логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Promocija.Kaskadi.jpg
Патот на спасението не е пат на слава и почести, туку пат на мачеништвото во љубовта. Затоа Господ, секогаш кога ќе ја покажеше Својата сила како Син Божји пред апостолите, правејќи чуда на милосрдие и кажувајќи мудри поуки какви човек никогаш не изустил, Тој не пропушташе прилика да им зборува за Своето доброволно страдание. Зашто тие, според слабоста на своите човечки надежи, мечтаеја дека Господ на крајот сепак ќе се зацари и ќе ја добие Својата власт на земјата, дека и тие ќе добијат власт и слава во Неговото земно царство, како Негови верни поданици. Но, Тој постојано зборуваше за Своето распнување и срамна смрт, знаејќи дека во срцата на учениците, особено во срцето на Јуда, се образува погубната помисла. И како се приближуваше моментот на Неговото божествено истоштение, Тој се поконкретно им зборуваше за тоа. Ете, во оваа прилика, Тој дури и ги наброи сите нешта што ќе се случат со Него во тие денови: Ете, се искачуваме кон Ерусалим - им зборуваше Тој - и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците. И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.


    Како Добар Пастир, Тој сакаше да ги подготви апостолите за драматичните настани што следуваат. Дури ни радосното дочекување во Ерусалим со повиците: Осана на висините, благословен е Оној, Кој доаѓа во името Господово! - нема ништо да променат.  Господ не се воплоти за да се зацари на земјата, како што му посведочи и на Пилат: Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде (Јн. 8, 36).


    Сето тоа ќе се случи за спасение на мнозина, како што вели Господ, на самиот крај од Евангелското четиво. Учениците Негови, пак, ништо не бараа од Него сé до овој момент. Првпат, синовите Заведееви, Јован и Јаков, побараа нешто од Господа, во што ја открија помислата на сите ученици. Побараа, во славата на Неговото царство, да седнат, едниот од левата, а едниот од десната страна. Меѓутоа она што тие го бараа, го бараа според човечката логика, негувајќи безумни надежи. Тие мислеа дека Господ ќе биде цар на земјата и тие ќе бидат меѓу Неговите најблиски соработници и пријатели. Од истите мотиви, кога Јуда забележа дека нема реални шанси да се случи тој пресврт и Учителот да го добие Царството, тој се разочара, та отиде да го предаде за триесет сребереници.


    Тие побараа да седат од лево и од десно на Господа, но, од аспект на вечноста, од аспект на Судот Божји, она што тие го побараа беше навистина страшно. Местото од десно и од лево на есхатолошки план Господ го објаснува во параболите за Царството Небесно:
А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите; и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата. Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот; (...) Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели (Мт. 25. 31-41)


Да се седи од левата страна на Бога значи да се биде во пеколот, а да се седи од десната страна значи да се биде во рајот. Двајцата ученици, браќа по крв и по дух, побараа, за едниот рај, а за другиот пекол, помислувајќи на нешто сосема друго.  Токму и затоа Господ им рече: Не знаете што барате. Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас? Тие одговорија: Можеме. А Исус им рече: Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но, да позволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Мене; тоа е за оние, за кои е приготвено.


Страшно е кога во нашите молитви, поттикнати од ниски побуди, од Бога бараме погубни нешта за себе и за нашите ближни. Затоа треба да внимаваме што посакуваме од Господа и какви надежи се темел на нашата побожност. Конечно, нема ништо поблажено и поспасоносно за нас од тоа, што Господ не ги исполнува сите наши желби и барања. Тој ни го дава само тоа што навистина ни е полезно, колку што е полезно и кога е најмногу полезно. За нашето место во рајот или пеколот, сликовито кажано, одлучуваме самите, или како што вели Спасителот: тоа е за оние, за кои е приготвено.


Со ова ни се открива можеби најголемата тајна на Небесното Царство.  Таа е содржана во вистината дека не постои предодреденост, ниту судбина. Дека човекот не е детерминиран со волја надвор од својата сопстевена волја, ниту со сила надвор од сопствената решеност да работи за или против своето спасение. Дека ние луѓето не сме создадени едни за рајот, а други за пеколот, по некој намерен или случаен избор надвор од нас. Рајот и пеколот се внатре во нас. Ние самите ги подготвуваме со нашиот живот, со нашата вера, со нашата љубов кон Бога и кон ближните. Бог со својата родителска љубов нé повикува сите да се вратиме во нашата татковина, во Царството Небесно што Тој го подготви за нас. Бог ни подготви спасение, но не нé предодреди за спасение. Дали ние ќе одговориме на тој повик, или како заблудени чеда ќе ја отфрлиме Неговата милост и љубов, тоа е навистина сосема до нас.


    Ете, затоа беше, не само чудна и арогантна, туку и страшна помислата на учениците: Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја. Тие мислеа дека бараат да бидат на висока позиција во царството на својот Учител и Господ. За нивната верност и приврзаност, тие посакуваа Синот Божји да им го исполни, за возврат, посакуваното властољубие и љубоначалие. Но, и за таа желба Господ ги поучи, давајќи ни и нам одговор за многу наши острастени мечтаења: Знаете дека оние, што се сметаат кнезови народни, господарат над нив, и управниците управуваат над нив. Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите. Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.


    Наместо власт Господ им даде служба. Апостолската мисија, за која ги повика ученците, но и ја повикува секоја благочестива душа, е подвиг на секојдневно мачеништво од љубов кон сето Божјо создание. Тоа е примерот што ни го остави Спасителот, да си служиме во љубов еден на друг, и во тоа самоистоштение, во својот ближен да го препознаеме патот кон спасението.


Митрополит Методиј Златанов
(Извадок од зборникот со егзегетски беседи “Каскади“, издавачки центар ТРИ, Скопје, 2009.)

Друго:

 

Посети: {moshits}

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2026
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная