„Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител“
Затоа, не сакајќи да останеме без никаква реч, туку да оставиме едно макар и најмало сведоштво за неговиот досегашен крстовоскресен живот, ја составивме оваа скромна книга со фотографии од разни моменти од неговиот живот и кратки соодветни текстови. Поводите за издавањето на книгата се достојни за спомнување и одбележување: 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител, 50 години од раѓањето по плот на Старецот и 25 години од неговата монашка и свештенослужителска дејност.