логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

o.Virickij.jpg


Отец Серафим Вирицкиј

(Овој текст отец Серафим Вирицкиј го адресирал на едно свое духовно чедо – епископ, кој се наоѓал во затвор. Во нега се гледа одблесокот од најдлабоката молитвена тајна, откриена во беседата на Бога со човековата душа. Ова е духовно наследство на старецот, оставено на сите нас.)

Дали некогаш си размислувал дека сè што те засега тебе, Ме засега и Мене?
Зашто, тоа што те засега тебе, ја засега и зеницата на Моето око.
Ти си Ми драг во Моите очи, непроценлив, и Јас многу те засакав,
И затоа за Мене претставува особено задоволство да те воспитувам.
Кога ќе те нападне непријател и ќе те снајдат искушенија, како река, сакам да знаеш дека

TOA ОД МЕНЕ ДОАЃА.


На твојата слабост ì е потребна Мојата сила, и сигурноста твоја
е во тоа да Ми дозволиш да те заштитувам.
Ако се наоѓаш во тешка неприлика,
среде луѓе коишто не те разбираат, и не водат сметка
за тоа што ти е тебе пријатно, и коишто те отфрлаат –
 
И TOA ОД МЕНЕ ДОАЃА.

Јас Сум – твојот Бог, којшто располага со приликите,
и ти не си случајно на своето место –
тоа е токму она место коешто Јас ти го определив.
Нели ме молеѓе да те научам на смирение?
Па ете, Јас те поставив токму во онаа средина,
во она учулиште во кое се изучува таа лекција.
Твојата средина и оние што живеат во неа само ја исполнуваат Мојата волја.
Ако ти недостигаат пари, и ако тешко сврзуваш крај со крај, знај, дека

TOA ОД МЕНЕ ДОАЃА.


Зашто, јас располагам со твоите средства, и сакам да Ми се обратиш
и да знаеш дека од Мене зависиш.
Моите извори се неисцрпни.
Јас сакам да се увериш во Мојата верност и во вистинитоста на Моите ветувања,
за да не се случи, во твоите неволји, да ти кажат:
„Не Му верувај на Твојот Господ Бог“.
Си ја поминал ноќта во тага?
Одвоен си од блиските и од оние што ти се драги на срцето? – знај,

И TOA ТИ Е ПРАТЕНО ОД МЕНЕ.

 

Дозволив до тебе да се допре тоа разочарување, за да разбереш
дека твојот најдобар пријател е Господ.
Јас сакам сите нешта Мене да Ми ги принесуваш и да Ми се доверуваш.
Ако некој те наклевети, препушти ми го тоа Мене, и приклони ја твојата душа
поблиску до Мене, твоето прибежиште, за да се засолни од злите јазици,
и Јас ќе ја изнесам правдата твоја и судбината твоја на светлината на денот.
Се урнаа твоите планови, ти потклекна со душата и ги изгуби силите? – 

И TOA ОД МЕНЕ ДОАЃА.


Ако си подготвил некаков план, и ако имаш свои намери, изнеси ги пред Мене,
за да ги благословам. Јас сакам да Ми препуштиш
да располагам и да раководам со приликите на твојот живот,
зашто ти си само орудие, а не лице коешто може да дејствува.
Ако ти се случат ненадејни животни неприлики,
и ако тагата го обзеде твоето срце, знај –

И TOA ОД МЕНЕ ДОАЃА.


Зашто, Јас сакам твојата душа и твоето срце секогаш да бидат огнени пред Моите очи,
и секоја малодушност да ја совладуваат со името Мое.
Ако долго време не добиваш вести од блиските, од оние што ти се драги,
и во малодушноста своја и во маловерието свое почнуваш да негодуваш  и да очајуваш, знај –

И TOA ОД МЕНЕ ДОАЃА.


Зашто, преку тоа измачување на твојот дух ја испитувам силата на твојата вера
во безусловноста на ветувањата и во силата на твојата молитва за твоите блиски,
зашто, нели и сега ги принесуваш на Покровот на Пречистата Моја Мајка?
Ако те снајде тешка болест, привремена или неизлечива,
и заради тоа си врзан за својата постела –
 
И TOA ОД МЕНЕ ДОАЃА.


Зашто Јас сакам уште подлабоко да Ме запознаеш во своите телесни слабости
и да не се поплакуваш за искушението што ти е пратено
и да не настојуваш да проникнеш во Моите планови
за спасение на човечките души на различни начини,
туку безпоговорно и покорно да ја приклониш главата под Мојата добрина за тебе.
Ако си мечтаел да направиш некакво особено дело за Мене,
Но наместо тоа си паднал во болесничка постела и си изнемоштил –

И TOA ОД МЕНЕ ДОАЃА.


Зашто, тогаш си бил задлабочен со своите дела,
и Јас не Сум можел твоите мисли да ги привлечам кон Себе,
а Јас сакам да те научам на Моите најдлабоки мисли и лекции,
за да можеш да бидеш во Мојата служба.
Сакам да спознаеш дека без Мене си – ништо.
Некои од Моите најдобри синови се оние коитшо се одвоени од секојдневната активност,
за да научат да владеат со оружјето на постојаната молитва. Ако ненадејно си повикан да се нафатиш на некаква одговорна и тешка задача, препушти Ми се Мене. Јас ќе ги преземам тие тешкотии, и за тоа ќе те благослови Господ Бог твој во сите твои дела, на сите твои патишта, и Господ Бог твој во сè ќе ти биде раководител и Наставник.

Во овој ден, чедо Мое, во рацете твои ти го давам овој сад со осветен елеј, ползувај го слободно.
Постојано сеќавај се дека секоја неприлика, секој збор што те натажува, секоја клевета и осудување, секоја пречка во твојата работа којашто би можела да предизвика кај тебе чувство на досада, разочарување, секое сознание за својата сопствена слабост и неспособност, ќе биде помазано со овој елеј, зашто тој –

ОД МЕНЕ ДОАЃА.

o.Virickij1.jpgИмај постојано на ум дека секоја пречка е Божје поучување,
и затоа внеси го во срцето свое ова слово, коешто ти го објавив во овој ден

ЗАШТО ТОА ОД МЕНЕ ДОЈДЕ.

Чувај го, и знај и споменувај си– секогаш, каде и да си,
дека секоја острица ќе се изгуби кога ќе научиш во сите нешта да Ме гледаш Мене.
Сè е испратено од Мене за усовршување на твојата душа.
СЕТО ТОА ОД МЕНЕ ДОАЃА

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2056
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2072
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 518
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная