Одговара: отец Горан Стојчевски
Прашање од Анета: Ве молам за совет во врска со прекрстувањето.
Како родител ги воспитувам своите деца за што е можно почесто да се осенуваат со крсниот знак, а кога се во друштво да изобразуваат , неприметно за никој, мал крст на подградниот дел.Тоа и го прават, но мене ме гризе сомнеж, што ако е тоа неправилен крст и ако сум ги научила погрешно? А навистина, како млади што се постојано во друштво, како поинаку би се прекрстиле?
Одговор:
Секоја година во Православното календарче е објаснето како правилно да го изобразуваме крсниот знак на себе, бидејќи на тој начин изразуваме дека целиот наш живот и надеж ги полагаме на верата во СветоТроичниот Бог Кој во полнота ни беше откриен во Богочовекот Христос, Кој на крстот ги очисти нашите гревови и ни го приготви патот кон царството Божјо. Но, доколку треба да се направи нешто „неприметливо„ или ненаметливо подобро е во себе да се каже кратката Исусова молитва (Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/ата).