Св.Теофан Затворник: Писмо 10
Молитвите не треба да се учат толку напамет колку со умот и срцето. Потребно е да се влезе во духот на молитвата, да се црпат мислите кои таа ги дава, да се усвојат и да се почувствуваат: така што кога ќе почнете да ја кажувате молитвата научена напамет, мислата и чувството да одат напред, а по нив зборот на молитвата. Како што гледате, и овде е потребно напрегнато внимание, и некојси притисок на срцето...