Создавањето на светот (духовниот и материјалниот) и потеклото на злото
Во првиот член од Символот на верата исповедаме: Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо. Според библиско-христијанското учење, светот не е вечен (не постои отсекогаш), ниту, пак, неговото постоење се должи на случајот. Светот е создаден од ништо од страна на Бог Творецот.