логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


   
 


Денес, на денот на свети Исак Сирин и свети Ефрем Сирин, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија. Во беседата на денешното Евангелие, Владиката рече:

Потоа, влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митарите, и беше богат, сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок.

Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине.

Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може многу лесно да се откаже од својата човечка слава, па дури иако знае дека ќе изгледа споулавен и смешен во очите на целата јавност. Колкумина од нас се навистина спремни да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава, и колкумина од нас се спремни да изгледаат бедно и да служат за потсмев заради Господ и заради можната средбата со Него; макар и оддалеку, макар не знаејќи или само надевајќи се дека потоа ќе треба и во својот дом да Го примат. Тоа е тоа salto mortale на ‘стариот човек’ кое малкумина се спремни да го направат, со надеж дека сепак на крајот раката Господова нежно ќе ги прифати. Мислам дека началникот на митарите, богатиот Закхеј, токму така размислувал и токму така се чувствувал во себе трчајќи напред и качувајќи се на смоквата. Но, тоа секако нема да остане незабележано и невозвратено од Оној Кој сè гледа и Кој ги познава срцата на сите, Богочовекот Христос:

Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом“. Господ му се обраќа на Закхеј по име и го открива неговиот копнеж исто како и на Натанаил, на кого му рече дека го виде уште додека беше под смоквата. И исто како и Натанаил, кој одма сфати дека Истиот е Оној кон Кого беа тогаш упатени неговите молитви со Овој Исус Кој сега пред него стои, така и Закхеј сега, качен на смоквата, сфаќа дека неговото срце, односно неговото име и личност со сите тајни мисли и желби, како и копнежот да Го прими во својот дом, е откриено пред Овој Исус, Кој навистина, како што и претходно слушал, не може да биде никој друг освен Самиот Господ, освен Помазаникот Божји, освен Синот на Благословениот.

И тој веднаш слезе – знаејќи веќе преку својата засилена и оправдана вера многу добро и Кој го повикува и Кого треба да прими во својот дом – и Го прими со радост. И се радуваше многу заради тоа, како што човек може да се радува на првата благодат.

И сите, (кои високо мислат за себе и кои од завист судат и осудуваат) кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: отиде во куќата на грешен човек.

Но Закхеј, со своето вистинско, дејствително покајание, го оправда присуството на Богочовекот Христос во својот дом: А Закхеј застана и Му рече на Господа: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и, ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам“. Во тој момент Закхеј доволно се ослободува и од страста на среброљубието и постапува како оној на кого Господ му вели: „ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене“ (Матеј 19, 21). И навистина, токму тоа и се случува – Закхеј го раздава скоро, ако не, и целиот свој имот и го добива сокровиштето на небото. Ослободувајќи се во доволна мера од страста на славољубието и во доволна мера од страста на среброљубието, човек вообичаено во доволна мера се ослободува и од страста на сластољубието: „Но давајте милостиња според своите сили, тогаш сѐ во вас ќе биде чисто“ (Лука 11, 41). Ова е опис на состојбата на срце доволно очистено од страстите.

Спасението е секогаш поврзано со отворањето на срцето, со актуелизација на благодатта на Крштението и со просветлувањето на умот – би рекол и со умносрдечната молитва – макар и во последните моменти од нашиот живот. Така јас ги разбирам Господовите, односно Исусовите зборови со кои Тој ги оправда постапките на Закхеј и ја потврди неговата нова духовна состојба – просветлување: „денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов (односно, зошто и тој е од оние што го наследуваат Царството Небесно), оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното“ (Лука 19, 1-10).

Еве и уште една потврда за понатамошниот правилен подвиг и духовен развој на Закхеј од неговото житие: „Светиот апостол Закхеј најпрво беше цариник и грешник, но кога Господ го виде качен на дрво во Ерихон заради Него (Лука 19, 1-9), влезе во неговиот дом, а ова го приведе Закхеј кон покајание. Подоцна тој го придружуваше светиот апостол Петар, кој го постави за епископ на Кесарија Палестинска, каде што верно му послужи на Евангелието и мирно се упокои.“



 

The Repentance of Zacchaeus ( 10.02.2008 )

Today, on the day of the St. Isaac the Syrian and St. Ephraim the Syrian, Metropolitan Nahum of Strumica celebrated the Divine Liturgy. During the sermon on today’s Gospel, the Bishop said:

 And Jesus entered and passed through Jericho. And, behold, there was a man named Zacchaeus, which was the chief among the publicans, and he was rich. And he sought to see Jesus who he was; and could not for the press, because he was little of stature.

And he ran before, and climbed up into a sycamore tree to see him: for he was to pass that way.

Here is an everlasting, alive, and up-to-date evangelical example of how a man, though only having initial and imperfect faith, out of overwhelming desire and yearning to see the Lord and to ascertain whether it is Him, can very easily relinquish his worldly glory, even if he knew that he would seem foolish and ludicrous in the eyes of the entire public. How many of us are truly prepared to give up their vainglory, their false glory, and how many of us are prepared to look miserly and serve as an object of disdain for the Lord and for the potential encounter with Him; even from far away, even not knowing or just hoping that afterwards they would have to receive Him in their homes. This is the salto mortale of the ‘former man’ that very few are ready to perform, in the hopes that, still, in the end, the hand of the Lord will gently catch them. I believe that the chief of the publicans, the wealthy Zacchaeus, thought exactly like that and felt exactly like that when running forward and climbing the sycamore tree. But that will not remain unnoticed and unrequited by Him Who sees all and Who knows the hearts of all, the Godman Christ.

And when Jesus came to the place, he looked up, and saw him, and said unto him, “Zacchaeus, make haste, and come down; for to day I must abide at thy house”. The Lord addresses Zacchaeus by his name and unveils his desire the same way as with Nathaniel, whom He saw while he was still under the sycamore tree. And just as with Nathaniel, who immediately understood that the One to Whom, at the time all his prayers were directed, is the Same, as this very Jesus, Who now stands before him, so does now Zacchaeus, climbed on the sycamore tree, understand that his heart, that is, his name and person with all the secret thoughts and desires, as well as the yearning to accept Him in his home, is unveiled before this very Christ, Who truly, as he had heard before, cannot be anyone else but the Lord Himself, the God’s Anointed One, the Son of the Blessed One.

And he made haste, and came down—already knowing very well, through his strengthened and justified faith, both Who is calling him, and Whom is he to receive in his home—and received Him joyfully. And he rejoiced because of it, as a man rejoices in the first grace.

And when they (all those who have high opinion of themselves and who, out of jealousy, judge and condemn) saw it, they all murmured, saying, That he was gone to be guest with a man that is a sinner.

But Zacchaeus, with his genuine, practicing repentance, justified the presence of the Godman Christ in his home: And Zacchaeus stood, and said unto the Lord: “Behold, Lord, the half of my goods I give to the poor; and if I have taken any thing from any man by false accusation, I restore him fourfold”. At that moment Zacchaeus sufficiently liberates himself both from the passion of avarice and behaves as the one to whom the Lord says: “if  thou wilt be perfect, go and sell that thou hast, and give to the poor, and thou shalt have treasure in heaven: and come and follow Me” (Matthew 19:21). And indeed that happens—Zacchaeus gives almost, if not all of his property, and he receives the treasure in heaven. By liberating himself to a sufficient degree from the passion of vainglory and to a sufficient degree from the passion of avarice, man usually liberates himself to a sufficient degree from the passion of self-indulgence as well: “But rather give alms of such things as ye have; and, behold, all things are clean unto you” (Luke 11:41). This is a description of a heart sufficiently purified from the passions.

Salvation is always linked to the opening of the heart, to the actualization of the grace of Baptism and to the illumination of the mind—I would even say to the mind-and-heart prayer—even in the last moments of our life. This is how I understand the Lord’s, that is, Jesus’ words with which He justified the acts of Zacchaeus and confirmed his new spiritual state—illumination: “this day is salvation come to this house, forsomuch as he also is a son of Abraham (namely, as he is of the ones who inherit the Kingdom of God), for the Son of Man is come to seek and to save that which was lost” (Luke 19:1-10).

This is another confirmation for the subsequent correct struggle and spiritual development of Zacchaeus from his life: “The holy Apostle Zacchaeus was at first a publican and a sinner, but when the Lord saw him climbed on a tree in Jericho for Him (Luke 19:1-9), He entered his home, which brought Zacchaeus to repentance. Later on, he followed the holy Apostle Peter, who appointed him bishop of Caesarea in Palestine where he faithfully served the Gospel and died peacefully”.

Посети:{moshits}
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная