Не постои ниту еден човек кој не би имал свој Крст. Богати или бедни, убави или непријатни, високи и ниски, жени и мажи, и деца, и оние луѓе со безгрижен живот на кои им завидуваш – сите тие имаат свој Крст. Можеби, тие му се радуваат на своето здравје, кое ти, да речеме, го немаш, но истовремено имаат душевна болка или се наоѓаат во тешки околности.
Не постои ниту еден човек, кој не би имал свој Крст, само немаат сите ист како твојот. Тоа е нешто големо – да се има Крст. Тоа е голема тајна. Тоа е еден од оние моменти, кога чувствувам дека немам ништо да кажам, - не знам, не го знам одговорот.
- Се сеќаваш, како преподобен Антониј Велики Му го поставил на Бога истото прашање:
- „- Господи, зошто се случува, богатите луѓе да живеат добро, дочекуваат длабока старост и умираат, не боледувајќи, не страдајќи, за ништо не се грижат, и сè им оди како што треба? А бедниот, скромниот, чесниот, праведниот човек толку многу страда... Зошто е тоа така? Зошто еден умира млад, пред да успее да му се израдува на животот, а друг живее во раскош, задоволства, разврат и дочекува 95-100 години, како да заборавил да замине во другиот свет, и умира во длабока старост? Зарем тоа е праведно?
Крстовите кои ги даваш – како да ги носиме? Како да гледаме на нив?“ Тие прашања си ги поставувал свети Антониј, си ги поставуваат и други, не само ти, - многумина размислуваат за тоа, наоѓајќи се во тешки искушенија. Но, тој ги претворил своите прашања во молитва, - не во богохулство, негодување и гнев, а имено во молитва, и рекол:
- Господи, кажи ми, откриј ми ја тајната!
И Господ му одговорил:
- Антониј, гледај во твоите дела, не во Моите! Тоа се Мои тајни, кои што не можат да се сместат во твојот ум. Ти се мачиш со тие прашања, затоа што тие ги надминуваат твоите сили, не се однесуваат на тебе, и твоите плеќи не ќе можат да ги понесат.
Архимандрит Андреј (Конанос)
Извор: Преспанско- пелагониска епархија