И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Mитрополит Наум: МАНАСТИРСКИ РАЗГОВОР ЗА МОЛИТВАТА НА СРЦЕТО
На пример: иконата преку пештерата во која е роден Христос, пред сѐ, нѐ повикува да го откриеме срцето како наш духовен центар, како место каде што се случува нашето лично учество во Домостројот на спасението од зачнувањето, преку раѓањето, до воскресението Христово итн.,
а не да ја извадиме пештерата од иконата и да ја материјализираме.
Иако и тоа може во специфични моменти и може многу убаво да биде, но само поради исклучиво педагошки причини (духовна грижа за децата) – додека