(Обновено)
Ние луѓето имаме два проблема. Прво: живеење во секојдневно страдање, кое се состои од безизлeз на нашиот живот поради многу економски, политички, социјални, религиски, семејни и индивидуални проблеми.
Засипнува нашето грло за да постигнеме нешто, за да нè разберат, за да нè оправдаат, за да ни помогнат. И срцето наше е полно со желби, добри или лоши сонови, не е како утврден град – силен, возвишен, со еден храм на врвот свој во кој се наоѓа Бог, славата Негова, утехата Негова. Обично, во себе носиме срце со дупка во средина, длабок бунар полн со маки, јадови, незадоволства. Тоа е нашиот личен пекол, на чие дно, сепак, треба да слезе Христос, да го очисти, просветли, за да стане свештен кивот, исполнет со Бог, а на отворот од тој бунар [Христос] да стане жртвеник за нашите духовни жртви и молитви.
Поради тоа, кога чувствуваме дека сме изгубени, промашени, скршени, грешни, непокајани, да Го очекуваме Бог, Кој ќе влезе во нашето срце, по пеколот наш. Да не паѓаме во очај, зашто нашиот очај е гордост, најголемо станување против Бог.
Да седиме во пеколот свој, да го дигнеме крстот свој, како што и Христос го подигна Својот Крст, и Он ќе нè најде таму каде што седиме и ја оплакуваме својата судбина, и тогаш ќе нè раздрма, како што му направи на Адам: „Адаме, каде си? Каде си, дете мое?“ Тогаш ќе станеме и ќе ја видиме Неговата рака, која ќе сака да нè издигне до поголемо богопознание.
Старец Емилијан Симонопетриски
Извор:
Воведенски Храм Населба Рача
За Преминпортал:
Дејан Блажески
25ти јуни 2021 лето Господово