логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина. Ниту пак светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен...” (Мат. 5; 14 – 19)

 “Никој, кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат.” (Лука 8,16.)

 

   naum.bdenie.jpg         Светлината за која станува збор ја имаме сите ние добиено на денот на Светото Крштение. Тоа е благодатта на Светиот Дух! Бидејќи не нè воспитувале од мали во духот на православниот живот и подвиг, Божествената благодат останала скриена под наслагите на гревот, под закоравената бесчувствителност на нашето срце. Затоа треба да поверуваме, да се покаеме, да се исповедаме, да се вратиме на духовниот подвиг, да ги исполнуваме заповедите Божји, да се молиме, да се причестуваме со Телото и Крвта Христови... Целта е, преку правилно духовно раководство, во послушание, да ги отстраниме, една по една, наслагите на валканост од нашето срце, за да се пројави благодатта која сме ја добиле на Светото Крштение. Благодатта постепено ќе го преобрази нашиот живот и ќе нè направи целите светлина: и нашите мисли, и нашиот збор, и нашето дело. Таа благодатна светлина, која е дар на Светиот Дух Господ, е единствениот вистински печат и потврда на нашиот правилен духовен подвиг и вистинско сведоштво на Христос Богочовекот во слава на нашиот Бог Отец.

Оној што запалил свеќа, на првиот степен од својот духовен развој – очистување, е тој што доволно ја очистил енергијата на својот ум. Ова очистување се нарекува и прво гледање на несоздадената Божествена светлина.

Кога запалената свеќа не се поклопува со сад, тоа значи дека оној што доволно ја има очистено енергијата на умот, првото гледање на несоздадената светлина, кое се случува во умот и разумот, не го употребува за судење и за осудување на ближниот. Судењето и осудувањето е грев, а гревот ја задушува светлината, односно благодатта очистителна.

А кога свеќата не се става под одар, тоа значи дека првата светлина не се употребува само за интелектуално надградување туку за севкупно преобразување на сите душевни и телесни сили. Користењето на првата светлина само за интелектуалното надградување, прво го ограничува нејзиното делување (ставање под одар), а потоа и наполно ја задушува. Знаењето гордее и создава поделби, а љубовта смирува и соединува во заедница.

Кога запалената свеќа се наместува на свеќник, тоа значи дека првата светлина се користи за согледување на сопствените гревови и нивно отстранување. На тој начин продолжува процесот на очистување на срцето од страстите.

Со континуирано продолжување на правилниот подвиг, на вториот степен од нашиот духовен развој – просветлување, започнува да се чисти поконкретно и суштината на умот, што е во срцето. Кога суштината на умот доволно ќе се очисти, се случува отворање на срцето, појавување на несоздадената благодат и молитвено симнување на умот во него. Тоа е дар Божји.

Очистувањето и просветлувањето на суштината на умот се нарекува и второ гледање на несоздадената Божествена светлина. Сега светлината поставена на свеќникот, нашето срце, може слободно да делува. Во оваа светлина лесно се забележува секој двиг на срцето и душата, како и помислите што сакаат да влезат од надвор. Во оваа светлина, многу полесно се контролираат страстите, кои што сѐ уште постојат во срцето. Веќе оваа светлина тешко може да се поклопи под сад и да се задуши, за тоа е потребно пад во голем грев, а уште помала е можноста под одар да се стави, затоа што потребата од интелектулно знаење на тој степен е безначајна. И запамтете, Бог никогаш не ја пали оваа светлина за таа потоа да згасне туку „ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат!” Ако светлината се разгорува и засилува преку постојан напор да се пребива во умносрдечната молитва и преку подвигот на љубовта кон непријателите, тогаш таа го одведува својот ‘сопственик’ до третиот степен на духовниот развој, наречен обожение.

На овој степен му одговара третото, вистинското гледање на несоздадената Божествена светлина, дури и со преобразените телесни очи. Гледањето на несоздадената светлина, кај светите Отци, мислам дека кај свети Максим Исповедник, може да се сретне и како созерцание на логосите на битијата. Во оваа светлина се гледа и доживува целото човештво како еден Адам, а соборната димензија на животот проникнува и ја опфаќа целата твар. Словото, пак, на обожените станува чудотворно: „кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши“ (Јован 14, 12). За оваа светлина Господ вели: „Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина“. И тоа, не само за оние што влегуваат во куќа, односно во Црква, туку и на сите што се надвор.

Вистинското гледање на несоздадената Божествена светлина му е потребно на духовниот отец за да ги води правилно своите духовни чеда. Но од друга страна, опитот покажува дека сепак напредокот во духовниот живот во најголема мера зависи од слободната волја на духовното чедо. Од вас зависи дали ќе се трудите во молитвениот подвиг малку, постојано или воопшто. Духовниот отец со своето слово во сила и светол пример ви дава сила, надеж и светлина во вашите срца, тој ве негува во своето срце, но не може да влезе во вас и наместо вас да се подвизува.

naum.bdenie2.jpgИсто така и со гледањето на втората светлина, со просветленоста може да се биде духовен раководител во духовниот живот. Но, првото гледање на несоздадената Божествена светлина не е доволна. Затоа што оној што ја има таа светлина сѐ уште се наоѓа во периодот на чистење на срцето од страстите, а светлината токму и за тоа му служи. А додека срцето не се отвори за умносрдечната молитва, односно додека е тоа сѐ уште заробено од страстите, не постои квалитативна разлика помеѓу, на пример, монах и световен човек. До тој момент, монахот е сѐ уште слеп духовно! А слеп не може самостојно да раководи друг слеп, зашто обата ќе паднат во јамата на прелеста. Така што, во исклучителни случаеви, кога Црквата има потреба, монахот што се наоѓа на првиот степен, може да функционира и како духовник, ако постои видлива тенденција за понатамошно очистување, и ако е тој и самиот под раководство на некој духовно опитен отец.

Но што е битно за оној кој што се наоѓа на степенот од просветлување? Таквиот не смее сам од себе да тежнее кон свештенички чинови и не смее во себе да негува желба да станува духовен раководител, иако за тоа има внатрешно духовно покритие. Негова основна цел мора да остане достигнувањето на совршенството, достигнувањето на обожението – на душата и телото, гледањето на несоздадената светлина. Само од послушание кон Црквата, и ако има внатрешна потврда во себе, може времено навидум да ја напушти  основната цел и да се посвети на свештеничката и духовничката должност и на служењето на своите ближни. Тоа сепак не значи вистинско напуштање на основната цел туку само стремење кон целта во отежнети околности. Како и да е, треба чесно и совесно да одработи некое време и што побрзо да си најде замена за да не го носи уште и тоа тешко бреме на и така тесниот и напорен пат.

            А што да кажеме за оние што иако се сѐ уште непросветлени, и сѐ уште заробени и водени од своите страсти, копнеат по свештеничките чинови и по позицијата на духовен раководител? А што да кажеме, пак, за тие што по Божјо допуштение, преку човек, го добија тоа што го бараа? Господи Исусе Христе помилуј...!

Митрополит Струмички г. Наум

 

(според записот на сестрите)

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная