логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СВЕТИ ЈУСТИН ЌЕЛИЈСКИ

Сите вистини во Православието произлегуваат од една вистина и се сведуваат на една вистина безгранична и вечна. Таа вистина е Богочовекот Христос. Ако до крај ја проживеете некоја вистина на Православието морате да пронајдете дека нејзиното срце е Богочовекот Христос. Сите вистини на Православието не се ништо друго туку разни варијанти на една вистина: Богочовекот Христос. Православието е Православие на Богочовекот. И ништо друго и никој друг. Оттука другото име на Православието е Богочовештво. Во него ништо не се случува по човекот и од човекот, туку доаѓа од Богочовекот и се случува по Богочовекот. А тоа значи дека основната, вечната вистина  на животот и светот, човек може да ја доживее и запознае само преку Богочовекот, во Богочовекот. Уште нешто, целосната вистина за човекот, за целта и за смислата на неговото постоење, човекот ја препознава единствено преку Богочовекот. Без Него и надвор од Него нема вистински човек, бидејки човекот е вистински човек само преку Богочовекот и во Богочовекот. Надвор од Него човекот се претвора само во привидение, во плашило, во бесмислица. И наместо човек наоѓате остаток од човек, дел од човек, исечок од човек. Од тука е  дека вистинското човештво е единствено само преку богочовештво. И нема друго под небото. Зошто Богочовекот е основна вистина на Православието? Затоа што ги реши сите прашања кои го мачат човечкиот дух, прашањата  на животот и смртта, доброто и злото, небото и земјата, вистината и лагата, љубовта и омразата, правдата и неправдата. Со еден збор прашањето на човекот и Бога. Зошто Богочовекот е основна вистина на Православието? Затоа што со својот земен живот најочигледно покажа дека Тој е овоплотена, олицетворена вечна Вистина, вечна Правда, вечна Љубов, вечна Радост, вечна Сила: Севистина, Сеправда, Сељубов, Серадост, Сесила. Сето боженствено совршенство Тој го донесе од небото на земјата. И не само што го донесе, туку и не научи, и ни даде благодатни сили да ги претвораме во свој живот, во свои мисли, во свои чувства, во свои дела. Оттука е нашата призив да ги воплотиме во себеси и во светот околу себе.

Погледнете го најдобриот меѓу најдобрите во човечкиот род. Во сето тоа Богочовекот е најдобро, најглавно и највечно. Бидејќи Тој е – светост на светителот, маченик на маченикот, праведност на праведникот, апостолство на апостолот, добрина да добриот, милосрдие на милостивиот, љубов  на заљубените. Зошто  Богочовекот е се и се во Православието? Затоа што Тој е Еден од Светата Троица, воплотен  Син Божји, незаменлив и Бог, и како  Утешител, и како Заштитник, и како Учител, и како Спасител. Измачен од земната трагедија, човекот единствено во Него семилостивиот Господ Исус Христос, Го наоѓа Бога кој може вистински да го осмисли страданието, Утешител кој може вистински да утеши во секоја неволја и тага, Заштитник кој може вистински да заштити од секакво зло, Спасител кој може вистински да спаси од смртта и гревот, Учител кој може вистински да научи за вечната Вистина и Правда.

Богочовекот е се и се во Православието, бидејки безмерно го возвеличи човекот, го издигна до Бога, го направи бог по благодат. А тоа го оствари непотценувајки го човекот на сметка на Бога, туку исполнувајки го човекот со сите божествени совршенства. Како никој друг Богочовекот го прослави човекот, дарувајќи му Живот вечен, Вистина вечна, Љубов вечна, Правда вечна, Радост вечна, Добро вечно, Блаженство вечно. И човекот со Богочовекот достигна божествена големина. Додека основната Вистина на Православието е Богочовекот дотолку секоја вистина на инославието е човекот, или делови од неговата личност: разум, душа, тело, вештаство. Никаде во инославието нема интегрален човек, туку целиот е разбиен на атоми и во делови. И тоа се за возвеличување на човекот. Но колкава  e бесмислицата  “Уметност поради Уметност” толкава е и бесмислицата “човек поради човек”. Тој пат води во кукавички пандемодиум, каде врховен идол е човекот. И никаде покукавички идол од тоа. Почетна вистина на Православието: човекот не е заради човекот, туку човекот е поради Бога. Или поточно заради Богочовекот. Затоа ние во името на човекот остануваме со Богочовекот. Во Него единствено може да се разбере човечкото битие,  и во Него само може да се оправда човечкото постоење. Во таа вистина се стекнуваат сите вистини небески и земни, сите вредности во сите светови за кои човек може да размислува, сите радости и сите совршенства кои човек може да ги достигне.

