логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Преображение на светот

 

Jov(Gecha).jpg

Автор: Архим. Јов (Геча)


Пред се оваа тема бара разјаснување на соодветната библиска терминологија. Терминот преображение, на грчки μεταμόρφωσις, означува промена на формата и насочува на одреден настан од животот на Христос, изложен во синоптичките Евангелија (Матеј 17:1-9; Марко 9:2-10; Лука 9:28-36). Во посланието на ап.Павле овој термин може да означува и духовно преобразување на верните (Рим. 12:2; Кор. 3:18; Фил. 3:21).

Терминот свет, на грчки κόσμος, означува универзум, вселена. Во библиските текстови може да означува место, каде што живеат луѓе (Мат.26:13), местото, каде што доаѓаме (каде се раѓаме) (Јован 1:9), каде што се наоѓаме (Јован 1:10), од кое што заминуваме (кога умираме) (Јован 13:1), а исто така свет што ќе дојде (Мат.12:32). Кај св.ап. Јован и Павле со тој термин се означува местото каде што се извршува тајната на спасението. Светот бил создаден добар (Бит.1:10), но под влијанието на гревот паднал под власта на кнезот на овој свет и станал лош (Јован 12:31). Поради тоа и Синот Божи станал човек – за да го спаси тој свет: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3:16). Евхаристиската жртва, која што ја актуализира Христовата жртва, е дарувана за да даде живот на овој свет: „Јас сум живиот леб што слезе од Небото. Ако некој јаде од овој леб ќе живее довека;а лебот, што ќе го дадам, Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за живот на светот“ (Јован 6:51).

Од тој момент христијаните се наоѓаат во овој свет, но тие во исто време и не се од овој свет (Јован 8:23). Од тој момент тие учат да го користат овој свет за свое добро и да учествуваат во неговото преображение (1.Кор. 7:29-31).

Оваа тема не поттикнува да си зададеме неколку прашања. Што претставува, во сопствена смисла на зборот, преображението во христијанскиот живот? Каков треба да биде односот на христијаните кон овој свет? Еве две прашања на кои што ќе се обидеме да одговориме.

Преображението во христијанскиот живот

Сцената, опишана во синоптичките Евангелија, се случува на планината Тавор, за време на Христовото патување кон Ерусалим.  Ап. Матеј го става тој настан после Христовата проповед за Царството и пророштвото за Неговите страдања и Воскресение, но пред опишувањето на самите страдања. Истиот редослед на настаните го наоѓаме и кај ап. Марко: преображението се случило после словото на Христос за Крстот и за Царството Божјо. Кај ап.Лука тој момент е опишан  после патувањето во Галилеја и пред тоа во Јудеја, и исто така пред расказот за страдањата.

Таа, врската помеѓу Преображението и Страдањата, центар во кој што се јавува тајната на спасението, наоѓа израз во византиската химнологија на празникот Преображение Господово. Во кондакот се вели:

На планината си се пробразил, Христе Боже, и учениците Твои ја видоа Твојата слава, колку што можеа да примат, та кога ќе Те видат распнат, да го разберат Твоето доброволно страдање и да проповедаат на светот, дека Ти си светлината на Отецот.

Токму таа врска помеѓу Преображението и Христовите страдања објаснува зошто Православната Црква го празнува Преображението на 6 Август, т.е. 14 дена пред празникот Воздвижение на Чесниот Крст – 14 Септември.

Затоа, Преображението е откровение на Божественоста на воплотениот Бог. Св. Јован Дамаскин вели дека Христос кога се преобразува, „не станува нешто што не бил, [1]  но ги отвара очите на Своите ученици и им го излегува слепилото, им се јавува истиот, Кој што бил“.[2]  Така Бог се открива Себе Си. Затоа Преображението е троично Богојавление (Теофанија), каде што Синот се јавува во тело, Отецот – сведочи, а Духот Свети присуствува во вид на облак. Освен тоа Преображението ја открива и перспективата за спасението на човекот.

Преображението не ја открива скриената во Христос Божествената природа, но го повикува човекот да стане учесник во Божјата природа, како што вели ап.Петар, сведок на тоа Преображение (2.Пет. 1:4), и како што зборуваат многу од Отците на Црквата. Св. Иринеј Лионски, на пример, го вели истото на следниот начин: „Словото Божјо стана човек и Синот Божји – Син човечки, за да се соедини  (човекот) со Словото Божјо и да добие синовство, за да стане (човекот) Син Божји“.[3] Св. Атанасиј Александријски ја искажува истата идеја во својот трактат За Воплотувањето: Тоа (Словото) се вочовечи, за ние да се обожиме“.[4]

Преображението е телесен настан и ги потсетува христијаните, дека во тело се извршува тајната на спасението. Ако ги употребиме зборовите на св.Андреј Критски, Христовото преображение е јавување на обожението на човековата природа. [5] Светоотечката тема за обожението (θέωσις) станува особено популарна, започнувајќи од 6 век, во традицијата на св. Дионисиј Ареопагит. За авторот, кој што сам себе си се нарекува Дионисиј Ареопагит, спасението (σωτηρία) „не може да се случи по друг начин, освен како обожение на спасените (θεουμένων τῶν σωζομένων). А обожението (θέωσις) е возможно, доколку е возможно уподобувањето на Бога и единството со Него“ [6] Размислувајќи над црковната ерархија како начин за пренесување на божествените енергии, св. Дионисиј доаѓа до заклучокот дека обожението се остварува преку тајните во Црквата, тоа го кометира во својот трактат на следниот начин: „Ние, благодарение на чувствените симболи, се издигаме – колку што е можно – кон божествените умозренија“.[7] Имено во светлината на обожението монасите – исихасти од 14 век кои што ја следат традицијата на св. Дионисиј Ареопагит – ја имаат разберено тајната на спасението на човекот. Кај св. Григориј Палама, кога тој вели дека „Синот Божји стана човек, за да стане Син Човечки и станувајќи учесник во смртта, направи луѓето да станат синови Божји, да ги направи причесници на божествената бесмртност (κοινούς ποισας της θείας αθανασίας)”,[8] се слушаат одгласи од идеите на св. Иринеј и на св. Атанасиј. Така, спасените се одвива во динамичната перспектива на заедницата на човекот со Бога: заедница, која што станува возможна од моментот на воплотувањето на Бога.

Исихастите, за кој што најголем авторитет е св. Григориј Палама, настојуваат, дека молитвата и тајните на Црквата се две средства со кои располага човекот, за да ја оствари заедницата со Бога. „Ние се соединуваме со Него – пишува тој – според мерката на нашите можности, исполнувајќи ги Неговите добродетели, и во молитвата ние стапуваме во заедница со Бога“.[9]

Треба да одбележиме дека Евангелито според ап. Лука додава уште нешто, што е многу важен детал за овој расказ, прифатен и од другите две синоптички Евангелија. Апостолот потенцира, дека Христос се искачи на планината за да се помоли (9:28). Затоа, согласно зборовите на св. ап. Павле, Христос се преобразил за време на молитва. Како коментар на тој пасус, св. Григориј Палама ја истакнува важноста на преображението за животот на христијаните: „За да откријам дека молитвата е давател на тоа блажено видение и за да разберам дека преку приближувањето на Бога, возможно само прек добродетелите и единството на нашиот ум со Него се достига и пројавата на тоа осенување, кое се дава видливо за сите што по патот на добрите дела и чистата молитва непрестајно се приближуваат на Бога”.[10]

Повикани да бидат учесници во божествениот живот, христијаните од тој момент стануваат туѓи на земното. Таа идеја многу јасно се утврдува во Посланието до Диоген, 5, напишано 2-3 век: „Тие живеат во својата татковина, но како дојденци; учествуваат во сѐ како граѓани и сѐ трпат како туѓинци. За таквите секоја туѓа земја е татковина и секоја татковина – туѓа земја... Тие се во тело, но не живеат по тело. Се наоѓаат на земјата, но се жители на небесата“.[11]

Повикани да станат синови Божји по благодат, луѓето се повикани целосно да го преобразат своето битие. Во омилијата, што се препишува на преп. Макариј Египетски, наоѓаме јасно објаснување за преображението на човековото тело. Во фрагментите од таа омилија читаме: „ Како што телото на Господ, се преобразило и прославило во Божествената слава и во бескрајната светлина кога се искчил на гората: така и телата на светителите се прославуваат и стануваат блескави... „ И славата,  што Ми ја даде, им ја дадов ним“ (Јован 17:22). Како што од еден оган се запалуваат многу светилници, исто така е неопходно и телата на светителите – на членовите Христови да станат исто со Самиот Христос... Нашата човечка природа се преобразува во силата Божја и се разгорува во оган и во светлина„.[12] Тоа преобразување на телата се пројавува во животот на многумина од светителите, како на пример св. Памво или св. Серафим Саровски, исто така и после нивната смрт – во нетлението на нивните тела. Од тој момент, како повик за секој христијанин станува стремежот кон светоста, како што вели ап. Петар: „ Бидете свети, зашто Јас Сум свет“ (1.Пет.1:16), преображението на телото веќе го засега секој човек.

Значи, од христијанска перспектива спасението не е некакво ослободување на душата од телото, како што се мислело кај платонизмот, но претставува преображение и воскресение на телото. Тој факт нѐ води до второто прашање: местото на светот, на космосот во спасението на човекот.
Светот и спасението на човекот

Прашањето за местото на светот, на космосот како творение, во спасението на човекот е тесно поврзано со постоечката претстава за светот. Неодамна Пол Сентмајр одбележа дека во христијанската мисла постојат две различни гледишта за светот. [13] Тие два гледишта, помеѓу другото, се тесно поврзани и со односот на христијаните кон еколошката криза, која што го има зафатено целиот свет. Првото од нив се состои од тоа, дека светот не е создаден сам по себе си, а за да служи за потребите на луѓето. Значи тој, не е создаден за сѐ добро. Новото небо и новата земја, за кои се зборува во Апокалипсисот (21:1), се совршено различни од светот, кој постои денес,  кој што е осуден на уништување. Согласно втората опција, светот не е инструмент, а треба, исто како и човекот, да премине преку крајното преображение, кое ќе биде дарувано од Бога во крајот на времето. Новото небо и новата земја, за кои зборува Апокалсисот, во дадениот случај не означуваат дека сегашното творение ќе биде уништено, но дека ќе биде очистено од нечистотијата, дека ќе биде преобразено и прославено. Ќе биде целосно обновено, како што го опишува ап. Павле во своето Послание до Римјаните: „ дека и самото создание ќе биде ослободено од ропството на распаѓањето, во слобода на славата на Божјите деца“ (8:21).
Од тие два пристапа, вториот е поблизу до позицијата на Отците на Црквата. Започнувајќи од првото столетие, платонското гледиште за телесноста му отстапува место на христијанското откровение. Гностиците негираат сѐ материјално како нешто лошо, нешто што не оди заедно со спасението. Св. Иринеј Лионски води голема борба со нивните ереси следејќи го ап. Павле, дека светот не треба да исчезне, дека му претстои да добие поинаква форма, дека ќе биде прославен, дека го чека преображението: „Ниту супстанцијата, ниту суштината на творението се уништуваат, бидејќи се вистински верни на Оној, што ги создал, но промената на ликот на овој свет означува само дека го надминува тоа во кое што се состои извршениот престап, бидејќи човекот се има соединето во него“.[14]
Според св. Иринеј, есхатологијата е поврзана со протологијата (учење за почетокот на светот) бидејќи, Кој го донесе крајот со Себе Си, тој го создал и почетокот. [15] Христос е еден, го поврзува почеткот и крајот. Од христијанска перспектива, во исто време антиспиритуалистички и антиплатонистички, Иринеј ја поврзува тајната на Божјото спасение со луѓето, земјата и историјата. Б. Себуе ја истакнува следната мисла на Иринеј: „Крајното преображение ќе го опфати и материјалниот свет, и човековото тело, за кое што Словото Божјо зеде врз Себе лична одговорност, склучувајќи на тој начин нов договор (завет) со светот“.[16]
Мислите на Отците се разликуваат од платонската мисла, според која светот е вечен со божественоста, исто така и од идејата, дека на светот му е одредено да се врати кон својата првична состојба, поврзана со цикличноста во разбирањето на историјата. [17] Во беседите за Шестодневот, св. Василиј Велики ја критикува теоријата на стоиците – за палингинезата, според која историјата се состои од последователни циклуси: тие „... мислат, дека вселената изгорува и повторно оживува од семенски начела, кој што остануваат после изгорувањето. Од тоа тие ивлекуваат бескрајно многу разрушувања и обновувања (на вселената)“. [18]  Застанувајќи против овој концепт за светот, св. Василиј тврди, дека светот има почеток и крај и дека тој крај не означува разрушување, туку само промена на постоењето. Според него, тие луѓе „кои не се расположени да се сложат со оваа вистина, дури што со смеење се однесуваат кон оние што проповедаат за крајот на овој свет и вечното пакибитие“.[19] Освен тоа крајот на времето не означува и враќање на почетокот, кон Едем, а целосно преобразување на созданието во ново небо и нова земја (Откр.21:1).
За Отците на Црквата, Христовото преображение е предобраз на крајното преображение на целиот универзум (вселена) во крајот на времињата. Византиската химна од утрената служба на празникот на Преображението нивната мисла ја предава вака:
На гората Си се преобразил, Спасителе, откако со Твојата преобразена човечка пророда си покажал  што ќе се случи, кога Ти ќе дојдеш со славата при второто и страшно Твое пришествие. [20]
Во таа смисла еден отшелник го нарекува Преображението Господово откровение на тајната, скриена во вечноста. После второто доаѓање на Христос и сеопштото воскресение целото создание ќе влезе во заедница со Бога, Кој што ќе „исполнува сѐ во сѐ “ (Еф.1:23).
Во коментарот на Хрисотвите зборови „ тука стојат некои, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат Царството Божјо дојдено во сила“ (Марк.9:1), св. Григориј Палама го истакнува есхатолошкото значење на Преображението, кога светот, во кој што ние живееме и во кој се остварува тајната на спасението, треба да биде преобразен во Царство Божјо. Тој пишува: „Царот на вселената се наоѓа насекаде и насекаде е Неговото царство, затоа и зборовите, дека Неговото царство доаѓа, не означува дека треба да дојде на друг начин, туку дека треба да се најде[21] со силата на Божествениот Дух; затоа и Христос вели: дојдено во сила”.[22] Од перспективата на тој феномен, кој што современата херменевтика го определува како начална есхатологија (d’eschatologie inaugurée), човекот може уште во овој живот да стане причасник на есхатолошката слава на Божјото Царство, кое што веќе е присутно во светот.
Христовото преображение не е само откровение на онаа слава, за која е повикан секој човек, но и откровение наменето за материјалното создание. Со Својата светлина целата светлина си ја осветлил [23] – така се пее во византиската химна за Преображението. [24] Така гледаме, дека нашата теме за преображението на светот добива многу подлабока смисла.
.Преображението на светот: христијанскиот одговор на секуларизацијата
Кога ги кометира стиховитите од Апокалипсот за новото небо и новата земја, големиот православен богослов на нашето време митрополитот Калист (Верн), потпирајќи се на Отците на Црквата, ја истакнува космичката димензија на спасението: „Новото небо и новата земја: човекот не може да биде спасен надвор од своето тело, тој се спасува во своето тело. Човекот не може да биде спасен од материјалниот свет – тој се спасува, заедно со материјалниот свет. Доколку човекот претставува микрокосмос и медиатор (заедно) на творението, неговото спасение го вклучува уште и помирувањето и преображението на целото создание – одушевено и неодушевено, кое што го опкружува, ослободување од робството на распаѓањето, во слободата на славата на божјите деца“(Рим. 8:21). [25]
На тој начин преображението на светот се претвара во едно од повиците на човекот. Тоа преображение пред се започнува со личното преображение на човекот. За тоа веќе зборувал и ап. Павле. Кога се обраќа на римјаните, тој пишува: „Немојте да се прилагодувате на овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна и совршена Божја волја“ (Рим. 12:2). Со тоа сака да каже, дека нашата лична врска со Бога го преобразува нашиот однос кон паднатиот свет, каде што царува гревот и желбата за задоволства. По патот на личното преображение ние можеме да го исполниме нашиот свет призив: да го соединиме творението со Творецот, сѐ што е тлено да го претвориме во нетлено, како што пишува за тоа св. ап. Павле во Посланието до Филипјаните: „А нашето жителство е на небесата, од каде и Го очекуваме Спасителот, Господ Исус Христос, Кој ќе го преобрази нашето унизено тело, според дејствието на Неговата сила, со која може да покори сѐ пред Себе“(3:20-21).
Така, преображението на светот претставува отфрлање на гревот и лично обраќање кон Бога. Во тоа се состои и суштината на монашкиот живот. Кога Отците на Црквата, како на пример св. Јован Лествилник, зборуваат за бегство и одрекување од светот како прв степен од монашкиот живот, тие имат во предвид дека личното спасение започнува со преображението, кое што се состои во одрекувањето од светот на задоволствата, од светот на гревот т.е. започнува со промената на нашиот личен однос кон светот, кое што неизбежно приведува кон преобразба на светот. Во светлината на тие идеи можеме на нов начин да погледнеме и кон современата еколошка криза, бидејќи само со промена на нашиот однос кон созданието ќе можеме да го сочуваме.
По патот кон Бога личното спасение е тесно сврзано со спасението на другите. Авва Доротеј од Газа прекрасно го објаснува тоа, кога прибегнува до образот на кругот, во циј центар се наоѓа Бог: колку сме поблиску до центарот, толку сме поблиску и еден кон друг. Преображението на светот започнува со нашето преображение. Стекни се со смирен дух, и илјадници околку тебе ќе се спасат, секогаш им повторувал св. Серафим Саровски на своите ученици. На тој начин монасите кои се одрекуваат од светот и се молат за мир, учествуваат во преображението на светот.
Задачата преображение на светот изгледа премногу сложена и се решава само во тајната на Христос. Новото небо и новата земја, кои што ги очекуваме, не се ништо друго освен состојба на вечно блаженство, кое ни го донесува Христос. Учеството во божествената природа не е ништо друго туку учество во преображеното и воскреснато Тело на Христос, Кој што го обединува целото создание и го ослободува од смртта. Поради тоа преображението на светот и односот на христијаните кон него имаат толку големо значенење за христијанскиот живот.
Преображението на светот – еве го и христијанскиот одговор на секуларизацијата, која што сама по себе претставува нихилистичка позиција, надвор од секоја врска со Бога. Таа му предлага на човекот да ужива во егоистичното и хедонистичко постоење, да ги заборави изворите и ограниченостите на овој свет, да го култивира односот кон овој свет како кон извор на потрошувачка, да го претвори светот во цивилизација на похотта. Преображението – ова е одговорот на современата еколошка криза, на проблемите со загадувањето на животната средина и сиромаштијата, на прашањата за биоетика, а исто така и на негативните последици од глобализацијата и нејзиниот материјален, тоталитарен карактер, кој што го претвара светот во обичен супермаркет. Преображението на светот означува премин во Божјото Царство, а тоа би било возможно, ако сериозно го промениме нашиот начин на постоење, ако го изградиме вистинскиот однос помеѓу созданието и Творецот, како што е предвечната Божја промисла. Само во тој контекст христијаните можат да станат солта на земјата (Мат. 5:13) и душата на светот.

¬¬¬
________________________________________
 
* АРХИМ. ИОВ (ГЕЧА) „Преображение мира” – В: Человеческая целостность и встреча культур, съст. К. Сигов, Киев 2007, с. 20-31.
[1] Не нешто друго (бел. прев.).
[2] Беседа за Преображение – PG 96, 564C.
[3] Против ересите, ІІІ, 19, 1 – SC 211, Paris 1974, p. 374.
[4] Слово за воплотувањето на Бог Словото, 53 – SC 18, Paris 1946, р. 312.
[5] PG 97, 933А.
[6] За црковната ерархија – PG 3, 376А.
[7] Ibid – PG 3, 373B.
[8] Омилија 16, За домостроителството Христово – PG 151, 204А. Цит. по: MEYENDORFF, J. Introduction a l’etude de Gregoire Palamas, Paris 1959, p. 255.
[9] Sur la priere et la purete du Coeur, 1 – In: La Philocalie, trad. J. Touraille, t. 2, Paris 1995, p. 480.
[10] На светото Преображение на нашиот Господ, Бог и Спасител Иисус Христос. Тука св. Григориј докажува, дека светлината на Преображението е нетварна. PG 151, 424B; CLER, J. Gregoire Palamas, Homelies, Paris 1987, p. 193.
[11] Дела на  св. Јустин, Москва 1892.
[12] Преп. Макариј Велики, Беседа 15, Москва, 1904, с. 130.
[13] PAUL SANTMIRE, H. The Travails of nature: The ambigious ecological promise of Christian Theology, Minneapolis 1985, p. 37-41, 50-51.
[14] Против ересите, 5, 36, 1 – SC 152, Paris 1974.
[15] Ibid, 4, 12, 4 –SC 100, Paris 1974.
[16] SESBOUEE, B. Tout recapituler dans le Chris Christologie et soteriologie d’Irenee de Lyon (Jesus et Jesus-Christ 80), Paris 2000, p.156.
[17] Платон, Тимеј, 22D.
[18] Беседи за Шестодневот, 3, 8 – SC 26, Paris 1949, р. 234.
[19] Ibid, 1, 4–SC 26, Paris 1949, р. 104.
[20] По првиот стих от седалните на утрината на празника Преображение.
[21] Види (бел. прев.).
[22] На светото Преображение на нашиот Господ, Бог и Спасител Исус Христос – PG, 151, 428С. И тука св. Григориј доказва, дека светлината на Преображението е нетварна. CLER, J. Op. cit., p. 100.
[23] Осветлил (бел. прев.).
[24] Прва стихира на литијата на вечерната на Преображение.
[25] KALLISTOS DE DIOKLEA Approches de Dieu la Tradition orthodoxe, Paris 1982, p. 211-212.

 

 

 

 

Превод: З.А
Извор www.dveri.bg



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная