ЖИВОТО ПРЕДАНИЕ И СПАСЕНИЕТО ВО ГРАДОТ (2)
Сега би сакала накратко да се задржам на она, што ги обединувало древните христијани и што денес нè обединува нас во вид на „традиција“, т.е. Предание. Очигледно е дека ние се собираме и го доживуваме своето заедништво во Евхаристијата. Сепак, навраќајќи се на катедралниот чин што претходно го споменав, чинот на градовите, секојдневната Евхаристија во историјата на Црквата се појавила релативно неодамна.