Посредно и непосредно во Православието Богочовекот е се, а во Него и човекот, а во инославието е само гол човек. Во самата суштина Православието не е ништо друго туку чудесната Личност на Богочовекот Христос, продолжена во сите векови, продолжена како Црква. Православието има свој печат и свој знак по кој се распознава. Тоа е светлиот Лик на Богочовекот Исус. Сето тоа што не го содржи тој Лик не е Православно. Се што нема Богочовечка Вистина, Правда, Љубов , Вечност не е Православно. Секој што сака Богочовечкото Евангелие  да го оствари во овој свет, со методите на овој свет, и со методите на царството на овој свет не е православно, туку е робување  на третото ѓаволско искушение. Да се биде православен значи да се има секогаш Богочовекот во душата, да се живее со Него, да се мисли со Него, да се чувствува со Него. Со други зборови: да се биде православен значи да се биде христоносец и духоносец.  Тоа човекот го постигнува кога во телото Христово –Црквата, со целото свое битие ќе се исполни со Богочовекот Христос од врвот до дното. Тогаш православниот човек е постојано распнат со молитвите помеѓу небото и земјата, како јаже кое го врзува врвот на небото со дното на земјата. И додека телото молитвено оди по тажниот земски мравјалник, со душата престојува горе каде Христос стои од десната страна на Бога, бидејки неговиот живот е сокриен со Христа во Бога. (Кол. З,1-3).

Богочовекот е осовина на сите светови: од атомски до херувимски. Ако се откине  од него било што веднаш се чувствува ужас, мака и страдање. Се откина Луцифер и постана Сатана, се откинаа и ангелите и постанаа демони, се откина и човекот во многу работи и постана нечовек.  И  секоја работа што ќе се откине од Него се претвора во тага и хаос. А кога народот како целина ќе се одрече од Богочовекот, тогаш неговата историја се претвора во патување низ пеколот и неговите стравотии. Богочовекот не е само основна Вистина на Православието, туку и сила и семоќ на Православието, бидејки единствено Тој го спасува човекот од смртта, гревот, и ѓаволот.  Тоа никогаш не можеше ниту некогаш ке може да го направи човекот, и тоа било кој човек , а ниту човештвото како целина.  Секоја борба на човекот против смртта, гревот и ѓаволот завршува со пораз ако не е предводена од Богочовекот.  Само со Богочовекот Христос, човекот ги совладува смртта, гревот и ѓаволот. Тука е смислата на човекот да се исполни со Богочовекот, во телото негово-Православната Црква, да се преобрази со Него преку благодатен подвиг, да стане моќен со Него со силата на Светиот Дух, да се обесмрти, да се обожи и да се обогочовечи. Тоа е смислата, вистинската смисла на целиот род човечки. Тоа е радоста, единствената радост на овој свет со безмерна тага и отровна горчина. Православието е Богочовечко Православие. И ние исповедајки го Богочовекот го исповедаме христоликиот човек, божественото потекло на човекот, божествената возвишеност на човекот, а со тоа и божествената вредност и неприкосновеност на човековата личност. Борабата за Богочовекот е борба за човекот. Не хуманистите, туку луѓето од православната богочовечка вера се борат за вистинскиот човек, човек со Божји лик и Христов лик.
1937

Превод: Б.Ч.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная