Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“
И по изгонувањето, сега човекот ја живее општата состојба на падот и сето она што ја карактеризира, а тоа се гордоста, расеаноста и затемнетоста. Сѐ уште е примамлива понудата, односно „можноста“ да се постане бог без Бога. Насилно да го придобие изгубениот рај и повторно да ги освои Небесата, градејќи кула вавилонска во безумен бунт против Бог.