Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (07.07.2020)
Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се спротивстави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота, чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на сопствената волја. Требало Тој да се искачи, да го досегне нејзиниот врв и да биде воздигнат на прославениот и за демоните страшен Крст, да го покаже совршеното и апсолутно послушание...