логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Душеполезна книга за честото причестување со
Светите Христови Таинства

Преподобен Никодим Светогорец и свети Макариј Коринтски

Приговор 1

Постојат некои луѓе со голема богобојазливост, кои не познавајќи го Писмото, кога ќе видат како некој христијанин редовно се причестува, започнуваат да го прекоруваат, говорејќи дека тоа право им припаѓа само на свештениците.
На таквите луѓе не им одговараме со наши зборови, но со зборовите од Светото Писмо, на светите Собори, на светиите и на учителите на Црквата Ние велиме, дека свештеничкото служење се состои во тоа, што тие ги принесуваат Божествените Дарови и со нивно посредство, како органи на Светиот Дух, преку Неговото слегување, се извршува осветувањето на тие Дарови. Исто така свештениците се тие кои го застапуваат народот пред Бога и исполнуваат други свештенодејства, кои не може да ги извршува некој, кој не е посветен во свештенички чин. Кога ќе дојде време за причест и тие самите се подготвуваат да се причестат, и тогаш по ништо не се разликуваат од мирјаните или монасите, освен по тоа што свештениците ј а даваат, а мирјаните ја примаат Светата Тајна Причест, а разлика има и во тоа, што свештениците се причестуваат во олтар и тоа непосредно, без лажичка, а мирјаните и монасите - надвор од олтарот и тоа со света лажичка.
Дека тоа е навистина така и дека во причестувањето свештениците воопшто не се разликуваат од мирјаните, сведочи и божествениот Златоуст говорејќи: „Еден Отец не има родено. Сите ние сме Негови страдални деца". Тоазначи дека сите сме родени од една мајка - светото Крштение. „Едно и исто питие им се дава на сите". Крвта Господова е таа која им се дава на сите и на свештениците и на народот. „И не само што се дава едно и исто Питие, но се дава и од иста Чаша. Бидејќи Отецот, сакајќи да не приведе кон љубовта, устроил сите да пиеме од една иста Чаша, која претставува симбол на безгранична љубов". И на друго место Златоуст вели: „Свештеникот во некои работи во ништо не се разликува од мирјаните. На пример, кога следи причестувањето со Светите Тајни, сите ние се удостојуваме со едно и исто, а не како во Стариот Завет: едно јадел свештеникот, а друго - непосветените. Законот не му дозволувал на народот да го јаде она, што го јадел свештеникот. Денес повеќе не е така, но едно Тело и една Чаша им се нуди на сите". Со други зборови, денес по благодатта на Евангелието на Светиот Престол се наоѓа подготвено едно и исто Тело и една и иста Чаша.
Свети Симеон Солунски пишува: „Сите верни треба да се причестуваат Бидејќи тоа не е само служба на архиерејот, која се состои во тоа, да се свештенодејствува Сесветото Тело Христово и Крв и да им се раздаде на сите верни за Причест, бидејќи единствено за тоа и се предодредени".
Јов Амартол во својата книга „За таинствата" пишува: „Целото совршенство и цел и дело (на Литургијата) се состои во причестувањето со животворните и страшни Таинства и Светињи. Затоа најпрво им се даваат на свештениците во олтарот, а потоа и на народот кој се подготвил и кој се наоѓа пред олтарот".
Од ова произлегува дека со принесените Дарови први треба да се причестат свештениците,   а   потоа   и   целиот   народ,   согласно   со   сведочењето   на свештеномаченикот Климент кој вели: „Да се причести епископот, а потоа - свештениците и ѓаконите и ипоѓаконите, и чтеците и псалтите, и подвижниците, а од жените - ѓаконисите, девиците и вдовиците, а потоа - децата и целиот народ по чин, со стравопочит и без врева".
А претходно спомнатиот Јов вели, дека оној кој е достоен може да се причестува и секој ден, исто како и свештениците, и тоа без разлика - она што важи за свештениците важи и за мирјаните, мажи и жени, деца и старци - или просто кажано за сите христијани, без разлика на возраста и чинот.
Оние свештеници, кои не ги причестуваат христијаните што пристапуваат кон Божествената Причест со стравопочитување и со вера во Бога, постапуваат како убијци, согласно со напишаното кај пророкот Осија: „Како разбојници го дочекуваат човека така, здружени свештеници убиваат по патот за Сихем и вршат лоши работи". (Осија 6, 9). Со други зборови, свештениците кои го сокриле патот и желбата и заповедта Божја, и не ја објавиле, го убиле Сихем и вршеле беззаконие во Мојот народ.
Јас се чудам и не знам дали постојат такви свештеници кои ги одбиваат оние кои пристапуваат кон Тајните. Бидејќи тие дури не ни помислиле на тоа, дека зборовите нивни, во крајна линија, се - лага. Па и тие самите на крајот од Литургијата гласно ги повикуваат сите верни, говорејќи: „Со страв Божји, вера и љубов пристапете". Односно, дојдете и причестете се со Тајните; а потоа, повторно самите се одрекуваат од своите зборовите и ги одбиваат оние кои пристапуваат. Јас не знам како би можело да се нарече ова безредие.

Приговор 2

Некои приговараат дека треба да се причестуваме еднаш во четириесет дена и ништо повеќе од тоа.

Оние кои го застапуваат овој став, заради себеоправдување го изложуваат сведочењето на божествениот Златоуст, кој вели: „Од кои причини ние постиме во тие четириесет дена? Во минатото многумина пристапувале кон Тајните туку-така. И тоа било најчесто во времето кога Христос ни ја предал Тајната. Светите отци согледувајќи ја штетата која настанува од нередовното причестување се собрале и одредиле четириесет дена пост, молитва, слушање на Светото Писмо, посетување на Црквата, за во тие денови сите да се очистиме благодарение на внимателноста и молитвите, милостината, постот, сеноќните бденија, солзите и исповедта и сите други добродетели, колку што е можно според нашите сили, и на тој начин со чиста совест да пристапиме кон Таинството".
На овој приговор ние одговараме дека оние кои сакаат да го докажат своето мислење имаат обичај во своја корист да изложуваат изреки од Светото Писмо или од некои светители, за да ја сокријат јадицата под мамката. „Бидејќи, - вели божествениот Златоуст,- лагата, кога сака во неа да се поверува, ако во својата основа не стави прикриена, но не и целосна вистина, не може да биде прифатена и не може во неа да се поверува". Така прават и овие, благословениве.
Меѓутоа, не треба да се отсекуваат и да се издвојуваат некои изреки од Светото Писмо самостојно од целината во која се наоѓаат и насила да се применуваат за сопствени цели, затоа што истиот Златоуст вели: „Ние не треба да ја проучуваме таквата изрека сама по себе, но треба да внимаваме и на тоа што следи по неа и за што се говори и кој говори и кому и кога и каде и зошто и како. Недоволно е да се каже само, дека така е напишано во Светото Писмо, издвојувајќи изреки и одделни делови од боговдахновеното Писмо, одвоено и соголено од нивното опкружување, земајќи си на себе за право и дозволувајќи си себе погрешно да ги толкувате. Бидејќи натој начин многу лажно претставени догмати навлегоа во нашиот живот во соработка со ѓаволот, кој ги убедува невнимателните луѓе да кажуваат текстови од Светото Писмо, одвоени едни од други, додавајќи или одземајќи им по нешто и на тој начин да ја помрачат вистината".
 И затоа тие не треба да го говорат само она, што Златоуст го кажал, дека божествените отци одредиле пост од 40 денови, во кој ние треба да постиме и да се причестиме, но треба да го разгледаат и она што им претходи на тие зборови, како и она што следи по нив, и која е поуката од беседата на тој божествен отец и по кој повод и како и кому е упатена таа беседа. Оние кои ни приговараат, тврдат и докажуваат дека божествениот Златоуст го ограничил Причестувањето само на Пасха. Ако тие приврзаници на четириесетдневниот пост сакаат да го образложат ова, тогаш треба или согласно со своето убедување, да се причестуваат само еднаш годишно и тоа на Пасха и да станат како оние луѓе на кои тогаш им се обраќал Златоуст, или треба да имаат десет Големи пости годишно, односно толку пости, колку што сметаат дека може да се причестат.
Ако првото не им се допаѓа, а второто не можат да го исполнат, тогаш нека замолчат и нека не ги обвинуваат другите и божествениот Златоуст и нека не го претставуваат него по ова прашање како противник не само на апостолите и Вселенските и Помесните Собори, како и на многу други богоносни отци, кои говорат за редовното причестување, но и како противник на самиот себе, бидејќи тој најмногу од сите други пишува за редовното причестување и во многу други беседи, како и во оваа, каде покрај другото вели: „Не ми го предлагај тоа, но докажи ми дека Христос заповедал така да се прави, бидејќи јас ти укажувам, дека Он наредил да се прави спротивното, и не само што не ни заповеда да ги проучуваме деновите, но и не ослободи од таа потреба. Послушај, што вели светиот апостол Павле, - а кога го спомнувам апостол Павле, тогаш мислам на Самиот Христос, затоа што Христос бил Тој што ја придвижувал Павловата душа. Значи, што вели тој? „Гледате на деновите, месеците, времињата и годините. Се плашам за вас, да не би случајно залудно сум се трудел меѓу вас" (Гал. 4, 10-11) и сум ви го проповедал Евангелието.
И повторно истиот апостол вели: „Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде". (1. Кор. 11, 26). Велејќи „кога" (т.е. секогаш, секој пат) го прави господар оној кој сака да се причести, ослободувајќи го од секакво сметање на деновите. Бидејќи Пасха и Четириесетница не се едно и исто, туку Пасха - е едно, а Четириесетница - друго. Затоа што Четириесетница е еднаш годишно, а Пасха три пати неделно, а понекогаш и четири или поточно, онолку пати колку што ќе посакаме, оти Пасхата - не е пост, туку Принесување и Жртва, која се принесува на секое собрание", т.е. на секоја света Литургија и Причест која се извршува на Литургијата. „А дека тоа е навистина така, слушни од Павле кој вели: „Оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас" (1. Кор. 5, 7). Така што, секогаш кога со чиста совест му пристапуваш на Таинството, ти извршуваш Пасха. Не тогаш, кога постиш, туку кога се причестуваш со таа Жртва.
Затоа и огласените никогаш не извршуваат Пасха, иако постат секоја година, затоа што не смеат да се причестат. А оној кој не пости, кога ќе прими Причест, ако пристапил со чиста совест, тогаш извршува Пасха - било да е тоа денес, утре или некој друг ден. Затоа што подготовката не се оценува со извесен временски период, но со чиста совест.
Ние постапуваме спротивно на ова: умот не го очистуваме, а кога ќе се собереме да празнуваме Пасха и пристапуваме тој ден на Тајната, иако имаме илјадници гревови. Така не смее да се прави, не! Бидејќи ако и на Велика Сабота пристапиш кон Тајната со неискрена совест, отпаѓаш од Причестувањето и си заминуваш без да ја извршиш Пасхата. А ако денес се очистиш од гревовите, се присоединуваш како да си извршил Пасха.
Би требало таа ваша посветеност и внимателност да ја применувате во однос на Тајната, а не во запазувањето на времето. И како што сега сте подготвени да претрпите се само за да не го смените обичајот, така би требало обичајот да го оставите и да направите се за да пристапите кон Тајната без гревови. Бидејќи срамно е да не станувате подобар и да пребивате во неумесно препирање. Тоа ги погуби и Јудеите, кои сакајќи да останат при стариот обичај, западнаа во нечестие".
И повторно тој вели: „Знам дека многумина од вас по навика, заради празникот, пристапуваат кон Светата Трпеза. Меѓутоа, би требало, како што и порано многупати кажував, да не гледате на празникот кога да се причестите, но да ја очистите совеста, па потоа да прнстапите кон Светата Трпеза. Бидејќи порочниот и нечист човек и на празник да се причести со тие Свети и страшни Тајни, повторно нема да биде достоен. А оној што се очистил благодарение на усрдното покајание, и измивајќи ги своите прегрешенија е достоен да се причести со Божествените Тајни и на празник и секогаш и да се насладува со Божествените дарови. Но некои, не знам зошто, занемарувајќи го ова, иако се полни со илјадници зла, кога ќе видат дека е празник, буквално понесени од самиот ден, се причестуваат со Светите Тајни, а кои според законот не се достојни ни да ги видат".
Значи ете како божествениот Златоуст не само што отворено ги убедува оние кои сакаат да ја слушаат вистината, но и пророчки го отфрла тој обичај за четириесетдневен пост
Што се однесува, пак, за четириесетте дена, за кои говори како за денови определени од светите отци, за оној што сака да слуша, ова објаснување би требало да биде едноставно. Но, сепак, ние ќе наведеме уште некои работи за оние, кај кои се уште постои сомнеж.
Азиските христијани во тоа време ја празнувале Пасхата заедно со Јудеите под изговор, дека тоа го примиле од Јован Богослов и апостолот Филип и некои други. И иако божествените отци, собирајќи се наПомесни собори, пишувале против тоа многу пати, тие својот обичај не го напуштале се додека не бил свикан Првиот свет вселенски собор, кој, помегу другото определил во иднина Пасхата да не се празнува заедно со Јудеите, но да се празнува во неделата по пролетната рамноденица, за да не се совпадне со јудејската пасха. Мегутоа и покрај ова многумина продолжиле да го запазувааттој лош обичај. Божествениот Златоуст своите беседи им ги упатувал ним, разобличувајќи ги, дека ја занемаруваат одлуката на толку голем број божествени отци само заради еден лош обичај.
Поради оваа причина тој толку го фали достоинството на божествените Отци од Првиот вселенски собор и им го припишува правилото за Четириесетница говорејќи, дека тие го востановиле, сакајќи на тој начин да ги разубеди тие азиски христијани и да ги привлече кон послушание. Бидејќи кој не знае дека постот во Светата Четириесетница е востановен од страна на светите апостоли, кои во 69-то правило велат: „ако епископ, или презвитер, или ѓакон, или чтец, или псалт не пости во Светата Четириесетница пред Пасха, или во среда или петок, освен ако е телесно слаб - нека биде исклучен од свештенството. А ако е мирјанин нека биде одлачен".
Или можно е, велитој, даја востановиле отците од Првиот вселенски собор, бидејќи и ја додале и Големата и Страсна (Страдална) Седмица, како што и зборува за тоа на едно друго место: „Затоа отците го продолжија времето на постот, за да имаат време за покајание и очистени и измиени да пристапат кон Тајните".
А вистинската причина, поради која, свети Јован Златоуст вели дека Првиот вселенски собор ја востановил Четириесетницата е следнава. Бидејќи тогашните христијани биле невнимателни и сите не ја постеле целата Четириесетница - така што едни постеле само три недели, други - шест, а трети - уште поинаку, секој согласно со својот локален обичај, како што сведочи и Сократ во „Црковна историја", отците на Првиот вселенски собор повторно го прогласиле правилото на светите апостоли и устроиле целата Четириесетница да се пости безусловно. И божествениот Златоуст вели, дека тие отци, устројувајќи ја Четириесетницата, го имале предвид обновувањето на Правилото, што тие тогаш го направиле.
Од сето ова досега кажано се гледа дека, свети Јован Златоуст ја раскинува лукаво сплетената мрежа од аргументи на оние кои велат, дека тој е заштитник на ставот - Причест само еднаш по четириесетдневен пост.

Превод од руски:
свештеник Љупче Миланов
Наслов на изворникот: Преп. Никодим Сятогорец, Свт. Макарий Коринфский.
Книга душеполезнейшая о непрестанном причащении
Святьіх Христовьіх Таин. Сумьі, 2001.

  

Друго:

 

Korica.P.Svetlina.jpg

 Извор: Десетто издание на „Православна светлина“

 


 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7593
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная