Море
На Света маченица Харитина
Длабочина нема морето
да ја собере милоста
која Господ ја изли во срцето
и во душата твоја.
Радувај се Харитино, света девојко !
Силина нема морето
иако безбројни се брановите,
да се искаже виделото
кое небесата го подарија на очите.
О Харитино, кротко јагне Господово !
Мир таков нема морето
од ветрови напуштено,
каков што душа твоја спозна
кога Христос неа ја запозна.
Радувај се Харитино, смирена Невесто Христова !
Х орови од ангели ја воспеваат,
А ние срца кон небеса подигнуваме,
Р адоста која во вечноста се подарува
И сконско при Господа враќање.
Т агата од благодатта е покриена
И љубовта Негова кон човека се покажа,
Нам ни се подава по твоите молитви –
Осана со еден глас од безброј љубови.
Ј адот да се истисни
А ко и безброј пипци испуштил,
Г олеми се Христовите милости
Н ема падови кои Он не ги опростил.
Е х, силна е молитвата твоја пред Него.
Х аритино света девственичке
Р адост се долева во срцата
И љубов ја обзема душата
С о твоето за нас застапување.
Т ивко море ја носи лаѓата,
О ко недремливо пази на човека
В о твоите молитви се положи надежта
О д тебе се посведочи патот на благодатта.
Море од радости да не престанува
кога име твое се спомене,
во ум и срце да се всели кротоста
при секој кој на тебе воздава чествување.
Радувај се Харитино, море благодатно !
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: