д-р Драган Михајловиќ - МИСЛИЧИЊА
Не повишувај го гласот кога разговараш со луѓе. Со Бога тоа и можеш да го правиш, но само ако си од позиција на Јов. Зад видливото го гледам невидливото. Но, видливото го сакам повеќе.
Ако човекот наутро е нерасположен, а навечер е ведар и полн со надеж, тоа е сигурен знак дека се работи за глупав човек. Ако е обратно, се работи за просечен човек. А добри луѓе, како што е познато - нема.