логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ЈЕВСЕВИЕ ПАМФИЛ (КЕСАРИСКИ)
ЦРКВЕНА ИСТОРИЈА
кnига прва
 


 13. глава


За владетелот на Едеса

 


 Сега ќе зборуваме и за Тадеј.  |
 Божественоста на Владиката  и Спасителот наш Исус Христос , прославенa меѓу сите , привлекло многу луѓе, дури и странци , од просторите далеку од Јудеја. Тие исто така се надеваа на исцеленија од болести и различни страдања.
Заради тоа и царот Авгар  кој што славно управувал со народите од онаа страна на Еуфрат, мачен од болеста  чие исцеление ја  надминувало силата на човекот , дознавајќи за Исуса Христа , со молба и писмо го повикал кај  себе .

Спасителот не ја услиша неговата  молба да отиде, но, го удостоил  со писмо во кое што ветил  дека ќе испрати еден од Своите ученици, за тој  да ја исцели неговата болест, и да го спаси него и неговите ближни.|


 Тоа ветување  набрзо беше исполнето.
 После Христовото воскресение  од мртвите  и вознесението , апостолот Тома, еден од дванаесетмината  , по зборовите  Божји го испрати Тадеј , кој беше меѓу седудесетмината  ученици Христови во Едеса,  за таму да го благовести учењето Христово. Тој исполни  се` што вети Спасителот наш.


Постои писмено сведоштво за тоа, земено од архивата  во Едеса која тогаш беше престолнина.  Меѓу државните документи  кои зборуваат за древните  случувања  од времето на Авгар, сочувано е до денес и ова:

Копија од писмото  напишано  и упатено  до  Исус во Ерусалим, преку гласникот Ананеј.


„Авгар, син  на Ухам, топарх,  му испраќа поздрави на Исуса , Спасителот благ, Кој  се појави  во пределите Ерусалимски.
Дојде до мене глас за Тебе  за исцеленијата кои што ги извршуваш без примена на лекови  и тревки.
 Кажуваат, дека Ти на слепите видот им го враќаш ,
 дека куците  ги оправуваш , па дека повторно одат ,
 дека  ги очистуваш заразените ( од лепра),
дека ги изгонуваш нечистите духови и демоните.
Ти ги очистуваш оние кои страдаат од долготрајни болести  и ги воскреснуваш оние кои умреа. Го слушав тоа за Тебе   и со разумот прифатив  дека си Ти, или Бог , кој што дојде од небото, зашто правиш такви чудеса, или  дека си Ти, Син Божји.
Заради тоа и  ти пишувам Тебе:
 потруди се, дојди кај мене и мојата болест исцели ја.
Исто така сум слушал како Евреите  роптаат на Тебе и коваат некакви завери. Мојот град е мал, но почитуван е,  и е доволен за нас обајцата.“


Ете, како  пишувал  Авгар кога го озарила Божествената светлина.


Но, потребно е да се чуе  и Исусовото писмо кое што Тој  му го испрати на Авгар преку истиот гласник.
  Во тоа писмо нема многу зборови , но навистина е силно , а ете, како тоа гласи


Одговор  од Исуса до  топархот  (Авгар) преко гласникот Ананије.


„Блажен си ти зашто поверува во Мене, иако не си ме видел.
За Мене е речено: оние кои што ќе ме видат, тие не веруваат во Мене
, а оние, кои што не ме видоа, поверуваа и оживеаја.
 Ти ме повикуваш кај себе , но, Мене  ми е потребно  овде да го исполнам тоа за што сум испратен. Кога тоа ќе го направам,  ќе бидам повторно вознесен кај Отецот  Мој,  кој што Ме испрати.
Кога тоа ќе се случи , ќе испратам кај тебе еден од моите ученици за да ја исцели твојата болест и да ти дарува живот , тебе и на оние кои што се  со тебе.“

Кон тие писма  присоединето  е и ова, кое што е напишано  на сириски:

„ После вознесеноето Исусово , Јуда, наречен Тома, го испрати (кај Авгар) апостолот Тадеј, еден од Седумдесетемината.
Кога дошол, тој излезе  пред Товиевиот син, Товиј. За него се слушна  и му  рекоа (на Авгар) дека дошол апостолот Христов, така, како и што  било ветено.

И започна Тадеј со силата Божја  да ја исцелува секоја болест и секоја немоќ, така што сите на тоа се чуделе.  Кога Авгар слушнал  за големите и чудесни дела негови,  му дојде помислата  за она за што Исус му напиша: дека ќе му испрати  еден од Своите ученици за да ја исцели болеста негова. Тогаш тој го повика Товиј, кај кого што беше Тадеј и рече:
  „Слушав за човекот кој што живее кај тебе. Доведи го кај мене.“ 
Товија се врати кај   Тадеј и  му рече:


 „Топарх (Авгар)  ме повика  кај него  и ми нареди да те одведам кај него за да го исцелиш:“
Тадеј му рече:
 „Ајде кај него, зашто знам дека заради тоа сум испратен“.


Другиот ден, наутро, Товиј го поведе Тадеј и дојдоа до Авгара. Кога влегоа , Авгар пред кој што стоеја првите луѓе на државата,  виде големи знаци на лицето на апостолот Тадеј:
 „Дали си ти навистина ученик на Исуса Христа , Синот Божји , Кој  што ми рече дека ќе испрати еден од учениците Свои, за да ме исцели и за да ми подари живот?“
Тадеј му одговори:
„Бидејќи така  силно поверува во Оној Кој ме испрати , јас навистина ја исполнувам Неговата волја . И ако веруваш во  Него, така како што веруваш, тогаш, ќе се исполни желбата на срцето твое“.
 Адгар на тоа рече:
„Јас толку верувам во Него што сум спремен  да ја покренам сета војска  и да ги убијам Евреите кои Го распнаа , ако не ме спречи Римската држава“:

Тадеј рече:
 „Господ мој ја исполни волјата на Отецот Свој ; и исполнувајќи ја, се вознесе  кај Отецот“.
На тоа му одговори Авгар:
 „Јас поверував во Него и во Таткото Негов“.


Тогаш апостолот рече:
„ Затоа во Името Нагово ја ставам раката на тебе“.
И само што го рече тоа , Авгар беше исцелен од болестоте  и страдањата. 
Силно се изненади Авгар, зашто се` она  за што слушал,  тоа сега се исполни врз него: преку Тадеј , ученикот Христов , се случи исцелување без лекови и треви  и тоа не само кај него, туку и на синот  негов Авда, кој што боледуваше од костоболка.
„Тогаш Авда,  доаѓајќи при Тадеј падна пред нозете на апостолот и беше исцелен преку молитвата и полагањето на рацете.
 Тадеј исцели и многумина нивни сограѓани , чинејќи големи чуда и  го проповедаше зборот Божји.

Потоа Авгар рече:
 „Ти Тадеј, се` тоа го чиниш со силата Божја  и ние сме силно восхитени. 
Затоа , те молам, кажи ми за доаѓањето Христово, како тоа се случи: 
кажи ми за силата Негова  и за се` она за што сме слушале“. 
Тадеј му одговори:
  „Јас сега ништо нема да ти кажам зашто сум испратен да го проповедам Словото  за сите да го чујат.
 Затоа, утре, повикај ги сите твои  сограѓани и јас ќе им го  проповедам  ,  и ќе го посеам во нив Словото на животот.
 Ќе им раскажам  за доаѓањето Христово, како тоа се случи ;
 за Неговото испраќање од Отецот и зошто тоа  се случи;
за силата и за делата Негови;
за тајните кои што Он им ги кажа на светот;
за тоа како му се потсмеваа и го потценуваа;
за тоа , како Он  се унизи пред сите , како беше распнат ,
како се симна во адот  и ги уништи бедемите со векови неуништени;
 за тоа како воскресна од мртвите и отиде кај Отецот Свој со големо множество од души“. 
 
Авгар навистина им заповеда на своите сограѓани  да се соберат изутрината и да ја чујат проповедта  на апостол Тадеј.
Потоа изнесе пред него злато и ковани пари, но, апостолот тоа не го зеде ,  велејќи:
 „Ако оставив се` свое , како да го земем она, што не е мое?“

Тоа се случило во 340. Година.

Преведе: М. Даниловска


http://www.verujem.org/jevsevije_pamfil/jevsevije.htm



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная