За осудувањето – Св. Јован Кронштатски
Ти велиш: овој свет отец или овој благочестив човек има такви и такви гревови. Па што? Он е човек, и никој од луѓето не е безгрешен. Ако речеме дека грев немаме, вистината не е во нас (1 Јн. 1,8). Но, зарем ти си без грев? А ако не си, зошто на братот фрлаш со камења на осудување? Ако почнам да го претресувам твојот живот, според зборовите Божји, тогаш со твоите сопствени зборови би те осудил заради безбројни и тешки гревови..