата со човечката природа во личноста на Логосот, Он се нарекува Христос. Името Христос е име на личноста и не се кажува само за една природа, туку се однесува на двете природи во вочовечениот Логос. Бидејќи човечката природа беше помазана од Бога, затоа Логосот доби име Христос. Името Христос Го покажува Отецот Кој помазува, Синот Кој е помазан и Светиот Дух Кој е помазанието. Меѓутоа, бидејќи човечката природа беше помазана од целиот Троичен Бог, затоа во помазанието учествуваше и Логосот Божји. Самиот Логос Божји се помаза Себеси, давајќи Му како Бог помазание на телото, со Своето Божество, а истовремено беше помазан како човек (св. Јован Дамаскин).
 Според тоа, името Христос истовремено ги означува и Бога и човекот, т.е. Богочовекот Христос. По крајно снисходење може да се употребува понекогаш за човечката природа Христова, а понекогаш за Божјата. Затоа што, по ипостасното соединување на двете природи, Логосот се нарекува Христос. Така, Тој Кој беше Син и Логос Божји пред вочовечувањето, останувајќи постојано Син и Логос Божји, по вочовечувањето се нарекува Христос, кое нешто го означува соединувањето на двете природи.
 Зборот Божество се однесува на природата, додека зборовите Отец, Син и Дух се однесуваат на ипостасите. Еретички е да тврдиме дека Божеството се воплоти или се вочовечи. Православно е дека Божеството се соедини со човештвото во една од Своите Ипостаси. Значи, не се воплоти Отецот, туку Втората Личност на Света Троица, Синот и Логосот Божји, Кој беше и е Бог вистински (св. Јован Дамаскин).

    

Ж


 Кај Христа постојат две раѓања. Едното раѓање е предвечно од Отецот вон причина, време и природа, а другото се случи заради нас од Пресветата Богородица "преку зачнување во времето", но "зачнување над законот", бидејќи зачна од Светиот Дух, а не семено.
 Синот и Логосот Божји се роди пред сите векови од Девствениот Отец, без мајка, а во времето се роди од Дева Марија, без телесен татко. И двете раѓања беа бестрасни  и без да предизвикаат промена, бидејќи ниту Бог Отецот со раѓањето претрпе нешто, ниту Пресвета Богородица со раѓањето ја загуби својата девственост.
 И двете раѓања се несфатливи за човечката логика. Ние ја примаме откриената вистина дека Он се роди од Отецот без предизвикување измена и од Богородица бессемено, без да ги обработуваме интелектуално овие факти. Затоа што, според зборовите на св. Григориј Богослов, обидот за сфаќање на надразумната тајна може да го одведе човекот во лудило. Факт е дека двете овие раѓања ја даваат неоподната потврда дека човекот само преку Христа може да се спаси, бидејќи Христос ја поправи грешката на Адам и го одведе човекот до целта до која
ќе стасаше Адам доколку не згрешеше.
 Св. Јован Дамаскин прави неколку суптилни етимолошки забелешки за несоздаденото ( и создаденото , и за нероденото  и роденото . Овие етимолошки забелешки ја изразуваат најдлабоката суштина на православната Теологија.
 Несоздаденоста и создаденоста (со едно ) го означува нетварното и тварното, соодветно, бидејќи несоздаденото не било создадено, додека тварното е создадено некогаш. Во таа смисла Бог е несоздаден (с), додека  се однесува на тварта. Со зборовите создадено  и неоздадено  ја претставуваме природата.
 Нероденоста  и роденоста  не ја означуваат природата, туку личноста (ипостас). Тоа го гледаме кај Бога и кај човекот. Отецот е нероден, затоа што не е роден од никого. Синот по Своето Божествено постоење е роден, затоа што е роден од Отецот пред сите векови. Токму истото го забележуваме и кај луѓето, бидејќи и човекот се раѓа, но е создаден.
 Со овие претпоставки Отецот е несоздаден с, затоа што е нетварен и не постанал, нема почеток на создавање, а истовремено е нероден с затоа што не се родил, туку Он Го раѓа Синот и Го исходи Светиот Дух.
 Синот и Логосот Божји е несоздаден с, затоа што како Бог не е создаден, туку е роден (с) бидејќи се родил од Отецот предвечно. Исто така по човечката природа е роден (с), токму затоа што се роди од Дева Марија во времето.
 Тоа има големо значење за Христологијата, затоа што го покажува Божеството на Логосот Божји, но го покажува и тоа дека по раѓањето е ипостас. Бидејќи роденоста е карактеристичен белег на личноста (ипостас), затоа Богородица роди ипостас која се познава во две природи.

     З

 Едно основно прашање во врска со вочовечувањето на Логосот Божји е зошто се вочовечи Втората Личност на Света Троица, а не Првата (Отецот) или третата (Светиот Дух). Секако, целата Света Троица дејствуваше во вочовечувањето, бидејќи Логосот прими човечка природа, Отецот го благоволи воплотувањето на Својот Син, а Светиот Дух содејствуваше, затоа што Христос се зачна преку Светиот Дух. Но факт е дека Втората Личност на Света Троица ја прими на Себе човечката природа. Постојат три основни причини.
 Првата причина е затоа што Логосот Божји е прототипот на создавањето на човекот. Синот и Логосот Божји е "образ (икона) на Невидливиот Бог" (Кол. 1, 15), а човекот се создаден според образ Божји, т.е. според образ (икона) на Логосот. Според св. Јован Дамаскин, човекот беше создаден според образот на Логосот, бидејќи му беа дадени умноста и самовласноста, и според подобие, т.е. совршен во добродетелите колку што е возможно за неговата природа. Меѓутоа, бидејќи со престапувањето на заповедите се помрачи тоа според образот и се соблече од општењето со Бога, природна последица беше навлегувањето на трулежноста и на смртта. И затоа се вочовечи Логосот, за да го пресоздаде човекот и да го одведе таму каде што би стигнал со Неговата благодат и со својот личен труд.
 Бог со создавањето ни го даде највисокото нешто, т.е. образот и подобието, но ние не го сочувавме, го изгубивме. Сега доаѓа Логосот Божји, прототипот на нашето создавање и го прима пониското, т.е. нашата природа, за да нî ослободи од трулежноста и за да го обнови садот што се извалка и искрши, а исто така и за да нî ослободи од тиранијата на ѓаволот и да нî води кон нов живот.
 Како што учи св. Атанасиј Велики, враќањето на човекот при Бога не беше работа на едно обично покајание, бидејќи по гревот навлегоа трулежноста и смртта. Значи, требаше да се победи смртта. Затоа Синот и Логосот Божји со Своето вочовечување прими најчисто тело од Богородица, но сепак смртно и страсно, за да ги победи смртта и ѓаволот и за да стане прототип на новото создание.
 Втората причина заради која се вочовечи Втората Личност на Света Троица е за да остане Неговото својство (особеност) непроменливо. Тоа значи дека секоја Личност на Света Троица има едно непроменливо својство. Отецот е Отец а не Син, Синот е Син Божји а не Отец, Светиот Дух е Свет Дух а не Отец или Син. Тоа својство не може да се промени, да се измени или да се помрдне. Не можеше Отецот да стане Син, ниту Светиот Дух да се роди, бидејќи исходи од Отецот. Втората Личност на Света Троица Која предвечно се роди од Отецот требаше да се роди и од Богородица во времето, при Неговото воплотување. Така, Синот Божји станува син човечки за да остане својството непроменливо.
 Третата причина е дека Втората Личност на Света Троица е Логосот Божји, Кој ни ја возвестува волјата на Отецот. Он, впрочем, се јавувал во Стариот Завет и ја откривал волјата на Бога Отецот.
 Така, преку воплотениот Логос го стекнуваме спасението. Преку Него го имаме нашето приведување кон Отецот. Он е вратата преку која влегуваме во домот на Отецот, а бидејќи Христос е вратата на овците, клучот е Светиот Дух (св. Симеон Нов Богослов).

     (продолжува)

Христовото раѓање ( II дел)

{moshits}

 Превод: С.С.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная