Света Василиева Литургија во соборен храм на св.Никола (15.03.2020)

Светилнику на Православието, тврдино на Црквата и учителу! Убавино на монасите,
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (15.03.2020)

Самиот Христос ја уредил Светата Црква. Тој по своето неискажано милосрдие и долготрпение,не ја сака смртта на грешниците. Тој никогаш нема да допушти човекот да пропадне, без претходно да не се обиде да го вразуми.
Преподобен Силуан Светогорец+
Блажена е душата која Го засакала Господ и од Него се научила на смирение. Господ ја сака смирената душа која цврсто се надева на Него. Таа секој миг ја чувствува Неговата милост. Дури и кога разговара со луѓето, таа е обземена од љубовта кон Господ. Преку долгите борби со злите духови таа го засакала смирението повеќе од сѐ и не им дозволува на демоните да ја избркаат љубовта кон ближните од неа.
Протоереј Владимир Дојчев: Треба да го сакаме Христа
Темата за смртта е баш на вистинското место за време на постот. За неа треба да се говори. Да се гледа со широко отворени очи. Да се бара исход од неа. И луѓето да копнеат за вечноста. На крајот на постот ќе се произнесат и зборовите на апостолот: „Смрт, каде ти е осилото? Пеколу, каде ти е победата (1. Коринт 15,55)?“ и двата најважни зборови за целото човештво: „Христос воскресна“! Некои, дури и сакаат да ја откажат објавата на таа вест, затоа што мислат оти ќе се заразат доколку ја слушнат.
„Причестување за време на чума“
Не сум загрижен од стравот на луѓето кои не веруваат, туку повеќе ме загрижуваат ставовите на христијаните кои сакајќи да се постават како „адвокати“ на Бога, во случајов, дрско го небрегнуваат здравјето на ближните.
Прво, православните христијани кога исповедаме дека Лебот и Виното се Тело и Крв Христови, веруваме дека на Светата Литургија, Даровите се преосуштествуваат - добиваат нова суштина, неискажливо, неиспитливо, не-експериментално станувајќи Тело и Крв Христови - по суштина, а не по субстанца.
Што е тоа водосвет?
За осветување на водата сведочат древните автори уште од првите векови на христијанството, како „Апостолските установи“, „Евхологион“ на свети Серапион Тмуитски, како и отците Теодорит, блажениот Јероним, Епифаниј и други. Сите говорат за осветување на водата, со повикување на Светиот Дух, и со потопување на крстот во водата и крстообразно благословување од страна на свештеникот – елементи кои се задржале до денес.
Втор Акатист кон Пресвета Богородица, Соборен храм Скопје (13.03.2020)
На 13. 03. 2020 година, во Втората недела од Великиот пост, во Соборен храм во Скопје, отец Зоран Копчаревски во сослужение на о.Сашо Николовски и о.Бранислав Стојанчов, отслужи Мало повечерие со читање на втората статија од Акатистот кон Пресвета Богородица
Литургија на Претходноосветени дарови, храм Рождество на Пресвета Богородица, Скопје(13.03.2020)
Божествената Литургија на претходноосветени дарови е една од најчудесни и трогателни богослужби
во Црквата. Истовремено, таа е и итен повик за често причестување со Светите Христови дарови.
Во неа го слушаме гласот на старите векови, гласот на живото, древно Црковно предание.
Литургија на претходноосветени дарови (2)
По читањето на второто Старозаветно четиво, од центарот на црквата се воздигнува една трогателна и возвишена песна: „Нека се исправи мојата молитва како темјан пред Тебе, а воздигањето на моите раце како жртва вечерна“ . Овие зборови се земени од 140 псалм. За време на ова псалмопение, се кадат Престолот и Жртвеникот во олтар. Овие стихови, заедно со останатите стихови од истиот псалм се повторуваат шест пати.
Старец Ефрем Филотејски: За плодовите на искушенијата
„ Искушенијата ни се секогаш од полза, но само ако сме трпеливи.
Кога искушенијата ќе заминат, на човекот врз кого се обидувале
да делуваат му оставаат опитност и плодови соодветни
на трпеливоста и вештината што ги покажал во текот на борбата.“
Похвално слово за постот – Св. Ефрем Сирин
Вoзљуби ја сиромаштијата Христова, за духовно да се збогатиш преку неа. Постот е колесница, која води кон небото. Постот ги раѓа пророцитe и ги умртвува законодавците. Постот е добра заштита на душата и надежен сожител на телото. Тој е оружје за доблесните и училиште за подвижниците. Постот ги отстранува искушенијата и поттикнува на подвиг во благочестието. Тој е сожител на трезвеноста и виновник за целомудрието.
Литургија на Претходноосветени дарови во храмот на св.Петка, Скопје (11.03.2020)
"Говореше авва Нистерој: „Неповреден од стрелите на ненавидникот останува монахот што го љуби тихувањето; а оној што се меша со мноштво луѓе постојано е рануван.“ И уште: „Слугата што не ги врши делата што му ги дал неговиот господар нека се приготви да биде биен.“ (Лука 12, 47)"
Митрополит Месогејски Николај: За автентичниот и лажниот христијански опит – II дел
Автентичноста на доживувањето не се поистоветува со помпезно изразување, бурна сензационалност, восхит, изненадување или световно воодушевување. Христијанското доживување е таинствено, длабоко и внатрешно. Доживувањето на Хананејката, која прифати Господ да ја споредува со кучињата, на Закхеј кој јавно ги исповеда своите неправди, на крвоточивата која тајно зеде сила од Бога, претставуваат примери на автентичност. Никој не внимаваше на овие луѓе.
ИКОНА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА БОГОЉУБИВА (за избавување од епидемии)
Оваа икона е прославена за време на епидемијата на чума во 1771 година....
Во 1771 год., градот Владимир беше зафатен од епидемија на чума. Во овој момент Богородица се појави пред неколку побожни луѓе и повела да ја донесат Нејзината икона од Богољубово во Владимирово.
Во самиот манастир и во близина околу него немаше чума. Откако иконата беше доставена во Владимирово, чумата престана и таму.
Свети Анатолиј Оптински: Поука
„ Најголем пост е
кога човек ќе издржи се што
Бог ќе му испрати “.
Расказ за авва Пимен Велики
Но, кога ќе настапи бура на искушенија, тогаш застануваат со "сидрото" и со трпение чекаат подобрување на благодатна атмосфера за нивните подвизи.
Во што се состои "самоукорувањето"?
- Тоа се состои во непрестајната молитва: "Боже, биди милостив со мене грешниот! Господи, помогни ми! Господи, Кој ја знаеш мојата иднина, спаси ме!"
Свети Климент Охридски: Похвално слово за празникот „Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител“
Во деновите на царот Ирод дојде глас во пустината до Јован, синот на Захарија, и тој дојде на другата страна од реката Јордан, проповедајќи покајно крштение за проштавање на гревовите[1]. Во тие, пак, денови се умножи и бесот на Ирод, кој ја зеде жената на својот брат Филип. И Јован му рече: „Отпушти ја, зашто не е добро да ја земеш жената на својот брат“[2]. Не можејќи од злоба да го поднесе своето изобличување, го фати и го фрли во затвор.
Албанската Православна Црква потрошила околу 10 милиони евра за обнова на 63 цркви од 1991 година (08.03.2020 )
И покрај финансиската криза, Албанската Православна Црква активно ги обновува своите цркви кои се во урнатини од времето на комунистичкиот режим од минатиот век.Според извештајот на Албанската Православна Црква, од 1991 до 2019 година целосно биле обновени 63 цркви и манастири, а десетици нови цркви биле изградени, не секогаш во лесни околности, во вредност од 10 милиони евра. Многу од обновените цркви претходно биле користени како магацини, театри, сали за концерти итн.
Старците Јосиф Исихаст, Ефрем и Даниил од Катунакија прогласени за преподобни (09.03.2020 09:53)
Денес, 9 март 2020 година, Светиот Синод на Вселенската Патријаршија ги прогласи за преподобни светите Старци Јосиф Исихаст, Даниил Катунакиски и Ефрем Катунакиски.
За време на својата посета на Света Гора минатата есен, Патријархот Вартоломеј ги навести овие канонизации.
ЛИТУРГИСКИ ЈАЗИК - Архимандрит Софрониј Сахаров
Човечкиот јазик е предназначен да изрази реалности од различни планови: постои житејски план на природни потреби; постои нему близок, а сепак од него различен план на примитивни душевни чувствувања и страсти; постои јазик на политичка демагогија; постои научен, философски, поетски јазик; на крај, највиш од сите – јазикот на Божественото Откровение, молитвата, богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето - јазикот ЛИТУРГИСКИ.