логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 18

За ризницата на христијаните, т.е. за Христа и за Светиот Дух, Кои на различни начини ги водат до достигнувањето на совршенството.

evpraksija.oso26.jpg1. Ако е некој многу богат во светот и има скриена ризница, преку оваа ризница и преку богатството што го има тој си стекнува се што сака и каков и да било имот во светот што ќе го посака без труд го добива, потпирајќи се на својата ризница. Значи, тој без труд стекнува се што човек може да посака да има. Така и оние што, пред се, ја побарале од Бога и ја стекнале небесната ризница на Духот, самиот Господ, Кој заблескал во нивните срца, преку оваа ризница, т.е. преку Христа, Кој е во нив, ја стекнуваат секоја правда на добродетелите и секој имот од благоста на Господовите заповеди и преку истата ризница си заработуваат за себе уште поголемо небесно богатство. Зашто со помош на небесната ризница, потпирајќи се сигурно на во нив изобилното духовно богатство, ја исполнуваат секоја добродетел на правдата, и преку силата на невидливото богатство на благодатта, којашто е во нив, без особен напор ја извршуваат секоја правда и секоја заповед Господова. И апостолот вели: Носејќи ја „таа ризница... во глинени садови" (2. Кор. 4, 7), т.е. уште додека се во плот, тие се удостоиле во себе да ја стекнат онаа ризница - осветувачката сила на Духот. И уште: „Кој за нас стана премудрост од Бога, и правда, и осветување, и откуп“ (1. Кор. 1, 30).

2. Според тоа, оној што ја стекнал и ја има во себе оваа небесна ризница на Духот, тој со нејзина помош, беспрекорно и чисто ја извршува секоја правда според заповедите и сите дела на добродетелите, и тоа без принуда и тешкотија. Затоа, да почнеме и ние да Го молиме Бога, да побараме и да просиме и нам да ни ја даде ризницата на Духот Свој, па на тој начин да успееме беспрекорно и чисто да престојуваме во сите Негови заповеди, чисто и совршено да ја исполнуваме секоја правда на Духот, со помош на небесната ризница, т.е. Христа. Оној што е сиромашен и беден и го измачува глад, поради својата сиромаштија не може ништо да стекне во светот. Но оној што има ризница, како што е веќе речено, без труд и тешкотии го стекнува секој имот што ќе го посака. Така и душата којашто е гола и лишена од општењето со Духот и се наоѓа во страшната сиромаштија на гревот, пред да почне да заедничари со Духот не може, макар и да сака, вистински да го даде духовниот плод на правдата.

3. Впрочем, секој треба да се принудува себеси на тоа да проси од Господа да се удостои да ја пронајде и прими небесната ризница на Духот и да дојде до состојба без труд и лесно, беспрекорно и чисто да ги исполнува сите Господови заповеди, кои претходно не можел да ги исполнува и покрај сета усилба. Зашто, сиромашен и гол, без општење со Духот, како може да дојде до такви духовни добивки, без во себе да има духовна ризница и богатство? Душата, пак, којашто Го пронашла Господа - оваа вистинска ризница - преку барањето на Духот, преку верата и големото трпение, раѓа плодови на Духот, како што е претходно кажано, без труд, и секоја правда, и сите Господови заповеди, заповедани преку Духот, ги исполнува чисто, совршено и беспрекорно во самата себе и преку себеси.

4. Или да употребиме една друга споредба. Ако некој богат човек подготвува богата вечера, тој троши од своето богатство и од ризницата што ја има, и поради големото богатство, не се плаши дека нешто ќе му недостига. И така, повиканите гости ги угостува богато и раскошно, изнесувајќи им најразлични и богати јадења. А сиромашниот и човекот кој нема богатство, ако намисли да подготви вечера за некого, се зема на заем, и самите садови, и оделото, и другите работи, и само што ќе каснат нешто повиканите, колку што обично и можат кај сиромавиот, секому му го враќа зајменото, или сребрениот сад, или облеката, или некоја друга работа. И кога така ќе раздаде се што им припаѓа на другите, самиот си останува и сиромашен и гол, зашто нема свое сопствено богатство со коешто би можел да се весели.

5. Така и збогатените преку Светиот Дух, кои навистина имаат во себе небесно богатство и општење со Духот, ако му кажат некому слово на вистината и ако соопштат некому духовно слово, и посакаат да ги развеселат душите, тие го изрекуваат словото од своето сопствено богатство и од својата сопствена ризница, што ја поседуваат во себе, со тоа ги развеселуваат душите на слушателите на духовното слово и не се плашат дека ќе се потрошат и осиромашат - затоа што ја поседуваат во себе небесната ризница на добротата, од којашто изнесуваат јадења и ги развеселуваат тие што духовно се гостат. А сиромашниот човек, што не прибрал за себе од Христовото богатство, немајќи во душата духовно богатство, од коешто извираат секое благородно слово и дело и сите божествени помисли и неискажливи тајни, ако посака да изрече слово на вистината и да развесели некои од слушателите, тогаш, бидејќи реално и вистински не ги има стекнато Божјите слова, туку само си припомнува и позајмува зборови од книгите на Писмото, или прераскажува што слушнал од духовните мажи, очигледно ги развеселува другите и другите се насладуваат од неговите зборови, но штом ќе го заврши своето зборување, секој негов збор се враќа на своето место од каде што е земен и самиот тој повторно останува гол и сиромашен, затоа што духовната ризница, од којашто изнесува, со којашто се користи и ги развеселува другите, не е негова сопственост, и самиот тој првин не се развеселил и не се израдувал преку Духот.

6. Затоа, пред се, со болка во срцето и со вера треба да просиме од Бога да ни даде во срцата да го пронајдеме Неговото богатство, вистинската Христова ризница, во силата и дејственоста на Духот. Па така, кога најпрвин за самите себе ќе ја пронајдеме ползата и спасението и вечниот живот на Господа, ќе можеме, според нашите сили и можности, да им бидеме од полза и на другите, изнесувајќи ја од внатрешната Христова ризница секоја добрина на духовните зборови и откривајќи небесни тајни. Зашто така благоволила добрината на волјата на Отецот, да престојува во секој кој верува и проси од Него. „Кој Ме љуби Мене“, вели Господ, „возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам“ (Јован 14,21); и уште: „ќе дојдеме (Јас и Отецот) при него и живеалиште во него ќе направиме“ (23). Така посакала безграничната добрина на Отецот, така благоволила несфатливата љубов Христова, така ветила неискажливата благост на Духот. Слава на неискажливото милосрдие на Светата Троица!

7. На оние што се удостоиле да станат чеда Божји и да се родат одозгора од Светиот Дух, имајќи Го во себе Христа, Кој ги просветува и успокојува, на разновидни и различни начини Духот им го покажува патот и благодатта невидливо дејствува во нивните срца во духовен мир. Но да употребиме слики од видливите наслади во светот, па преку овие слики делумно да покажеме како благодатта дејствува во душите на таквите луѓе. Понекогаш тие се развеселени, како да се наоѓаат на царска вечера, и се радуваат со неискажлива радост и веселба. Понекогаш се како невеста, смирена со божествениот мир во прегратките на небесниот младоженец. Понекогаш, пак, како бесплотни ангели, чувствуваат една таква леснотија и окриленост, иако се уште се наоѓаат во тело. А понекогаш се како опиени од некое пиење, радосни и смирени од Духот, опиени од божествените духовни тајни.

8. Но понекогаш некако плачат и тажат за родот човечки и, молејќи се за целиот Адам, пролеваат солзи и плачат разгорени од духовна љубов кон човештвото. Понекогаш Духот ги распалува со таква радост и љубов, што, кога би било можно, би го примиле секој човек во своето срце, не правејќи разлика меѓу злиот и добриот. Понекогаш во смиреномудреноста на духот толку се понижуваат себеси пред секој човек, што се сметаат за последни и најмалечки од сите. Понекогаш Духот постојано ги одржува во неискажлива радост. Понекогаш се слични на силен воин, кој се облекол во царската воена опрема, па излегол да бие битка со непријателите и силно се труди да ги победи. Зашто, слично на ова, и духовниот човек се облекува тзо небесната воена опрема на Духот, напаѓа на непријателите и бие битка со нив за да ги покори под своите нозе.

9. Понекогаш душата се успокојува во некое големо тихување, во тишина и мир, и се наоѓа само во духовно задоволство, во неискажлив мир и благоденствие. Понекогаш благодатта ја умудрува за да разбере нешто, ја умудрува со неискажлива мудрост, со знаењето на неиспитливиот Дух, коешто не може да се искаже со јазикот и устата. Понекогаш човекот станува како еден од обичните. Така на разновидни начини благодатта дејствува во луѓето и на многу начини го покажува патот и ја смирува, според волјата Божја, и на различни начини ја вежба, за да му ја претстави на небесниот Отец совршена, беспрекорна и чиста.

10. А овие дејства на Духот, што ги наброивме, достигнуваат високи мери кај оние што се блиски до совршенството. Зашто наброените разновидни благодатни успокојувања различно се изразуваат преку зборот и во луѓето се извршуваат непрекинато, така што едно дејство следува по друго. Кога душата ќе дојде до совршенството на Духот, целосно исчистена од сите страсти, соединета со Духот Утешител во неискажливо општење и, бидејќи е споена со Духот, и самата ќе се удостои да стане дух, тогаш таа сета станува светлина, сета - око, сета - дух, сета - радост, сета - мир, сета - веселба, сета - љубов, сета - милосрдност, сета - благост и добрина. Како што во морската длабочина каменот отсекаде е опколен со вода, така и овие луѓе, целосно соединети со Светиот Дух, стануваат слични на Христа, потполно имајќи ја во себе добродетелта на духовната сила, внатрешно останувајќи беспрекорни, непорочни, чисти. Зашто, како можат обновените преку Духот да раѓаат плод на порокот? Токму спротивното, во нив постојано и во се блескаат плодовите на Духот.

11. Според тоа, и ние да Го молиме Бога, со љубов и со голема надеж да поверуваме во Него, да ни ја даде Тој и нам небесната благодат на духовниот дар, па самибт Дух да не управува и да ни го покажува патот кон исполнувањето на секоја Божја волја и да не успокојува на многуте најразлични начини на Своето успокојување, така што при едно такво благодатно управување и вежбање и при духовно напредување, да се удостоиме да влеземе во совршенството на полнотата Христова, како што вели апостолот: „за да се исполните со сета полнота“ Христова (Ефес. 3,19); и уште: „додека сите не стигнеме... до состојба на совршен маж, до мерка на полната возраст на Христовото совршенство“ (4, 13). Господ на сите, кои вистински веруваат во Него и просат од Него, им ветил дека ќе им ја подари тајната на неискажливото духовно општење (заедничарење). Затоа и ние, откако целосно ќе Му се предадеме на Господа, да поитаме да ги придобиеме богатствата што ги споменавме погоре, откако ќе Му ги посветиме и душата и телото и ќе се приковаме за крстот Христов, да станеме достојни за вечното царство, прославувајќи Го Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите на вековите. Амин.

Издавач: ЃаконијА

Посети: {moshits}

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная