Одговара: отец Горан Тасески
Прашање Ружица: Сакам да ве прашам некогаш правам работи кои сметам дека се добри,но од кога сум родена се соочувам со разни ситуации, кога бев мала па додека се омажив живеев во страв од фамилијарни проблеми поврзани со моите родители за мене тоа беше еден убав но во моите секавања повеке има кавги,пијанчене од татко ми и др. А од како се омажив се сретнав со други проблеми, немање пари, невработеност, живот под кирија и усте други проблеми. Прашането ми е дали Господ не гледа , дали животот ни е пишан или ние сами си го пишуваме , дали некогаш ќе го најдеме мирот духовен и земски, дали нашите страдања се Божја волја или тоа се наши гревови,.и сакам да прашам кој ги плаќа гревовите, тој што ги сторил или поколенијата?
И уште нешсто:
јас не сум крстена но постам без да се прицестам дали тоа несто знаци. инаку јас длабоко во себе цуствувам дека сепак господ постои но се прасувам зосто не ги казнува они кои ни прават лосо свесно и ни го унистуваат зивотот.и знам дека е грев но некои луге премногу ги мразам
нека ми прост господ но само ја казав вистината која знам дека е гресна доколку заслузувам одговор однапред ви благодарам.
Одговор:
Светото Крштение е врата преку која влегуваме во Црквата Божја а со тоа стануваме учесници во Божјата благодат која не поткрепува и ни помага да се носиме со проблемите од овој свет, не просветлува за да лично осознаеме за се она што ни се случува , и не учи за тоа како да делуваме за да се поправиме себеси а дури потоа и ситуацијата околу нас.
Сето ова се стекнува со активен духовен живот во Црквата, со наши лични трудови од молитва , учество на богослужбите ,покајание исповед и духовно раковотство од свештеник и молитви на црквата за вас што е исто така многу битно. амин! Господ со вас, секое добро.