Обрезание Господово
Христологијата нè учи дека во Христовата Личност целосно се соединети Божјата и човечката природа. Христос е вистински човек, но и вистински Бог. Во Него, Божјата и човечката природа се проникнуваат неразделно, но и неслиено. Ова е догматот со кој е заклучен Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон. Доколку не беше вака, доколку Христос би бил само Бог, а не и вистински човек, тогаш воплотувањето на Синот Божји и неговото појавување во светот ќе немаше смисла.