логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Одговори на Вашите прашања      

Одговара: отец Горан Тасески

Прашање:

Како може човек да се откаже од христијанската религија и да го на некој начин избриши неговото крстење? Сакам да преминам во друга религија и сакам нов почеток, затоа би сакал на некој начин да го избришам крштевањето.Однапред благодарен


Одговор:  
 
Возљубени мој брате , Знаете ли дека Бог е безпочетен а се друго е создадено и има свој почеток и свој  крај. Семилостивиот Бог преку Светото Крштение не повикува за нов  почеток . Почеток  преку кој  се облекуваме за живот вечен во Царството Небесно за вечн блажен живот со Господа . Преку Светото  Крштение временото се облекува со вечното , распадливото се облекува во нераспадливост ,болното од гревот и смртта се облекува во здравје преку простување на гревовите . И така вие кои во Христа се крстивте во Христа се облековте , затоа внимавајте ако од вас  го соблечете Христа Бога , ќе се види вашата срамота , за да ја сокриете ќе сакате да се облечете во облека , но во каква ?- без Христа во нечиста со таква нечиста облека човек се страми пред друг човек а да не зборуваме за срамот  од нашата нечистотија кога ќе застанеме пред Христа Бога на крајот од нашиот овоземен живот, тогаш нема време ни за преоблекување ниту за повторно облекување . Тогаш е време на судот за сите наши постапки во животот .
Бидеќи Еден е Господ едно е и крштението Еден е и почетокот на нашето спасение во Христа Исуса Нашиот Господ.
Затоа никој не може да постави друга основа  која е Исус Христос/1.Кор.3.11--/. Он Е Спасител и Судија! Амин!

 


 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…
Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2211
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2485
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Православен календар

 

20/09/2024 - петок

Св. маченик Созонт; Св. апостоли Евод и Онисифор; Св. маченик Евпсихиј; Св. Јован, архиепископ Новгородски; Преп. Касијана Песнописателка ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ  7 септември / 20 септември 2024

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ 7 септември / 20 септември 2024

Поучувајќи се во Законот Господов ден и ноќ,гледајќи дека овците бесловесни го бараат пастирот свој,ти Созонте мачениче пред нозе Христови...

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува,о сило побрза од молњата,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная