логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Crkva.akvarel.jpg


БЕСЕДА 45


За тоа дека само Христовото доаѓање може да го излечи човекот, а не некоја вештина или богатството на овој свет. Во оваа беседа се укажува и на мошне големата сродност на човекот со Бога.


1. На оној што избрал самјачки живот, сè што се случува во овој свет треба да му биде туѓо и небитно. Зашто оној што вистински го подражава Христовиот крст треба да се одрече од сè, па дури и од својата душа, и умот да го прикова за Христовата љубов, т. е. Господ да му биде поважен од родителите, браќа, жена, деца, роднини, пријатели, имот. Токму ова сакал да каже Господ кога рекол: Секој што нема да го остави таткото, мајката, браќата, жената, децата или домот, и нема да тргне по Мене „не е достоен за Мене” (Мат. 10, 37). Во ништо друго, како што слушнавме, не наоѓаат луѓето спасение и спокојство. Колку цареви се појавиле од Адамовиот род, коишто загосподарувале со целата земја и имале високо мислење за својата царска власт? И ниеден од нив, живеејќи во таква благосостојба, не можел да ја спознае повредата што настанала во душата со престапот на првиот човек и ја помрачила. Зашто таа не може да ја сознае промената којашто се случила во неа, односно дека умот, кој во почетокот бил чист и се наоѓал во својата природна состојба (ред), Го созерцувал (гледал) својот Владика (Господар), а потоа, поради својот пад, е облечен во срам и, откако ослепеле очите на срцето, не ја гледа онаа слава, што ја гледал пред непослушноста нашиот отец Адам.
2. Имало и разни мудреци во светот. Некои од нив се истакнале во философијата (љубомудрието), други се занесувале вежбајќи се во софистиката, некои покажувале особена сила во говорништвото, некои биле граматици и стихотворци и пишувале според прифатените правила на историјата. Но постоеле и разни уметници, коишто се вежбале во светските уметности (вештини). Некои од нив се труделе да се истакнат во копаничењето риби, птици и претстави на луѓе од дрво. Некои се зафатиле со правење идоли и други работи од бронза. Некои подигале огромни и убави градби. Некои ја копаат земјата и од неа вадат пропадливо сребро и злато или скапоцени камења. А други, убави телесно, гордеејќи се со убавината на лицето, уште повеќе се уловени од сатаната и паднале во грев. И сите овие споменати уметници, владеени од змијата, којашто се населила внатре во нив, немајќи сознание за гревот што живее во нив, станале заробеници и робови на лукавата сила и не добиле никаква полза од своето знаење и вештина.
3. Светот, полн со секаква разнообразност, е сличен на богат човек, господар над великолепни и огромни куќи, кој има сребро и злато во изобилство и друг разновиден имот и многу слуги, но кого одненадеж го погодила болест и немоќ. Сите негови роднини стојат пред него, но и покрај сето богатство не можат да го ослободат од болеста. Затоа, никаква љубов светска, ни браќа, ни богатство, ни што и да било друго од она што го наброивме погоре нема да ја изземе од гревот душата, којашто потонала во гревот и неспособна е јасно да гледа. А само Христовото доаѓање може да ги очисти душата и телото. Значи, откако ќе ја оставиме секоја световна грижа, да Му се предадеме на Господа и кон Него да повикуваме дење и ноќе. Овој видлив свет и спокојството до кое може да се дојде во него, колку што се ‡ што е очигледно ‡ пријатни за телото, толку ги раздразнуваат страстите на душата и го зголемуваат нејзиното страдање.
4. Некој мудар човек се решил сето свое внимание да го вложи во едно истражување и се потрудил да ги испраша сите што можат да се најдат во овој свет, надевајќи се дека од некого ќе добие полза. Одел тој кај цареви, властелини, кнезови, но кај нив не го нашол спасителниот лек, што би можел да го примени на својата душа. Долго разговарал со нив, но од тоа немало никаква корист. Потоа отишол кај световните мудреци и кај идолите, но и од кај нив си заминал без да добие ништо. Одел и кај сликари, кај оние што од земјата вадат злато и сребро, кај разни уметници, и не можел да најде никаков лек за своите рани. Најпосле, ги оставил сите нив и Го побарал Бога, Кој ги лечи страстите и душевните болести. Штом се испитал себе си и размислил за тоа, забележал дека неговиот ум кружи околу истите работи од кои тој се оддалечил видливо, откако ги замразил.
5. Како што некоја богата жена во светот, којашто има многу пари и велелепен дом, останува без заштита, па доѓаат многу луѓе, ñ прават разни штети, ñ го запустуваат живеалиштето, и таа, не сакајќи да ги поднесува навредите, тргнува да си бара маж силен, способен и образован, и кога по многу напори ќе најде таков човек, му се радува, зашто сега го има него наместо цврста тврдина ‡ така и душата по престапот е многу угнетувана од непријателската сила, доведена е до големо запустување, поради престапот останала вдовица и оставена е сама од Небесниот маж, па станала арена на сите противнички сили. Тие ја изнеле од умот, задушувајќи го во неа небесното разбирање, па затоа таа не гледа што направиле со неа непријателите, туку мисли дека била таква уште од почеток. Потоа, од слушање дознала за својата самотија, па заофкала поради својата опустошеност пред Божјото човекољубие и така нашла живот и спасение. А во што се состои тоа? ‡ Во тоа што се вратила кон својот род. Зашто друга таква блискост и взаемност, каква што има душата со Бога и Бог со душата, не постои. Бог створил најразлични видови птици: едни да се гнездат на суво и овде да си наоѓаат храна и да отпочинуваат, а други да се гнездат на вода и таму да го поминуваат животот. Тој исто така создал два света; еден горе за служебните духови, и заповедал тие таму да живеат, и друг долу, под овој воздух, за луѓето. А создал и небо и земја, сонце и месечина, води, плодоносни дрвја, секакви видови живи битија. Но Господ не почива во ниту една од овие твари. Тој господари со сите овие твари, па сепак, во нив не го поставил Својот престол, не воспоставил општење (заедничарење) со нив, а Својата благоволност ја покажал само кон човекот, стапувајќи со него во општење и почивајќи во него. Ја гледаш ли преку ова сродноста на Бога со човекот и на човекот со Бога? Затоа паметната и разумна душа, откако ќе ги обиколи сите созданија, никаде не наоѓа мир за себе, освен и единствено во Господа. И Господ Својата благоволност не ја покажал кон никого, освен и само кон човекот.
6. Ако ги подигнеш очите кон сонцето, ќе забележиш дека сончевиот круг е на небото, а неговата светлина и зраците слегуваат на земјата и сета сила на светлината и неговата блескавост се насочени кон земјата. Така и Господ седи од десната страна на Отецот, повисоко од секое начало и власт, но Неговото око е насочено кон срцата на луѓето коишто живеат на земјата, оние кои од Него очекуваат помош да ги издигне таму каде што и Самиот престојува. Зашто вели: „Каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга” (Јован 12, 26). А и Павле рекол: „Нè воскресна со Него и постави на небесата” од Својата десна страна (Ефес. 2, 6). Но неразумните животни се многу попаметни од нас, зашто секое од нив се соединува со својот сопствен род: дивите животни со дивите животни, а исто така и овците со својот род. А ти не се враќаш кон својот небесен род, т. е. кон Господа, туку со своите помисли се согласуваш и ги прифаќаш помислите на злобата, станувајќи така помошник на гревот, заедно со него војувајќи против себе си, па така и предавајќи му се на непријателот како храна, слично како што орелот ја прождерува уловената птица, или волкот овцата, или како што умира детето коешто ја подало својата рака кон змијата, а таа го каснала. Овие слики го персонифицираат духовното дело.
7. Како што некоја богата девојка, кога ќе ја свршат со некое момче, какви дарови и да добива пред бракот, дали фустани, дали други облеки или скапоцености, не се смирува со тоа, сè дури не настапи времето на свадбата и не се реализира брачниот сојуз, така и душата која се подготвила за невеста на Небесниот младоженец добива залог на Духот, дарови и исцеленија, или знаења, или откровенија, но тоа не ја смирува, сè додека не го достигне потполното општење (заедничарење) , т. е. љубовта, којашто, како непроменлива и слободна, ги прави оние што ја засакале бестрасни и непоколебливи. Или како што на бебето, украсено со бисери и облечено во скапоцени облеки, кога е гладно, ништо не му значи тоа што е на него, па ќе го презре и сето свое внимание го обраќа на дојките што го хранат за да се напие од млекото, така размислувај и за духовните Божји дарови. На Бога слава во вековите! Амин

 

Издавач: ЃаконијА

Превод: о. Игор Калпаковски

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

Beseda36.jpg


 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная