Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Горан Трајкоски : ЗБОРОВИ, ЗБОРОВИ...
Тивко е и студено. Во очите и околу срцата.
Само беззаконието е живо, разиграно и „насмеано“ – сеприсутно и камуфлирано во одеждите на секојдневието. Повиено во пелените на навиките, закрилено со топлината на „традицијата“, запакувано во тренди амбалажата на модерноста и напредокот, и како такво е