протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница
Aко треба да дадеме најкратка дефиниција и најверодостојна карактеристика за науката на Господ Исус Христос и христијанството воопшто, треба да речеме дека тоа е љубов. Можат да се дадат и други дефиниции за христијанството дека е вера во троединиот Бог, вера во воплотениот Бог, вера во спасението на човековиот род, но сите овие дефиниции претпоставуваат љубов.