Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре во нас – меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце, како и меѓу Христос во Чашата – Оној со Кого се причестуваме, и Христос во секој еден човек – Оној со Кого нељубовно се однесуваме. Потврда за ова е отсуството на умно-срдечната молитва – и лична и литургиска; и непросветлениот ум.
Расколот го предизвикуваат неочистените страсти во нашето срце, како и демоните поврзани со нив. Страстите ја растројуваат нашата личност – внатрешно, и ги растројуваат нашите односи со луѓето – надворешно. Со доброволно подложување и претрпување на искушенијата во пустината, Богочовекот Исус Христос ни даде сила да ја победиме која било страст – и сластољубието и славољубието и среброљубието, само ако сакаме.


Слава Тебе Господи!
Митрополит Струмички Наум
++++++++
Божествена Литургија во храмот на Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица. Митрополит Струмички Наум

 

Naum.na.Lit93
        
Слава Тебе Господи!




++++++++