СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст
Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски страдалник се крунисувам! Он се крштева, а јас скверноста ја симнувам од себе! На Него Духот Свет се симнува, а мене ми се дава опростување на гревовите! За Него Отецот сведочи дека Му е Син возљубен, а јас постанувам син Божји поради Него! Нему небесата Му се отвараат, а јас влегувам во нив!