логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 33

Треба непрестајно и усрдно да Му се молиме на Бога.

1. Не треба да се молиме преку телесната навика или преку обичајот да повикуваме, да молчиме, да клечиме на колена, туку треба, трезвено концентрирајќи го умот, да очекуваме кога Бог ќе дојде и ќе ја посети душата на сите нејзини излези и патеки и во сите чувства. Значи, некогаш треба да молчиме, а некогаш да се молиме повикувајќи, само е важно умот да биде утврден во Бога. Зашто како што телото, кога работи нешто, вложувајќи се во работата, целосно е зафатено, и сите негови членови си помагаат еден на друг, така и душата целосно да се посвети на молитвата и на љубовта Господова, не занимавајќи се и не вртејќи се во помислите, туку очекувајќи се од Христа.

2. И во таков случај, Господ самиот ќе ја просвети, ќе ја научи на вистинско молење и ќе и даде молитва чиста, духовна, достојна за Бога, и поклонување во дух и вистина. Но како што оној што се решил да се занимава со трговија нема пред себе само еден потфат за да заработи, туку се грижи добро да ги зголеми и умножи приходите, завршувајќи еден потфат и почнувајќи друг, и потоа веднаш брза кон нов извор на приходи, а и ги остава потфатите од кои нема корист и постојано се свртува кон оние што имаат изгледи: така и ние на разни начини и вешто да ја обезбедиме својата душа, за да ја стекне вистинската и голема добивка, т.е. Бога, Кој не учи и вистински да се молиме. Зашто во таков случај Господ почива во добрата слободна волја на душата, правејќи ја престол на славата, седнувајќи и отпочинувајќи во неа. Така слушавме кај пророк Езекиил за духовните животни, впрегнати во колата на господарот. Таму тие ни се претставени целите во очи. А таква е и душата којашто во себе Го носи Бога, или, подобро кажано, којашто е носена од Бога; затоа што таа сета станува око.

3. Како што куќата во којашто е присутен самиот сопственик е полна со секаква покуќнина, украси и убавина, така и душата којашто во себе Го има својот Вла-дика и во која Тој живее, исполнета е со секоја убавина, затоа што Господ, со Неговите духовни богатства, живее во неа и ги држи нејзините узди. Но тешко на домот од каде што е отсутен сопственикот, во кого не е господарот, затоа што пропаѓа, запустува, станува нечист и целиот е во неред. Таму, според словото на пророкот, се населуваат „бувови" и „бесови" (Иса. 13,21), затоа што во запустениот дом си наоѓаат засолниште дивите мачки, пците и секоја нечистотија. Тешко на душата којашто не станува од својот тежок пад и во себе ги има оние кои ја убедуваат и поттикнуваат да остане во непријателство со својот Младоженец, и имаат намера да ја развратат нејзината мисла, да ја одвратат од Христа.

4. А кога Господ ќе види дека душата, според мерката на своите сили, се собира во едно, дење и ноќе постојано Го бара Господа и кон Него повикува, како што е заповедано непрестајно да се молиме за се (1. Сол. 5,17), тогаш: ќеја заштити, како што ветил (сп. Лука 18, 8), ќе ја исчисти од порокот што е во неа и Самиот ќе дојде кај неа како кај непорочна и нескверна невеста. А ако веруваш дека ова е вистина, како што и е, тогаш биди внимателен кон себе, внимавај дали твојата душа ја стекнала светлината патеводителка, вистинската храна и вистинското пиење, т.е. Господа? А ако не ја стекнала, тогаш барај дење и ноќе да ја добиеш. Значи, кога ќе видиш сонце, барај го вистинското Сонце, затоа што си слеп. Кога гледаш светлина, погледни во својата душа: Си ја стекнал ли вистинската и благата Светлина? Се што е видливо е сенка на невидливото во душата. Покрај видливиот човек, постои и еден друг, внатрешен човек, други очи, коишто ги ослепи сатаната, други уши, коишто тој ги направи глуви. Но дојде Исус да го направи здрав овој внатрешен човек. Нему слава и власт со Отецот и Светиот Дух во вековите! Амин.

 

Издавач: ЃаконијА

 

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная