Одговара: отец Оливер Петровски
Прашање од Маја Г: Како да го избереме својот духовен отец?
ОДГОВОР:
Правилно е духовникот да биде твојот парохиски свештеник. Ако од некоја причина тоа не е изводливо, тогаш може да побараш друг духовник. Духовник може да ти биде и свештеник кој што го познаваш и за кој што сметаш дека ќе може да го раководи твојот духовен живот и за кој што мислиш дека ќе може да ти дава духовни совети задуховно да напредуваш. Но, во никој случај не би препорачал да ја прекинеш духовната врска и со својот парохиски свештеник.