Прашање од Елизабета:
Би Ве поздравила и би сакала да прашам како се кади по дома со темјан? Во што се става, дали се додава и нешто друго, се кади додека гори или потоа, се кажува ли нешто и слично... Однапред Ви благодарам!
Одговор:
Најпрактично е доколку се кади во кадилница, рачна или пак било каков прилагодлив предмет. Важна е суштината, а тоа е присуството на Светиот Дух и Неговата благодат преку благоуханието, и нашите молитви пред Бога. Се става само жарче и темјан и крстообразно се покадува во домот, а може да се кажува молитвата кон чесниот крст : Да воскресне Бог... која се наоѓа на крајот од вечерните молитви од Православниот молитвеник. И таа е молитва со која се изгонуваат бесовите и се осветуваме со силата на Чесниот Крст Господов. Со Неговата сила и застапништвото на Пресвета Богородица, Бог да не исправи и просвети со светлината на своето учење. Амин!
Друго:
Производство на темјан во манастир Успение на Пресвета Богородица