логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 16

За тоа дека духовните луѓе подлежат на искушенија и маки кои произлегуваат од првиот грев.

drvo.pole.jpg1. Сите разумни суштини, ги подразбирам овде ангелите, душите и демоните, Создателот ги создал чисти и мошне едноставни. А тоа, што некои од нив попаднале во зло, со нив се случило врз основа на нивното самоволие, зашто по своја сопствена волја ја напуштиле мислата што им прилега. А ако кажеме дека Создателот ги создал зли, тогаш Бога, Кој го испраќа сатаната во оган, ќе Го наречеме неправеден судија. Но постојат еретици, кои тврдат дека материјата е беспочетна и дека таа претставува корен, коренита сила, и дека таа според силата Му е еднаква на Бога. Против ова основано можеш да поставиш прашање: А која сила најпосле победува? Неопходно е да се одговори дека тоа е - силата Божја. Во таков случај, пак, се покажува дека победениот не постои од истото време и не е еднаков според силата со Победникот. Тие што тврдат дека злото е самостојно, ништо не знаат. Зашто во Бога, со оглед на Неговата бестрасност и Неговото Божество, нема никакво самостојно зло. А во нас злото дејствува со сета сила и чувствителност, сугерирајќи ги сите нечисти желби. Исто така, тоа не е споено со нас како виното со водата, како што велат некои, туку како што на истата нива расте пченицата сама за себе и плевелот сам за себе, или како што во иста куќа живее посебно разбојникот и посебно господарот на куќата.
2. Од изворот истекува чиста вода, но на неговото дно лежи тиња. Ако некој ја замати тињата, тогаш целиот извор станува матен. Така и душата, кога е заматена, се спојува со порокот. И сатаната, на некаков начин, станува едно со душата - во време на блудот или убиството и двата духа сочинуваат некакво единство. Зашто „оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа" (1. Кор. 6, 16). Меѓутоа, во друго време, самостојната душа дејствува сама по себе и се раскајува за своите постапки, плаче, се моли, и во своето сеќавање го доведува Бога. А кога душата секогаш би потонувала во зло, во тој случај, како би можела да го прави тоа; затоа што сатаната, кој е жестокосрдечен, никако не сака луѓето да се обрнуваат кон покајание? И жената кога ќе се омажи со мажот е едно со него, но во некое друго време тие се одвоени еден од друг, зашто често се случува еден од нив да умре, а другиот да остане жив. Слично се случува и при општењето на душата со Светиот Дух - душата станува еден дух со Него. „Кој се соединува со Господа, еден дух е со Него" (1. Кор.6,17). А ова бива кога човекот е апсорбиран од благодатта.
3. Некои, коишто веќе ја вкусиле сладоста на Бога, се уште подлежат на дејството на противникот врз нив и, поради неискусноста, се чудат што и по Божјата посета помислите се уште дејствуваат, дури и во времето на христијанските тајни. Но оние што остареле во таа состојба, не му се чудат на ова. Исто како што и искусните земјоделци, по долговремена навика, кога годината е плодородна, не остануваат целосно безгрижни, туку очекуваат и глад и недостаток, и обратно, кога ќе ги стигне гладот или недостатокот, не ја губат потполно надежта, знаејќи дека времињата се менуваат. Така и во духовното, кога душата потпаѓа под разни искушенија, таа не се чуди и не очајува, зашто знае дека на злобата и се дозволува да ја искушува и да ја казнува душата по Божјо допуштање, и обратно, кога душата се наоѓа во големо богатство и спокојство не останува безгрижна, туку ги очекува промените. Сонцето е тело и твар, па сепак, иако ги осветлува и смрдливите места, каде што има тиња и нечистотија, не трпи никаква штета или не се осквернува: а колку повеќе Духот чист и свет, кога престојува во душата, што се уште се наоѓа под дејството на лукавиот, ништо од тоа не поприма; зашто „Светлината во темнина свети и мракот не ја опфати" (Јован 1, 5).
4.  Значи, кога човекот се наоѓа во длабочината на благодатта и е збогатен од неа, и тогаш во него има остатоци од порокот, но има тој во себе и застапник кој му помага. Затоа, кога некој се наоѓа во мака, или во немирот на страстите, не треба да ја губи надежта, затоа што преку очајот гревот уште повеќе навлегува во душата и се здебелува во неа. А кога некој има непрестајна надеж во Бога, злото како да се истенчува и разводнува во него. Ако некој чувствува немоќ, ако му е болен некој дел од телото, страда од треска и чувствува слабост, ова произлегува од гревот, зашто тој е корен на сите зла - од него се раѓаат душевните посакувања и лошите помисли. Ако изворот тече, тогаш и местата што го опкружуваат се наводнети и влажни. А штом ќе настане жега, се исушува и изворот и местата околу него. Така и кај Божјите слуги во коишто преизобилува благодатта, таа го исушува и посакувањето коешто е поттикнато од лукавиот, а исто така и природното посакување; затоа што сега Божјите луѓе се издигнале повисоко од првиот Адам.
5.  Неописливиот и неопфатливиот Бог се јавува насекаде, и на планините, и во морето, и долу во бездните, без да преминува од едно место на друго, слично како што ангелите слегуваат од небото на земјата. Тој е и на небото, Тој е и овде. Но ќе прашаш: Како е можно Бог да биде во геената, или како е можно Тој да биде во темнината или во сатаната, или во оние места каде што има зломирисност? Ти одговарам дека Бог е бестрастен и се опфаќа, зашто е неопислив. И сатаната, како Негова твар, е зависен од него. А доброто, пак, не се осквернува и не се помрачува. А ако не признаваш дека Бог опфаќа се, и геената и сатаната, дозволуваш да се заклучи дека Тој се опишува со местото во коешто се наоѓа лукавиот и ги тераш работите кон тоа да се бара некој друг бог, којшто е над Него. Зашто нужно е Бог да биде насекаде, над се. Но, со оглед на таинственоста и истенченоста на Божеството, темнината, којашто е опфатена од Него, Него не Го опфаќа. Злото не може да заедничари со чистотата, којашто е во Бога. Значи, за Бога не постои самостојно зло, зашто Тој не трпи штета од ништо.
6.  Но за нас злото постои. Тоа живее и дејствува во срцето, сугерирајќи лукави и нечисти помисли, ни пречи да принесуваме чисти молитви, правејќи го умот заробеник на овој век. Тоа се облекува со душата, се допира до самата срцевина на коските. Како што сатаната е во воздухот и таму, без воопшто да Му е стеснет просторот, исто така е присутен Бог, така и гревот е во душата и таму, подеднакво, без и најмалку да и е стеснет просторот, присуствува и Божјата благодат. Како што слугата, ако е близу до својот господар, цело време додека е крај него се наоѓа во страв и ништо не прави без него, така и ние треба да ги ставаме и откриваме своите помисли пред Владиката и Срцезналецот Христос, и да се надеваме на Него, затоа што Тој е - мојата слава, Тој - мојот Отец, Тој - моето богатство. Значи, ти во совеста секогаш треба да имаш грижа и страв. А ако кај некого Божјата благодат се уште не е засадена и утврдена, тогаш тој дење и ноќе со душата нека се прилепува, како кон нешто природно, кон тоа што одвреме-навреме го раководи, го буди и го насочува кон доброто. На крајот на краиштата, нека ги има во него грижата, стравот, болезливоста, и нека биде во него постојано утврдено смиреноста на срцето, како нешто природно и неизменливо.
7. Но како што пчелата скришно го изработува саќето во кошницата, така и благодатта скришно ја произведува во срцето својата љубов, и горчината ја претвора во сладост, а жестокосрдечноста во мекосрдечност. И како што сребренарот и граверот ја гравира чинијата дел по дел, покривајќи ја со разни животни, па ја покажува чинијата во полн сјај дури кога ќе ја заврши работата, така и вистинскиот Уметник Господ ги украсува со гравура нашите срца и на таинствен начин ги обновува, додека не се преселиме од телото, па дури тогаш ќе стане видлива убавината на душата. Оние што сакаат да направат некаков сад и на него да нацртаат животни, отпрвин прават восочен калап, и од него го излеваат садот, па така, најпосле, производот си го добива својот изглед. Така и гревот, бидејќи е со духовно својство, има свој лик и се преобразува во многу видови. Слично на ова, и внатрешниот човек е некакво живо суштество, коешто има свој лик и своја контура, зашто внатрешниот човек е подобие на надворешниот. Тој е многу важен и скапоцен сад, со оглед на тоа што Бог е наклонет кон него повеќе отколку кон сите останати твари. И како што добрите помисли на душата се слични на скапоцени камења и бисери, така и нечистите помисли се исполнети со мртви коски и со секаква нечистотија и смрдеа.
8. Значи, христијаните му припаѓаат на еден друг век, синови се на небесниот Адам, нов род, чеда на Духот Свет, светлоносни браќа Христови, слични на својот духовен Отец и светлоносен Адам. Тие се од тој град, од тој род, имаат удел во таа сила. Не му припаѓаат на овој свет, туку на еден друг свет. Зашто самиот Господ вели: Вие не сте „од светот, како и Јас што не сум од него" (Јован 17, 16). Како што трговецот, кога се враќа оддалеку и многукратно го зголемил својот профит, им испраќа пари на домашните за тие да му купат куќи, садови, неопходни облеки, и кога ќе се врати во татковината, со себе носи големо богатство, па неговите домашни и роднините го пречекуваат со голема радост, така се случува и во духовното. Ако некои си соберат небесно богатство, за тоа ќе дознаат нивните сограѓани, т.е. духовите на светителите и на ангелите, и ќе се восхитуваат, велејќи: Големо богатство стекнале нашите браќа на земјата. Таквите, при своето заминување, имајќи Го со себе Господа, со голема радост се издигнуваат кон горните нешта, и оние што се со Господа ги пречекуваат, откако однапред за нив таму подготвиле живеалишта, садови, сесветли и скапоцени облеки.
9. Според тоа, потребно е да имаме трезвеност во се, за да не се случи и оние богатства, коишто се чини ги имаме, да се свртат на наша штета. Зашто и по природа добрите луѓе, ако не се чуваат, постепено се занесуваат со самата добрина, и мудрите ги ограбува самата мудрост. Затоа, човекот треба да биде умерен во сите делови: благоста да ја спои со строгост, мудроста со расудливост, зборот со дело, и сета надеж да ја полага на Господа, а не на себе. Зашто добродетелта се гради со многу нешта, како што и за да се подготви некое јадење неопходно е благомирисно вино, или нешто друго, и не само мед, туку и бибер, и само во тој случај е добро за јадење.
10. Тие што тврдат дека во човекот нема грев, личат на луѓето кои за време на поплава тонат во надојдената вода и не го признаваат тоа, туку велат: Слушнавме шум на вода. Така и оние што тонат во длабочините на брановите на порокот тврдат дека во нив нема грев, ниту во умот, ниту во помислите. А има други, кои владеат со словото и знаат да зборуваат, но не се зачинети со небесната сол, па затоа размислуваат за царската трпеза, а самите не јадат од неа, и така, ништо не придобиваат. А некој и самиот цар го гледа, и кога ќе се отворат неговите ризници, влегува, го добива наследството, јаде и пие од оние скапоцени јадења.
11. Ако некоја мајка имала син единец, најубав на лице, мудар, украсен со сите добри особини, и во тој нејзин син била вложена сета нејзина надеж, и ако се случи тој да умре пред неа, нејзе и останува само постојаната тага, неутешниот плач. Така и умот треба да почне да плаче и да пролева солзи за душата, како за умрена за Бога, и постојано да се предава на тага, со срцето да се покајува, да останува во страв и во загриженост и секогаш да биде гладна и жедна за доброто. Кај таквиот најпосле Доаѓа Божјата благодат и надежта и кај него веќе нема плач. Напротив, тој се радува, како човек што нашол големо богатство, и одново трепери да не го загуби и ова, како што го загубил првото - затоа што разбојниците напаѓаат. И како што оној, кој многупати попаѓал во рацете на разбојниците, кои му нанеле загуби, и со голем напор им избегал, а потоа стекнал огромен имот и големо наследство, веќе не се плаши од пропаѓање, надевајќи се сега на богатството што многукратно се зголемило, така и духовните луѓе, кои отпрвин поминале многу искушенија и страшни места, па потоа се исполниле со благодат и преизобилуваат со богатства, веќе не се плашат од оние кои сакаат да ги ограбат, затоа што нивното богатство не е мало. Впрочем, тие имаат и страв, но не стравот на луѓето исплашени од лукавите духови, туку страв и грижа како ке управуваат со духовните дарови што им се поверени.
12.  Таквиот човек се смета себеси за понизок од сите грешници, таквата мисла е всадена во него како природна и колку подлабоко влегува во познанието на Бога, толку повеќе се смета себеси за незнајко, колку повеќе се научува, толку повеќе смета за себе дека ништо не знае. Ова, како нешто природно, во душата го произведува благодатта, којашто го поттикнува човекот. Како што ако бебето е во рацете на некое момче, оној што го држи на рацете го носи каде што сака, така и благодатта, којашто проникнува до длабочините, на своите раце го држи умот и го издигнува на небесата, во совршениот мир, во вечното успокојување. Но и во самата благодат има мерки и чинови. Еден е заповедник на војнички одред, кој има смелост пред царот, а друг е заповедник пред целата војска. Како што куќата полна со чад го разлева чадот и на надворешниот воздух, така и порокот, откако ќе ја преполни душата, се излева нанадвор и дава плодови. Како што оние, на коишто им е дадено да бидат главни во управувањето со некоја област или со царската ризница, не престануваат да се грижат да не го нажалат царот со нешто, така и тие на кои им е доверено духовното дело секогаш се наоѓаат во грижа и, иако имаат спокојство, исто како да го немаат, затоа што се уште го истеруваат од душата царството на темнината, коешто продрело во градот, т.е. во душата, како и варварите, кои ги завладеале ливадите околу градот.
13.  Царот Христос испраќа одмаздници во овој град, ги заробува неговите мачители, и ја населува таму, како во своја сопствена татковина, небесната војска, војската на светите духови. Најпосле, и сонцето блеснува во срцето, и неговите зраци проникнуваат во сите членови, и таму веќе завладува длабок мир. А тогаш кога благодатта ќе отстапи и човекот ќе ја покаже својата храброст и ќе  овика кон Бога, стануваат видливи неговите усилби и неговиот подвиг, искуството и приврзаноста кон Бога. А ти, кога слушаш дека постојат реки од змии и уста на лавови, и темни поднебесни сили и огнен пламен што клокоти, каков што нема на земјата, знаеш ли дека ако при твоето излегување од телото не примиш залог од Светиот Дух, тие ќе ја задржат твојата душа, не дозволувајќи ти да се издигнуваш кон небесата? Слично на ова, кога слушаш за достоинството на душата и за тоа колку е скапоцена оваа умна суштина, сфаќаш ли дека Бог рекол: „Да создадеме... според нашиот'образ и подобие" (1. Мој. 1, 26), за човечката природа, а не за ангелите, и дека небото и земјата поминуваат, а ти си повикан да станеш син, брат, невеста на Царот? Во видливиот свет се што е на младоженецот и припаѓа и на невестата. Така и се што е на Господа ти се дава тебе. Зашто самиот Тој дошол да посредува за тебе, да те повика. А ти воопшто не се замислуваш и не ја разбираш својата благородност. Затоа со право  духоносниот  маж  го  оплакува  твоето   паѓање, велејќи: ,Новек, кој неразумно живее, сличен е на животните" (Псал. 48, 20). Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите! Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная