логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

 Скопје,24ти јануари 2021 год.-  Соборен храм Св.Климент Охридски

 3.angeli.so.truba1

НЕДЕЛА ПО БОГОЈАВЛЕНИЕ
Матеј 4,12-17; зачало 10

3.angeli.so.truba

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

   Во Неделата по Богојавление го слушаме краткото Евангелие според Матеј за тоа, како Христос доаѓа во Галилеја, кога дознава дека светиот пророк Јован Претеча е фатен и затворен во темница. Светиот пророк Јован прв сведочи за Христа и го подготвува патот по кој треба да оди Господ, онака како што тоа го прават слугите за своите господари. Кога Господ Иисус Христос ја дознава веста за страдањето и затворањето на Претечата ја започнува Својата прва проповед. Тој пристигнува во Галилеја, за да покаже дека луѓето кои внимаваат на проповедта за покајанието, Бог никогаш не ги остава. А кога од нив, од луѓето се одземаат и најдостојните, Господ испраќа други - уште подобри Божји угодници, или пак Самиот доаѓа за да ја соопшти Божјата волја и да го трасира патот на спасението и на вечниот живот. Неговата црква никогаш не е оставена сама, доаѓа Тој Самиот, Кој е глава на црквата, за да го исполни реченото преку пророкот Исаија кој всли: "Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и на оние, што седеа во крај на сенка смртна, им изгреа светлина" (Матеј 4,16).

3.angeli.so.truba


  Таа светлина се нарекува голема, затоа што излегува од Неговото благо-вестие. Тој е над светлината што порано беше во старозаветниот закон, која беше мала светлина. Светлината која Христос ја открива е голема светлина, а тоа е Евангелието и е посилна од се. "Евангелието, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина", ни благовести светиот апостол Јован (1. Јован 1,5). Христовата светлина ги открива длабочините на вечните Божји тајни и таа свети далеку, во сите времиња и низ сите векови. Неговата светлина ќе свети се посилно и посилно, зашто Бог "живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го vидeл, ниту може да Го види" ни сведочи светиот апостол Павле (1. Тимотеј 6,16).
   Ситe кои се без Христа се наоѓаат во темнина. Тие го отфрлиле Бога од себе и самите се темнина и седат во темнина, Луѓето се во темнина затоа што ја засакале темнината повеќе од светлината. А, зошто ја засакале темнината повеќе од светлината? Затоа што нивните дела биле зли и тие сe плашат да пријдат кон светлината. "Секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави" повторно ни благовести возљубениот Христов апостол Јован Богослов (Јован 3,20). Тие можат да се занимаваат и со било каква светска хуманитарна или добротворна дејност - сепак тие седат во темнина, зашто тоа што го прават, го прават за своја слава и самопофалба, а не за Бога. Но, ако човек го замрази злото што го твори, тогаш светлината која Христос ја возвестува му се открива како спасение. Христос вели: "Јас Сум светлина на светот..." (Јован 8,12) и "Јас како светлина дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина" (Јован 12,46). Секој кој што ќе му пријде на Христа нема да остане во темнина, туку ќе постане дете на светлината и син на вечниот живот.

   "Оттогаш почна Иисус да проповеда и да говори: "Покајте се, зашто се приближи царството небеско!" (Матеј 4,17) Со овие длабоки зборови започнала проповедта на воплотениот Син Божји кон паднатото човештво. Во овие кратки, едноставни и јасни зборови се состои суштината на целото Евангелие. Зборот покајание (на грчки: метании) означува изменување на умот, промена на лошото и погрешно мислење, т.е. обновување или повторно богоугодување. Христовата проповед повикува да го измениме злобниот начин на мислење и гревовниот начин на живеење, да се откажеме од гревовните дела и помисли. Синоним на покајанието во Светото писмо е зборот "обраќање". Обратете се од својот зол пат и исправете ги вашите патишата и вашите постапки" вели светиот Пророк Јеремија (18,11). Покајанието не е само жалење за гревовното минато, тоа повеќе е нов став на човекот кон самиот себе, кон другите и кон Бога. Тоа е суд на сопствената душа пред страшниот суд. "Покајанието е скала што сe издигнува дотаму, од каде сме паднале" ни вели свети Ефрем Сирин.

3.angeli.so.truba
   Возљубени браќа и сестри, за некој да поверува во Господа - неопходно е покајанието. За да остане во православната спасоносна вера - неопходно е покајанието. За да напредува духовно - неопходно е покајанието. За да го наследи царството Божјо - неопходно е покајанието, Затоа Светото писмо не поучува дека Бог Го испрати Својот возљубен Син, второто лице од Света Троица во светот, за оној што верува во Него, да не биде осуден туку спасен, а неверниот веќе е осуден. "Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него" ни вели светиот апостол Јован Богослов (Јован 4,17). Светлината - Христос дојде во светот и на оние кои седеа во крај на сенка смртна, им изгреа светлина, благовести евангелистот Матеј (Матеј 4,16),
"Покајте се, зашто се приближи царството небеско!" (Матеј 4,17). Овие зборови се упатени и на оние кои поверувале во Христа и се решени постојано да ја докажуваат верата со дела, со своето однесување кон другите и кон Бога, со својот живот, па повторно им треба покајанието. Нивниот плод се состои во исполнувањето на Божјата волја, зашто грижливото исполнување на Госпо-довите заповеди го научува човекот на неговата немоќ. Та човекот ја спознава својата падната природа, ја спознава својата немоќ сам да го победи злото, гревот и ѓаволот, па приклонува глава кон Бога и само на Него се надева. Без Бога не можеме ништо да направиме, Првиот чекор за да се доближиме кон Бога и за да живееме според Евангелието кое е збор Божји е покајанието. Затоа покајанието е неопходно, не само за да поверуваме во Христа, тоа е неопходно и за да останеме цврсти во верата Христова, тоа е неопходно за духовно да напредуваме и со животот христијански да сведочиме.

   Во деиешното Евангелие соогледуваме дека зборовите Христови се во тесна врска со царството Божјо. "Покајте се, зашто се приближи царството небеско!" (Матеј 4,17). Меѓу нив не е поставен никаков подвиг, никаква посредна околност, затоа што Јагнето Божјо - Господ Иисус Христос ги земал гревовите на светот (Јован 1,29). Тој направил се за нашето спасение. Тој не помирил со Бога, го подготвил и го здобил за нас царството небесно. Во делото на нашето спасение нам ни е оставен само еден труд - трудот да го примиме спасението, трудот на покајанието што ни го подарил Бог. Целиот Божји закон на спасението може да се сведе само на еден единствен принцип -на покајанието. За сите нас останува покајанието, незавршено до самиот смртен час. Зашто ние луѓето ќе бидеме осудени на страшниот суд, само ако одбиваме да се покаеме, "Покајте се, зашто се приближи царството небеско!" (Матеј 4,17).


3.angeli.so.truba


   Божјото царство и нсбесниот Цар се неискажливо блиски до нас. Христос во Откровението ни вели: "Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене" (Откровение 3,20). Овие Христови зборови тропаат и денес на портите од денешниот христијанин. Христос, кога дојде првпат во светот, дојде кога човештвото беше во длабок морален и гревовен пад. Тогаш дојде во понизност, за да му го покаже на човекот патот на спасението, победата над гревот и ѓаволот. По вторпат Христос ќе дојде во слава и како судија на целиот човечки род. За денот и часот на второто Христово доаѓање нe се знае, така ни вели Светото писмо, но со сигурност знаеме дека тоа ќе биде кога повторно во светот ќе царува гревот и злото, а Христовото стадо ќе биде мало. Денепшивс времиња многу потсетуваат на овие пророчки наговестувања. Затоа зборовите; "Покајте се, зашто се приближи царството небеско", важат и денес, за нас што подостојно да се подготвиме за здобивање на Божјото царство, сега и секогаш и во вечни векови, амин.

24ти јануари 2021 лето Господово

 Stefan.Sashe.sv.Joanikij

 

Друго:

3.angeli.so.truba

Божествена Литургија во Соборен храм  во Скопје

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная