„Ете што се случува кога во нешто силно веруваш...“
И знаете што - секогаш кога го гледам, плачам за страданијата Исусови како прв пат да го гледам. Наивно и како дете. И не само за Исусовите туку за страданијата човечки воопшто. За она што човекот го има како потенцијал како Божјо чедо, а кое му е одземено, љубовта претепана, крилјата отсечени, она што има да го даде од себе за да го спаси светот - исмејано.