Ретроспектива (2005-2020): Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (16.03.2021)
Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме и од зли чувства и мисли. Нѐ поучи како да се смируваме во Божјата волја. Нѐ поучи да Му благодариме на Бог за сѐ, посебно за злото кое ни се случува; нѐ поучи како целиот наш живот да ни биде благодарење. Нѐ поучи дека, во секое искушение треба да ја бараме Божјата правда, а не човечката.