Митрополит Европски Пимен – Беседа за св.Петнаесет
Зашто денес за многумина црквата не е место каде животот би го положиле за Христа, туку е место за бегање од искушенијата барајќи преку нашиот наемнички однос со Бога награда за принесените молитви и дарови, награда за сите испостени денови, за сите запалени свеќи. Наградата ја замислуваме во вид на среќа и заштита од искушенијата и многу лагоден живот во кој парите ни даваат привидна сигурност.